From Wikipedia, the free encyclopedia
Копра | |
---|---|
Илустрациа од 1885 година[1] | |
Научна класификација [ у ] | |
Непознат таксон (попр): | Anethum |
Вид: | Копра |
Научен назив | |
Anethum graveolens L. | |
Синоними[2] | |
Synonymy
|
Копар или мирудија (науч. Anethum graveolens) — едногодишно растение со краткотраен живот, кое се користи како зачин и како дел од некои лекови. Уште старите Римјани сметале дека копaрот има мистериозна, чудесна моќ. Старите Грци ја гореле за да добијат ароматично масло од копaр. Гладијаторите често добивале вкусна храна со копaр за да бидат силни и издржливи. Во древниот Вавилон копaрот служел како лек. Голема популарност копарот добил во текот на 16 век во Фиренца и Болоња за време на Катерина Медичи. Копарот бил користен и како составен дел во подготовката на љубовен напиток, а исто така и во спречувањето на црна магија.
Свежиот копар има силна арома и слатка, зачинета арома. Ги подобрува салатите, млечните и мајонезните сосови и сирењата. Се користи при подготовка на кисели краставички, стерилизирани краставици, таратор. Тој е погоден за зачинување на риба, јадења од зеленчук (тиквички, свеж компир, боранија, зелка), на лиснати супи. За Швеѓаните, копарот е национален зачин.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.