From Wikipedia, the free encyclopedia
Браќата Лимиер (француски изговор: [lymjɛːʁ]) brothers, Огист Мари Луј Никола [oɡyst maʁi lwi nikɔla] (19 октомври 1862, Безансон, France – 10 април 1954, Лион) и Луј Жан [lwi ʒɑ̃] (5 октомври 1864, Безансон, Франција – 6 јуни 1948, Бандол),[1][2] биле меѓу првите режисери во историјата Тие во 1895 патентирале нивна верзија на подобрениот кинематограф претходно патентиран од страна на Леон Гијом Були во 1892[3], кој за разлика од кинетоскопот на Томас Едисон овозможувал симултано гледање од повеќемина.
Браќата Огист и Луј Лимиер | |
---|---|
Изумители на филмот | |
Роден(а) |
Безансон, Франција |
Починал(а) |
|
Почивалиште | New Guillotière Cemetery (location A6) |
Алма матер | Ла Мартиниер Лионг |
Занимање |
|
Родители |
|
Награди | Медал Елиот Кресон (1909) |
Браќата Огист и Луј Лимиер се родени во Безансон,во Франција, во семејство кое се занимавало со фотографија, па уште од мали имале склоност за развој во таа насока. Браќата студирале природни науки, Огист, хемија, а Луј, физика, па поради тоа добро се надополнувале. Огист на прво место ја ставал хемијата, а Луј техниката на снимање.
Во татковата фабрика темелно ги совладале лабораториските процеси, а во 1894 година се запознале со Едисоновиот кинетоскоп, таканаречен „кино за еден гледач“, па решиле да го усовршат. Тие сакале подвижните слики да ги прикажат на што е можно поголем број гледачи и да постигнат комерцијален успех. Разгледувајќи ги трудовите на своите претходници, Луј дошол до сопствени сознанија, па по негови упатства Моисон, главниот механичар во нивната фабрика за фотоапарати, ја направил првата филмска камера.
Од Едисон ја преземал лентата од 35 мм. но ги користел и знаењата од белгискиот научник Жозеф Плато па брзината на снимањето ја намалил на 16 сликички во секунда, бидејќи сфатил дека, всушност толку сликички е потребно во секунда за во човековото око за да се произведе ефект на природно движење. Пронајдокот на браќата Лимиер не служел само за снимање, туку и за копирање материјали и проекции и претставува голем напредок во развојот на кинематографијата со тоа што сега можеле повеќе луѓе да гледаат филмови додека кинетоскопот бил ограничен на само една личност.
Браќата својот изум го патентирале на 13 февруари 1895 година[4], а првиот филм Излегувањето на работниците од фабриката Лимиер прикажан е со цел демонстрација на изумот на 22 март 1895 година на конференцијата за унапредување на фотографската индустрија во Франција пред публика која броела 200 луѓе.
На 28 декември 1895 година во Салон Индиен де Гранд Кафе во Париз тие приредиле комерцијална кинопродукција[5] која се смета за прва таква во историјата. Тогаш во индискиот салон во придружба на пијанист се прикажале десет кратки филмови, вклучително нивниот прв филм Излегувањето од фабриките Лимиер во Лион (фр. Sortie des Usines Lumière à Lyon) .[6].
Луј Лимиер тие филмови ги снимил така што ја зајакнал нивната реалистичност. Глетката на која воз влегува на станица во филмот Пристигнување на воз на станица (фр. L'Arrivée d'un train en gare de La Ciotat) бил толку силен и впечатлив што некои гледачи избегале мислејќи дека, возот ќе ги прегази. На првата проекција присуствувале 120 гледачи, а должината на прикажаните филмови не преминувала една минута ( толку материјали можело да се снимат на касета која содржела 17 метри целулоидна филмска лента).
Првобитен назив на уредот бил кинетоскоп за проекција (Cinetoscope de projection), но, уредот бил брзо преименуван во кинематограф (Cinematographe) за да не се меша со Едисоновиот кинетоскоп.
Етимологијата на зборот кинематограф доаѓа од грчкиот израз κίνημα / kínēma што значи „движење“ и γράφειν / gráphein, „пишување“. Машината била практична, лесна и лесно пренослива, па набрзо стекнала голема популарност. До јануари 1896 година веќе биле произведени околу двесте такви уреди. Благодарение на фотографското искуство, Луј сите филмови внимателно ги изработил, водејќи сметка за композицијата, кадрирањето и светлото. Сликите од животот ги сликал со фиксирана, статична камера, а често користел и метод на „скриена камера“, потпирајќи се на глумци, декор, костими и шминка, па со таквиот пристап ги поставил темелите на документарниот филм. Со филмот Пристигнување на возот на станица ги содржи сите филмски планови, а снимателите ги познавале и наједноставните форми на монтажа.
Браќата Лимиер станале професионални сниматели низ целиот свет, не само за да го претстават кинематографот, туку и да снимат сцени од славни места. Некои од нив заслужни се за откривање на разни снимателски постапки, особено е важно е Промиовото искуство за возењето на камерата. Враќањето на филмската лента наназад во филмот Рушење на ѕидот започнува времето на филмските трикови (срушен ѕид со таа постапка се враќа во својот првобитен изглед).
Браќата Лимиер не можеле да се прилагодат на брзината и експанзивност развој на филмската техника и не знаеле да ја ускладат својата работа со желбите на публиката која веќе по година и пол фасцинираност од документарните филмски искази фасцинацијата ја заменила со фикцијата и апстрактните приказни.
Бидејќи публиката го загубила интересот за кратки репортажни филмови снимени без духовитост, браќата се откажале од снимањето филмови и работа на тоа подрачје го препуштиле на други. Огист се посветил на медицината, а Луј продолжил да се занимава со истражување на подрачјето на релјефните платна, бои и широкото платно. 1919 година бил избран за член на Француската академија, 1946 година на француската кинотека и доверил околу 1800 свои филмови, од кои 60 од нив сам ги режирал.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.