From Wikipedia, the free encyclopedia
Еколошка генетика ― гранка на генетиката која ги проучува природните населенија. Одликите во населението може да бидат набљудувани и квантифицирани за да претставуваат вид кој се прилагодува на променливата средина.
Ова е во спротивност со класичната генетика, која работи најмногу на вкрстувања помеѓу лабораториски соеви и анализа на секвенца на ДНК, која ги проучува гените на молекуларно ниво.
Истражувањата во оваа област се однесуваат на особини од еколошко значење - односно особини поврзани со приспособната вредност, кои влијаат на опстанокот и размножувањето на организмот. Примерите може да бидат: време на цветање, толеранција на суша, полиморфизам, мимикрија и избегнување на напади од грабливци.
Еколошката генетика е особено корисна алатка при проучување на загрозените видови.[1] Мета-баркодирањето и еДНК се користени за испитување на биоразновидноста на видовите во екосистемот.[2]
Истражувањето обично вклучува мешавина од теренски и лабораториски студии.[3] Примероците од природните населенија може да бидат однесени во лабораторија за да бидат анализирани нивните генетски варијации. Ќе бидат забележани промени во населенијата во различни времиња и места, а ќе се проучува и моделот на смртност кај овие населенија. Истражувањата често се прават на инсекти и други организми како што се микробните заедници, кои имаат кратко време на создавање.[4]
Иако претходно се работело на природните населенија, се признава дека областа е основана од британскиот биолог Е.Б. Форд (1901–1988) на почетокот на 20 век. На Форд му било предавано генетика на Оксфордскиот универзитет од страна на Џулијан Хаксли и започнал со истражување за генетиката на природните населенија во 1924 година. Форд исто така имал долг работен однос со Роналд Фишер. До моментот кога Форд ја развил својата формална дефиниција за генетски полиморфизам,[5][6] Фишер се навикнал на високите вредности на природната селекција во природата. Ова било еден од главните резултати од истражувањето на природните населенија. Магнум опусот на Форд било делото Еколошка генетика (Ecological genetics), која имала четири изданија и имаше големо влијание.[7]
Други значајни еколошки генетичари би го вклучиле Теодосиј Добжански кој работел на хромозомскиот полиморфизам кај овошните мушички. Како млад истражувач во Русија, Добжански бил под влијание на Сергеј Четвериков, кој исто така заслужува да биде запаметен како основач на генетиката во оваа област, иако неговото значење не беше ценето до многу подоцна. Добжански и неговите колеги спровеле студии за природните населенија на видовите Drosophila во западниот дел на Соединетите Држави и Мексико во текот на многу години.[8][9][10]
Филип Шепард, Сирил Кларк, Бернард Кетлвел и Артур Кејн сите биле под силно влијание на Форд; нивните кариери датираат од ерата по Втората светска војна. Збирно, нивната работа кон пеперугите и на човечките крвни групи, го воспостави полето и фрли светлина врз селекцијата кај природните населенија каде што некогаш било сомневано во нејзината улога.
Работата од овој вид има потреба од долгорочно финансирање, како и основа и во екологијата и во генетиката. И двете се тешки барања. Истражувачките проекти може да траат подолго од кариерата на истражувачот; на пример, истражувањето за мимикријата започнало пред 150 години и сè уште трае силно.[11][12] Финансирањето на овој вид истражување сè уште е прилично непредвидливо, но барем вредноста на работата со природните населенија на терен сега не може да се сомнева.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.