Лерин (округ)
округ во Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
округ во Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Лерин (грчки: Περιφερειακή ενότητα Φλώρινας) — округ во Егејска Македонија, денес Грција. Се наоѓа во северозападниот дел на областа Западна Македонија. Административен центар е градот Лерин.
Лерин Περιφερειακή ενότητα Φλώρινας | |
---|---|
Округ | |
Општини во Лерин | |
Лерин во рамките на Грција | |
Координати: 40°45′N 21°25′E | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Админ. центар | Лерин |
Површина | |
• Вкупна | 1.924 км2 (743 ми2) |
Население (2021) | |
• Вкупно | 48.464 |
• Густина | 25/км2 (65/ми2) |
Пошт. бр. | 53x xx |
Пов. бр. | 238x0, 246x0 |
ISO 3166 | GR-63 |
Рег. таб. | ΡΑ |
Мреж. место | florina.gr |
Во овој округ се смета дека живеат голем број Македонци, а според партијата „Виножито“ тие претставуваат 75 % од вкупното население.[1]
Се граничи со окрузите Постол на исток, Кожани на југ, Костур на југозапад, Албанија (окрузите Девол и Горица) на запад, Преспанското Езеро на северозапад и Република Македонија (општините Битола и Ресен) на север. Реката Бистрица тече на југозапад.
Поголеми планини во округот се планините Нередска Планина (2.128 м) на југозапад, Баба (2.117 м) и Ниџе (2.524 м) на североисток.
Бидејќи нема официјален попис за тоа колку Македонци живеат во овој округ, кога ќе споредиме некои историски податоци и денешни статистики, се доаѓа до одредена проценка. Така, во овој округ Македонците живеат во околу 70 населени места и сочинуваат околу 69% од вкупното население, па според последниот попис тоа се приближно 35.500 Македонци.
Земјоделството е една од главните стопански гранки во округот. Главните производствени гранки се пиперки и праски.
Низ округот минуваат следниве патни и железнички сообраќајници:
Округот Лерин се дели на 3 општини. Тие се следниве (означени со бројки во инфокутијата)::[2]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.