From Wikipedia, the free encyclopedia
Виножито (грчки: Ουράνιο Τόξο, Ouránio Tóxo) — политичка партија на Македонците во Егејска Македонија.[1]
Виножито | |
---|---|
Водач | Секретаријат |
Основана | 8 септември, 1995 година |
Штаб | Стефано Драгоуми 11, 53100, Лерин, Егејска Македонија, Грција |
Идеологија | демократија |
Полит. положба | Заштита на правата на Македонците во Грција. |
Европска припадност | Европска слободна алијанса |
Бои | ѕуница |
Мрежно место | |
http://www.florina.org | |
Политика на Грција Политички партии Избори |
Оформена е на 8 септември 1995 година, во Лерин.[1][2][3] Виножито не се смета себеси за сепаратистичка партија, тврдење кое го застапува грчката влада[се бара извор]. Седиштето на партијата е во градот Лерин. Виножито е членка на Европската слободна алијанса, а од 2022 е членка и на ФУЕН (Федерација на европските националности).[3]
Партијата и нејзините активисти се осудувани, нивните партиски канцеларии се опожарувани и ограбувани[4]. Тие се под постојан напад и притисок од страна на грчките медиуми[4].
Европскиот суд за човекови права донесе пресуда според која Грчката влада е виновна за прекршување на Европската конвенција за човекови права во однос на политичката партија. Судот и наложи на Грчката влада да и исплати на партијата компензација на износ од €35.000, кои организацијата Виножито ги искористи за повторно издавање на Букварот (Абецедарот) на македонски јазик, направен од грчката влада уште во 1925 година, под притисок на Лигата на народите, кој беше успешно претставен во Солун и Атина кон крајот на 2006 година со голема поддршка на Македонците од Егејска Македонија и голем број на грчки интелектуалци.[5]
Во своето учество на изборите, Виножито ги покажала следниве резултати:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.