англо-ирски астроном From Wikipedia, the free encyclopedia
Вилијам Парсонс, 3-тиот Ерл од Рос {англиски: William Parsons, 3rd Earl of Rosse; 17 јуни 1800 – 31 октомври 1867 ) — англиско-ирски астроном и изработувач на неколку телескопи.[1] Неговиот телескоп „Левајатан“, изграден во 1845 г., важел за најголем во светот сè до почетокот на XX век.[2] Од 1807 до 1841 г. го носел звањето Барон Оксмантон, по што ја наследил ерловската титула од татка си и бил познат како Лордот Рос.
Вилијам Парсонс William Parsons, 3rd Earl of Rosse | |
---|---|
William Parsons, 3rd Earl of Rosse | |
Роден(а) | 17 јуни 1800 Јорк, Англија |
Починал(а) | 31 октомври 1867 67) Монкстаун, Ирска | (возр.
Полиња | астрономија |
Познат по | телескоп |
Поважни награди | Кралски медал (1851) |
Парсонс е роден во градот Јорк, Англија. Образованието го стекнал на колеџот Тринити при Даблинскиот универзитет, а потоа на колеџот Модлин при Оксфордскиот универзитет, дипломирајќи математика во 1822 г со највисоки оценки. Со смртта на татко му Лоренс во 1841 г. Парсонс ја наследил благородничката титула ерл и голем посед во грофовијата Кингс (денес Офали), Ирска.
Во 1836 г. се оженил и потоа имал 13 деца, од кои само четири доживеале полнолетство.[3]
Покрај интересот за астрономијата, Парсонс бил пратеник во Британскиот парламент за грофовијата Кингс од (1821-1834) г., претседател на Британското научно здружение (1843–1844)[4], член на Домот на лордовите (од 1845), претседател на Кралското друштво (1848–1854) и канцелар на универзитетскиот колеџ Тринити во Даблин (1862–1867).
Во текот на 40-тите години на XIX век, Парсонс го изградил 1,83-метарскиот (во отворот) телескоп „Левијатан“ кај Бирскиот замок, Парсонстаун (Бир) во грофовијата Офали, како замена за дотогашниот 91-стантиметарски , исто така негово дело. Во текот на изградбата на „Левијатан“, Парсонс морал да смисли сосема нови начини на изработка, не само поради дотогаш невидената големина, туку и бидејќи дотогашните конструктори ги чувале нивните методи во тајност или едноставно не ги објавувале. Во 1844 г. Парсонс се обратил на Белфастското природонаучно друштво, обзнанувајќи ги поединостите од изработката на тритонското огледало на телескопот — металот од кој е направено, како и методите на леење, брусење и мазнење.[5] Парсоновиот телескоп се сметал за чудесно техничко и архитектонско достигнување, а сликите од него кружеле низ целата Британска Империја. Рабптата на „Левијатан“ започнала во 1842 г., а телескопот почнал да се користи во 1845 г., иако не бил пуштен во редовна употреба до 1847 г. поради Големиот глад во Ирска. „Левијатан“ важел за најголемиот телескоп во светот (по пречникот на отворот) сè до почетокот на XX век. Со него Парсонс забележал и завел голем број маглини, меѓу нив и такви за кои подоцна е утврдено дека се галаксии.
Користејќи се со телескопот, Парсонс спровел истражувања со кои ја открил спиралната природа на некои маглини, кои денес се познати како спирални галаксии. Најпознато меѓу овие откритија е објектот M51 кој го нарекол „Вител“.
Парсонс е кум на Раковидната Маглина (M51/NGC 1952), која ја нацртал во облик на ова животно според набљудувањата со постариот 91-сантиметарски телескоп. Неколку години подицна, Парсонс ја набљудувал истата со 1,8-метарскиот телескоп и овојпат направил многу поточен цртеж, кој изгледал доста поразлично, но сепак првичното име продолжило да се користи и понатаму.
Главен поттик на Парсонс во истражувањето на маглините претставувал обидот за разрешување на маглинската хипотеза, која претполага дека планетите и ѕвездите се образуваат со гравитација која делува врз гасовити маглини. Самиот Парсонс не верувал дека маглините се гасовити, туку од ѕвездена природа, т.е. дека се составени од ситни ѕвезди кои највеќето телескопи не може да ги раздели поединечно. Во 1845 г. Парсонс и неговите техничари објавиле дека добиле јасна (разделена) слика од поединечните ѕвезди од кои е сочинета маглината Орион со помош на „Левијатан“. Ова тврдење имало големи космолошки и филозофски импликации, поради големата тековна расправа дали вселената се развивала или пак е создадена каква што е. Маглената хипотеза одела во полза на првото мислење, додека пак Парсоновиот став одел во полза на второто. Најголемиот научен противник на Парсонс бил Џон Хершел, чии наоди од сопствените инструменти укажувале дека Орион е вистинска маглина (гасна, а не ѕвездена). Обајцата тврделе дека инструментите на противникот „не чинат“, но ниеден од нив не произлегол со доволно убедливи научни докази во полза на неговото тврдење, па проблемот останал нерешен. Конечниот заклучок за гасната природа на маглините дошол дури подоцна, со спектроскопските наоди на Вилијам Хагинс.
Во 1878 г. синот на Парсонс ги објавил татковите откритија во билтенот на Кралското даблинско друштво, вклучувајќи 226 објекти од Новиот општ каталог или NGC)[6]
Во својот работен век, Парсонс изработил различни рефлекторски телескопи.[2] со параболични огледала од лиен метал.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.