село во Леринско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Лажени (грчки: Μεσονήσι, Месониси; до 1926 г. Λάζενη, Лазени[2]) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Лерин на истоимениот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 198 жители (2011). Во селото и денес живеат исклучиво Македонци.[3]
Лажени Μεσονήσι | |
---|---|
Координати: 40°47.30′N 21°27.46′E | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Лерински |
Општина | Лерин |
Општ. единица | Лерин |
Надм. вис. | м | 620
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 563 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Селото е сместено во Леринското Поле, меѓу Сакулева Река (Леринска) и Менска Река,[3] 6 км источно од градот Лерин.
Во XIX век Лажени било чисто македонско село во Леринската каза. Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович („Очерк путешествия по Европейской Турции“) го води Лежини како македонско село.[4][5] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Лајени (Layéni) било село до 80 домаќинства со 200 жители Македонци.[6][7] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Лажени имало 200 жители, сите Македонци.[6][8] На почетокот на XX век целото село потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Лажени (Lajani) имало 336 жители под врховенството на Цариградската патријаршија и во него работело грчко училиште.[9]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Лажен се води како чисто македонско село во Леринската каза на Битолскиот санџак со 65 куќи.[10]
По Балканските војни, со потпишувањето на Букурешкиот договор Лажени во 1913 г. е припоено кон Грција. Во 1926 селото е преименувано во Месониси.[11] Во 1920 г. селото имало само 131 жител,[3] но нивниот број се зголемил на 189 во 1928 и 328 во 1940 г.
Лажени не настрадало во Грчката граѓанска војна, и затоа во 1951 г. имало 336 жители.[3] Сепак, во 1961 г. нивната бројност опаднала на 256, а во 1971 г. на само 139 жители. Следниот период бележи извесен опоравок на бројноста, со 276 во 1981 и 288 лица 1991 г. иако населението било помалубројно, бидејќи таа година кон него се вбројани и жителите на градската населба Ж. Станица Лерин[3] На пописот во 2001 г. Лажени имало 227, а на следниот од 2011 г. се смалило на 198 лица.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 328 | 336 | 256 | 139 | 276 | 228 | 227 | 198 |
Како некои од родови во селото според истражувањата од почетокот на XX век се забележуваат:[12]
Главни производи на Лажени се житото, тутунот, јагодите, вишните и јаболката.[3]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.