From Wikipedia, the free encyclopedia
Букајо Ајојинка ТМ Сака[4] (роден на 5 септември 2001 година) е англиски фудбалер, бек или крило на Арсенал и на англиската репрезентација.
Букајо Сака | |||
---|---|---|---|
Сака во 2020 година | |||
Лични податоци | |||
Роден на | 5 септември 2001[1] | ||
Роден во | Илинг, Англија | ||
Висина | м[2] | 1,78||
Позиција | бек, крило[3] | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Арсенал | ||
Број | 7 | ||
Младинска кариера | |||
–2018 | Арсенал | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2018– | Арсенал | 42 | (4) |
Репрезентација ‡ | |||
2017 | Англија 16 | 2 | (1) |
2017–2018 | Англија 17 | 9 | (0) |
2018– | Англија 18 | 5 | (1) |
2018– | Англија 19 | 10 | (4) |
2020– | Англија 21 | 1 | (0) |
2020– | Англија | 4 | (0) |
Сака е роден во Илинг, Голем Лондон од нигериски родители,[5] кои емигрирале во Лондон како економски мигранти од Нигерија.[6]
Сака е роден во Илинг, Голем Лондон,[7] и се школувал во основното училиште Едвард Бетам Кофе[8] пред средното училиште во Гринфорд .[9] Тој ја започнал својата кариера со академијата на Арсенал, Хејл Енд.[10] Откако наполнил 17 години, Сака добил професионален договор од Арсенал и се промовирал во тимот до 23 години.
На 29 ноември 2018 година, Сака го направил своето деби за сениорски натпревар во дресот на Арсенал на нивниот натпревар во Лигата на Европа против Ворскла Полтава. Тој го заменил за Арон Рамзи во 68 минута.[11] На 13 декември 2018 година, Сака го направи своето прво целосно деби на домашен терен за Арсенал на нивниот натпревар против Карабак во Лигата на Европа. На 1 јануари 2019 година, Сака дебитираше во Премиер лигата во победата од 4-1 против Фулам откако влезе во игра за Алекс Ивоби во 83-та минута.[12] Сака го постигна својот прв погодок за сениори на 19 септември, со одличен напор од далечина до аголот на гостувањето кај германскиот Ајнтрахт Франкфурт во Лигата на Европа на УЕФА . Тој го заврши мечот со две асистенции, исто така, на своето име во победата од 3-0.[13] Сака бил награден за неговите перформанси во Германија со својот прв старт во Премиер лигата, во победата над Астон Вила од 3-2. Потоа, тој забележал асистенција за Пјер-Емерик Обамејанг, за израмнувачкиот гол во ремито 1-1 на Олд Трафорд против Манчестер Јунајтед.
По повредите на Сеад Колашинац и Киеран Тирни, Сака започнал да се промовира како првотимец во Арсенал на позицијата лев бек. На 27 јануари 2020 година, тој го постигнал воведниот гол во победата на Арсенал со 2-1 против Борнмут во четвртото коло од ФА купот, откако ја завршил акцијата составена од 22 додавања; подоцна во истиот натпревар тој забележал и асистенција за вториот погодок, кој го реализирал Еди Нкетија. Неговиот погодок подоцна бил избран за гол на рундата од страна на Би-Би-Си.[14] По двонеделна пауза во средината на сезоната, Сака го одбележал своето враќање на терен на гостувањето кај Њукасл Јунајтед бележијќи асистенција за голот на Никола Пепе.[15] Потоа му асистирал и на Александар Лаказет забележувајќи ја својата деветта асистенција во сезоната во победата со 1-0 над Олимпијакос во Лига Европа. Три дена подоцна, во победата со 3-2 над Евертон, Сака забележал нова асистенција, во трет натпревар едноподруго, стигајќи до двоцифрен број асистенции за сезоната (10) откако го наместил првиот гол на топџиите во натпреварот кој го постигнал Нкетија.
На 1 јули 2020 година, Сака потпишал нов долгорочен договор со Арсенал.[16] Менаџерот Микел Артета го пофалил Сака и рекол: „Мислам дека тој ја претставува секоја вредност за која се залага овој фудбалски клуб. Тој дојде преку академијата и ја заслужи својата почит со напорна работа и отчетност и можете да ја видите прогресијата што ја има како играч, но и како личност.“[17] Тој го постигнал својот прв гол во Премиер лигата во својата кариера против Вулверхемптон Вондерерс, совладувајќи го голманот Руи Патрисио со еден полуволеј удар, во победата на Арсенал со 2-0.[18] Иако останал неискористена замена во финалето на ФА Купот 2019-2020, тој го освоил својот прв трофеј во кариерата благодарение на победата на Арсенал над Челси со 2-1.[19] На крајот на сезоната, Сака завршил на третото место по бројот на гласовите во изборот за наградата Играч на сезоната на Арсенал.[20]
Иако има нигериско потекло,[21] Сака ја претставувал земјата во која што е роден - Англија во неколку младински нивоа: под 16 години, под 17 години,[22] до 18 години,[23] под 19 години и под 21 година.[24]
Во мај 2018 година, Сака бил вклучен во составот на Англија до 17 години, бидејќи тие биле домаќини на Европското првенство до 17 години на УЕФА.[25] Домаќините беа елиминирани од Холандија во полуфиналната фаза по изведувањето на пенали, иако Сака го постигна својот удар од точка.[26]
Во септември 2018 година, Сака го постигнал победничкиот гол за селекцијата на Англија до 18 години на гостувањето против Франција.[23] Во ноември 2018 година, Сака прв пат бил повикан во тимот на Англија до 19 години.[27] Тој постигнал гол на дебито во квалификацискиот натпревар против Молдавија.[28]
На 4 септември 2020 година, Сака дебитираше за Англија до 21 година при победата од 6-0 на гостувањето кај Косово.[29]
На 1 октомври 2020 година, Сака за првпат бил повикан во сениорскиот состав на Англија,[30] а своето деби го имал во победата над Велс со 3-0 играјќи како стартер.[31]
Во јуни 2021 година, бил повикан во репрезентацијата меѓу 26-те играчи избрани за Европското првенство 2020.
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Англија | ||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Дата | Град | Домашни | Резултат | Гости | Натпреварување | Голови | Инфо | Детали |
8-10-2020 | Лондон | Англија | 3 – 0 | Велс | Пријателска | - | 76' | |
12-11-2020 | Лондон | Англија | 3 – 0 | Ирска | Пријателска | - | ||
15-11-2020 | Брисел | Белгија | 2 – 0 | Англија | УЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза | - | 38' | |
18-11-2020 | Лондон | Англија | 4 – 0 | Исланд | УЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза | - | ||
2-6-2021 | Мидлсбро | Англија | 1 – 0 | Австрија | Пријателска | 1 | ||
22-6-2021 | Лондон | Чешка | 0 – 1 | Англија | Евро 2020 - Прво фаза | - | 84' | |
Вкупно | Настапи | 6 | Голови | 1 |
Статистика е ажурирана на 15 април 2021.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.