село во Општина Градско From Wikipedia, the free encyclopedia
Грнчиште — село во Општина Градско, во велешкиот крај.
Селото е сместено во областа Клепа, северозападно од општинското седиште Градско.
Подрачјето на селото е населено уште од бронзено време, за што сведочи наоѓалиштето Лака на 2 км северозападно од Грнчиште.[2]
Во XIX век Грнчиште било македонско-турско село во Велешката каза (нахија Клепа). Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото имало 65 домаќинства, од кои 80 жители муслимани и 198 жители Македонци.[3][4]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Грнчишта имало 680 жители, од кои 400 Македонци христијани и 280 Турци.[3][5]
На почетокот на XX век жителите на селото потпаднале под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Гринчишта (Grintchichta) имало 424 Македонци под егзархијата[3] и во него работело бугарско училиште.[6]
На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го покажува Грнчишта (Grnčišta) како мешано село, сочинето од Македонци христијани и Македонци-муслимани.[7]
Селото било срамнето со земја при Валандовскиот земјотрес во 1931 година.[8]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 200 Турци и 150 Македонци.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 5 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 680 | 424 | 307 | 253 | 202 | 102 | 40 | 18 | 7 | 1 | 5 |
Грнчиште е македонско село, а порано во селото имало и муслимани.
Според истражувањата од 1920-тите години, родови во Грнчиште биле:
Селото е опфатено во избирачкото место бр. 2225 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште во Виничани. Во избирачкото место се опфатени населените места: Грнчиште, Виничани, Скачинци.[15]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 526 гласачи.[16]
Од селото има иселеници во Турција. До 1924 година 7 семејства се иселиле, од Алимановци и Мутовци.[14]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.