Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Фотографијата денеска е составен дел од животот до таа мерка што просечна личност во една развиена западна земја се среќава со повеќе од 1000 фотографии во текот на денот.Фотографиите ги чуваат личните сеќавања (семејни фотографии) и не информираат за јавните настани (новинска фотографија).Тие претставуваат средство за идентификација (фотографии за лични документи како пасош,возачка дозвола и сл.) и гламуризација (портрети на филмски ѕвезди); ни ги наближуваат далечните и егзотични места на планетата (патувачка фотографија); вселената (астрална фотографија); како и микроскопски сцени внатре во човечкото тело (медицинска и научна фотографија). Многу специјализирани комерцијални категории вклучувајќи модна, рекламна и архитектонска фотографија исто така спаѓаат под широкиот чадор кој ја дефинира функцијата на фотографијата во денешното општество. Улогата на фотографијата во визуелните уметности била предмет на многубројни дебати. Од самиот почеток фотоапаратот бил сметан како конкурент на сликарската четка. Неговата способност без многу напор да регистрира и репродуцира тонови, детали и перспектива дефинитивно има ставено крај на одредени сликарски форми, како на пример минијатурните портрети. Денеска на широко се верува дека фотографијата влијаела врз сликарите да го напуштат реалистичното прикажуваъе и да се свртат кон интерпретативни и апстрактни стилови како импресионизмот, експресионизмот и кубизмот. Во основа фотографијата се смета за модерна уменост поради нејзиното доцно појавување и употребата на апарат кој пак е резултат на технологијата. Денеска сме сведоци на сè поголем број на уметници кои го напуштаат сликарството и се ориентираат кон фотографијата како изразено средство или во најмала рака комбинираат сликарство со фотографија. Зборот фотографија доаѓа од двата грчки збора "ФОС"(светлина) и "ГРАФОС"(со значење пишуваъе или цртање со светлината). Фотографијата е метод на изработка на трајни слики по пат на хемиска реакција која настанува кога светлината ќе допре до специјално припремена површина. Нејзиното откривање се случило во текот на првите три декади од 19 век како директна последица на напредокот во хемијата и оптиката. Станува збор за два посебни научни процеса кои кога биле комбинирани го овозможиле постоењето на фотографијата. Помалку е и чудно што фотографијата не била пронајдена и порано затоа што овие два процеса одвоено биле веќе познати, но дури откако биле искомбинирани во едно, фотографијата била откриена. Првиот од овие два процеса е оптички и се нарекува камера опскура (што во превод значи темна соба). Камерата опскура се состоела од затворена кутија со многу мал отвор на едната страна и стаклена плоча на другата страна.Вториот процес за пронаоѓање на фотографијата бил хемиски.[1]
1826:Првата фотографија Францускиот пронаоѓач Жосеф Нисефор Нипс користи камера опскура за да ја направи првата позната фотографија. Процесот се нарекува "Хелиографија". 1839:Прва фотографија на човек Во почетокот на 1839 година Дагер фотографира Париска улична сцена од својот прозорец користејќи Камера опскура и неговиот изум дагеротипија. Долгата експозиција од неколку минути значи дека движечките објекти како пешаци и кочии не се гледаат на фотографијата.Но, неидентификуван човек кој стои доволно долго додека му ги чистат чевлите станал првиот фотографиран човек. 1847:Први воени фотографии За време на Мексиканско-американската војна, дагеротипистот Чарлс Бетс ја следи Американската армија во Веракрус, Мексико и според огласот се нуди да ги фотографира мртвите и ранетите. Но првиот официјален фотограф е Роџер Фентон кој е испратен од Британската влада да ја фотографира Кримската војна. Во периодот од 1855-1856 направил околу 350 фотографии, главно портрети. 1861:Првата колор фотографија Влијателниот шкотски физичар Џејмс Максвел создал колор фотографија со мешање на трите основни бои- црвената, сината и жолтата. Неговата колор фотографија ја докажала ефикасноста на тробојниот метод кој дотогаш бил само теорија. 1878:Првите фотографии во акција Англискиот фотограф Едвар Мејбрич, користејќи нови емулзии кои дозволувале речиси инстантни фотографии, започнал да фотографира секвенци кои прикажуваат луѓе и животни во движење. Серија на галопирачки коњ, создадена со помош на 12 камери помогнала да се смири дискусијата околу тоа дали коњите ги креваат сите 4 копита при галоирање.Со тоа фотографијата се промовира како алатка за проучуваъе на движењето. 1888:Првиот масовно производен фотоапарат Со паролата "Вие притиснете го копчето, а ние ќе направиме се друго " Кодак го промовира својот прв масовно произведен фотоапарат. Направен од дрво со димензии од 17*10 см, експозиција од 1/25 сек. и филм од 100 пози, по завршување на филмот се праќал назад кај производителот кој го развивал филмот, правел копии, го полнел апаратот со нов филм И му го вракал на сопственикот. 1889:Првата фотографија објавена од Натионал Геограпхиц Првата фотографија објавена во овој познат часопис е од релјефна карта на Северна Америка. А првата фотографија од природна сцена е од островот Хералд на Арктикот фотографиран од брод и објавена во мартовскиот број од 1890 година. 1962:Првата подводна фотографија во боја Биологот Вилијам Лонгли и фотографот на Натионал Географик Чарлс Мартин, користат аутохром колор техника и голема количина на експлозивен магнезиумски прашак за блиц осветлуваъе и во плитките води на коралниот гребен на Флорида ги прават првите подводни фотографии кои прикажуваат кои прикажуваат подводни сцени со риби. 1946:Првата фотографија снимена од вселената Истражувачите од оделот за применета физика на универзитетот Џон Хопкинс поставиле 35мм фотоапарат на германска Б-2 ракета и ја лансирале во вселената. Апаратот снимал по една фотографија на секоја секунда и пол додека ракетата се кревала на висина од 105км над површината над земјата.Апаратот паднал на земјата, но филмот затворен со челична кутија останал неуништен.Развиените црно-бели фотографии се првите кои ја прикажуваат нашата планета од вселената врамена во црниот универзум. 1991:Првиот дигитален фотоапарат Кодак го пушта во продажба првиот професионален фотоапарат.Оваа направа со екстремно висока цена користи тело од класичен апарат со сензор од 1,3 МП. Во следните 5 години неколку произведувачи на фотоапарати излегуваат со свои модели со попристапни цени, додека денеска пазарот е преплавен со стотици модели на фотоапарати.[2]
До пред дваесетина години терминот Аналогна фотографија не се користеше толку често како денеска. Постоеше само Фотографија. Но со појавувањето на дигиталната фотографија како нејзина спротивност терминот Аналогна фотографија влезе во се почеста употреба. Аналогна Фотографија подразбира фотографија која е заснована врз хемиски процеси и користи филм како медиум за снимаъе на фотографиите.Таа беше доминантна форма на фотографија во текот на историјата сè до скоро, кога дигиталната фотографија полека го презема приматот. Денеска аналогната фотографија е истисната од масовна употреба.Ја користат професионални фотографи, студенти, уметници и романтичари кои според нечии мислења не можат да се помират со технолошкиот напредок.Веќе неколку фабрики кои до скоро произведувале филмови и материјали за аналогна фотографија ги имаат затворено своите погони и отпуштено своите работници. Дебати на тема Дали аналогната фотографија е веќе мртва? Сè се поактуелни и многу чести. За некои филмот се поистоветува со винилните плочи, остатоци од една ера која полека изчезнува.За други, тука вклучувајќи и професионални фотографи квалитетот на аналогната фотографија е сѐ уште ненадминат од дигиталната фотографија. Квалитетот на сликата кој се постигнува со аналоген фотоапарат е многу висок и фотографиите се многу остри. На другата страна аргументите против аналогната фотографија се дека никогаш не знаеш што имаш сè додека не го развиеш филмот, изгребани негативи итн. Непобитен факт е дека аналогната фотографија бара и дозволува многу поинаков пристап за разлика од дигиталната фотографија. Аналогната фотографија ја карактеризира поголема рационалност во бројот на снимените пози, што резултира во односот квалитет над квантитет, додека леснотијата со која се прават дигиталните фотографии резултира во однос квантитет над квалитет. Кај аналогната фотографија се потенцира моментот на фотографирање за разлика од дигиталната фотографија каде голем акцент се става на моментот на прегледување на снимената фотографија што секако е резултат на можноста веднашда се прегледува снимениот материјал во самиот апарат.Ова поместување честопати го привлекува вниманието од самиот субјект и сцена која се фотографира. Гледано од финансиска страна во старт аналогната фотографија е поевтина. Цената на аналогните фотографии е пониска од таа на дигиталните но кога ќе се додаде трошокот за филмови и нивно развивање тогаш трошоците се изедначуваат. Како и да е, и покрај прогнозите дека аналогната фотографија е веќе мртва таа сепак сѐ уште зазема значајно место во фотографската индустрија. Можеби не уште за долго но заљубеници во филмот секогаш ќе има.[3]
Познато е дека во моментот кога ќе се притсне копчето на апаратот и ќе се слушне она толку познато "клик" фотографијата е направена. Но, во тој момент ништо не се познава на филмот. Сликата е таму но во тој момент е невидлива. Дури откако филмот ќе се изложи на низа хемиски влижанија сликата ќе се појави. Станува збор за стандардизирани постапки со веќе подготвени хемикалии (потребно е само нивно мешање со вода) кои се лесно изводливи и достапни дури на фотографите почетници. Првиот чекор за добиваъе на фотографија е развиваъе на филмот.Тоа се прави со течност која се нарекува развивач , хемикалија која ја претвора невидливата слика во видлива. Всушност развивачот реагира со сребрените халогениди со кои е покриена површината на филмот и таму каде што светлината допрела ќе ги претвори во темни делови составени од црно сребро, додека деловите каде што светлината не допрела остануваат светли, покриени со сребрени халогениди. Откако ќе помине низ развивач сликата на филмот е видлива, но ако се извади на дневна светлина во овој момент таа набрзо ќе потени под влијание на светлината. Затоа најпрво филмот треба да се стави во друга хемикалија, наречена прекинувач, кој го прекинува процесот на понатамошно развивање на филмот и веднаш потоа во фиксир (исто така течност) кој, како што кажува и самото име го фиксира филмот, односно го прави отпорен на светлина. Дури откако филмот ќе помине низ оваа последна фаза може да се извади на светлина и да се прегледа. На крајот останува уште само убаво да се измие под обична вода затоа што остатоци од фиксирот со тек на време може да предизвикаат оштетуваъа. Фактори кои влијаат на развивањето на филмот се температурата на хемикалите, времето на развивање и фиксирање како и свежината на употребените хемикалии. Овие фактори влијаат врз густината, контрастот, острината и деталите на развиениот филм. Исто така постојат различни типови на развивачи кои даваат различни резултати зависно од потребите и вкусот на фотографот. Развивањето на филмот се прави во таканаречена темна комора или фото лабораторија. Самото име темна комора не треба да се сфати буквално затоа што поголем дел од процесот на развиваъе се одвива под нормална светлина или при правењето фотографии под светло кое не ја оштетува фотографијата (најчесто црвено, портокалово, зелено). Најкритичен е делот кога филмот се префрла од апаратот во специјален сад за развиваъе. Тогаш мора да се внимава затоа што и најмалата светлина која влегува во просторијата може да го оштети неразвиениот филм. Затоа овој дел се прави во целосно зтемнета просторија. Како што беше спомнато погоре во текстот,развиениот филм претставува негатив на фотографирана сцена. Тоа значи на пример во црно-белата фотографија, светлите тонови во оригиналната сцена на филмот се темни, а темните обратно, светли. Постојат и таканаречени слајд филмови кај кои развиениот фил е позитив слика, исто како и оригиналната сцена но за сега ќе се задржиме на негатив филмот. За да се претвори во крајниот производ фотографски отпечаток негативот мора да се пренесе на хартија која ќе даде позитив и ќе ги врати оригиналните тонови од снимената сцена. За многу фотографи кои се занимаваат со уметничка фотографија овој дел е најинтересниот и најкреативниот. Одминувачката сцена која била заробена на филм и подоцна претворена во негатив, сега-се чини магично-се создава на површината на хартијата.Тука под жолтата или црвена светлина, слабите негативи можат да се спасат, а обичните фотографии да се преворат во нешто посебно.Во оваа фаза фотографот може да ја зголеми фотографијата, да го менува интезитетот на светлите и темни тонови, да го зголеми или намали контрастот, да исфрли делови од фотографијата и да додаде топли или ладни тонови.Физичкиот процес на правење на фотографии е сличен кај оној на развивање на филмот. Како и филмот и фотографската хартија од горната страна има емулзија осетлива на светлина составена од сребрени кристали. Постапката се состои од пуштање на светлината низ негативот врз хартијата, и тоа со директен контакт ( контактна копија ) или низ посебен копир-апарат со помош на објектив ( леќа ) за зголемување. Разликата помеѓу овие два пристапа е во тоа што контактната копија се прави само во оригиналната големина, додека со користење на копир-апарат големината на фотографијата може да се менува, да се зголемува повеќекратно или пак да се намалува. Откако ќе се осветли, хартијата се става во развивач каде набрзо,после неколку секунди, на површината на хартијата ќе почне да се формира сликата – за многумина, посебно кога се присуствува за првпат, момент на вистинска магија. По развивачот хартијата се става во прекинувач кој го сопира развивањето и потоа во фиксир кој ја фиксира фотографијата и ја прави отпорна на обична светлина. Потоа, фотографијата може да се изнесе на светлина. Важно е да се измие добро во вода бидејќи исто како и кај филмот фотографијата која не е добро измиена може да се оштети со тек на време. Teмпературата и времетраењето на развивањето и фиксирањето исто така играат улога, но не со толкава ригидна прецизност како при развиваъето на филмовите. Покрај различните типови на развивачи постојат и различни типови на фото хартија кои значително го менуваат крајниот резултат. Разликите се состојат во квалитетот на површината на хартијата ( сјајна, мат, полусјајна, и сл. ), како и составот на хартијата која може да биде пластична или картонска. Картонската хартија се смета поквалитетна и поадекватна за музејски или колекционерски изложувања, додека пластичната е поедноставна и полесна за работа и третирање, но го нема визуелниот квалитет на картонската хартија. Вредно е да спомене дека правењето на фотографии е многу субјективен процес каде фотографот може да се служи со низа манипулативни техники за да добие резултат кој е поблиску до личната уметничка визија отколку до реалната сцена која е фотографирана. Техничките способности се само алатка во служба на уметничките вкусови и преференции на фотографот.[4]
Фотограмот е вид на фотографија за чија изработка не е потребен фотоапарат. Како техника се користела 40-тина години пред пронаоѓањето на фотографијата, а се изработува по принцип на контакт отпечаток, на тој начин што врз фотографска хартија се поставуваат дво или три – димензионални објекти и потоа се осветлуваат со светилка на висина од околу 60 см. Зависно од транспарентноста на употребените предмети по развиваъето на хартијата на неа ќе останат силуети со различни тонови врз темна позадина. Иако крајно едноставен, фотограмот овозможува огромен креативем потенцијал за создавање на геометриски, графички, текстуални или наративни сцени врз хартијата. За изработка на фотограм потребна е темна просторија, црвено или жолто-портокалово светло на кое хартијата не е осетлива, хемикалии за развиваъе и фиксираъе на фото хартија, фото хартија, копир - апарат, или обично насочено бело светло и предмети кои ќе ја изградат содржината на фотограмот. Забелешка: Дво-димензионалните предмети(или исечоци од хартија) даваат појасна контура отколку три-димензионалните предмети. Потемните предмети резултираат во посветли силуети, а посветлите поради поголемата пропустливост, во потемни. Доколку се користат исечоци од хартија мора да се земе предвид дебелината и светлосната пропустливост на хартијата.Подебела хартија пр.картон, која не пропушта светлина дава целосно бели, неодветлени силуети.[5]
Концептот на првиот познат фотоапарат сѐ уште привлекува внимание, пред сè на фотографи кои се занимаваат со експериментална фотографија, како и студенти по фотографија. И ден денеска се изработубаат висококвалитетни камери опскура од дрвени кутии и квалитетни објективи кои се вистински колекционерски примероци.Но најинтересно за овој прв тип на фотоапарати е тоа што тој може да се направи рачно и многу едноставно од неколку предмети кои можат да се најдат во сечиј дом. Во вака направената камера опскура се става фотохартија или филм и може да се направат оригинални фотографии со многу специфични визуелни одлики. Поради отсуството на објектив фотографиите не се исклучително остри, но поради оптичките крактеристики на камерата овозможуваат еднаква острина на снимената сцена, од само неколку сантиметри во првиот план до бесконечност.
Сите фотоапарати во основа се слични и имаат иста конструкција. Составени се од затворено куќиште кое ја спречува светлината да влезе внатре. На едниот крај на куќиштето се става филм или некој друг материјал осетлив на светлина, а на другиот крај има отвор низ кој влегува светлината за да се направи експозиција. Поврзан со отворот е подвижен затворач кој ја регулира количината на светлината што влегува внатре во апаратот. Потребно е и да има и систем за гледање.Од наједноставната камера опскура па сè до најсовремениот професионален апарат овие основни делови се заеднички за сите.Разликите се во тоа колку добро и колку едноставно ја извршуваат својата работа, а тоа е да ја пренесат свртлината врз филмот и да создадат слика. Но со развојот на фотографијата и новите технолошки достигнувања се развиле најразлични видови на фотоапарати кои се користат за различни жанрови на фотографија, како и различни услови на фотографирање: документарна фотографија, студиска фотографија, портрети, пејзажи, рекламна фотографија модна,итн. Фотоапаратите можат да се поделат на неколку категории според форматот, односно величината на филмот и според конструкцијата. Според форматот апаратите се делат на: 35мм фотоапарат кој користи филм со димензии 24*36мм, па оттука и името. 35мм фотоапарат е најраспространетиот аналоген фотоапарат и наједноставен за употреба. Среден формат фотоапарат кој користи среден формат филм кој може да биде со димензии 6*6цм, 6*4,5цм, 6*7цм, или 6*9цм.Апаратите од среден формат се поголеми по димензија од 35мм фотоапаратот. Голем формат фотоапарат кој користи голем формат филм кој може да биде со димензии од 9*12цм па сè до 50*60цм. Овие фотоапарати се многу големи и тешки но за одредени видови фотографија кои бараат совршен квалитет се незаменливи. Според конструкцијата апаратите се делат на: СЛР или едноочни рефлексни фотоапарати кај кои сликата која се добива низ објективот е иста со таа што се гледа низ системот за гледање.Ова го овозможува огледалото поставено во куќиштето зад објективот, кое ја рефлектира сликата што влегува низ објективот во визирот. При снимаъето на фотографијата тоа се крева за да ја пропушти светлината. На тој начин се овозможува предцизна композиција и фокусирање што е предност на овој тип на фотоапарати. Негативната страна е нивната комплексна конструкција и гласна работа поради движењето на огледалото. Фотоапарат со барало е фотоапарат кај кој системот за гледање не го користи објективот па постои разлика помеѓу сликата што ја гледа објективот и сликата што се гледа низ системот за гледање. Оваа разлика е позната како паралакса и каж пософистицираните фотоапарати се корегира со посебна конструкција на системот за гледање и фокусирање. Предноста на фотоапаратите со барало е во нивната компактност и потивка работа од СЛР фотоапаратите, а нивната негативна страна што не се практични за употреба на подолги објективи. Двоочен рефлексен фотоапарат кој има два објектива поставени еден врз друг. Кај овие апарати огледалото е фиксно и затоа потребата од два објектива едниот за фотографирање, а другиот за гледање. Објективите се поврзани па кога едниот се фокусира и другиот автоматски се фокусира во исто време. Предноста на овој тип фотоапарати е во тоа што сликата се проектира врз поголемастаклена плоча, наместо во малиот визир, кожа може да се гледа и од горе и на тој начин овозможува полесен преглед на сцната пред апаратот. Нивната негативна страна е што проектираната слика врз стаклената плоча е превртена од лево кон десно па бара привикнување, а и објективите се неменливи. Фотоапарат за директно гледање кој е конструиран со мев како на армоника, кој на едниот крај има објектив а на другиот стаклена плоча на која се гледа директно проектираната слика од објективот. Предноста на овој тип на фотоапарати е во директната проекција на сликата од објективот така што фотографот го гледа точно она што и објективот, големиот екран за лесно фокусирање и можност за исправки на перспективата. Негативната страна е во неговата големина и тежина и во бледата слика проектирана врз екранот што бара од фотографот да се покрие со темно платно за да може убаво да ја види сликата. Дополнителна поделба на фотоапаратите може да се направи според начинот на фокусирање и тоа на мануелно или автоматско, а постојат и специјални категории на фотоапарати како полароид, пластични, камера опскура итн.[6]
И најсовршениот фотоапарат без добар фотограф зад него не може самиот да направи добра фотографија.Фотоапаратот е само алатка во рацете на фотографот, кој е главната креативна сила.Но, за да може фотографот да ја реализира својата визија задолжително е познавањето на своите алатки за работа.Затоа е многу корисно секој фотограф добро да ја познава опремата која ја користи, за да може да го искористи нејзиниот а и својот полн потенцијал. Основно е да се познаваат деловите на фотоапаратот и нивната функција.Во овој поглед постојат разлики меѓу различните типови на фотоапарати, но разликите се повеќе дизајнерски додека основните делови и нивните функции се карактеристични за сите фотоапарати. Секој фотоапарат се состои од тело или куќиште, кое во основа претставува темна, затворена кутија.Задниот дел од телото се нарекува грб кој се отвора со помош на отворачот кој се наоѓа на горната лева страна на телото или од страната на фотоапаратот.Доколку се наоѓа на горната лева страна отворачот на грбот во исто време служи и како премотувач на филмот.Во телото на фотоапаратот е сместен завесниот затворач кој ја регулира количината на светлина која паѓа врз филмот.Затворачот може да се види во задноиот дел на телото кога ќе се отвори грбот и претставува мал, квадратест отвор кој е покриен со метална или платнена завеса.Отворањето и затворањето на завесата се регулира со помош на одредувачот на брзината на затворачот кој најчесто се наоѓа на горната десна страна на апаратот. На одредувачот на брзината се наоѓаат бројки и тоа најчесто 1-2-4-8-15-30-60-125-250-500-1000-2000-4000, како и буквата В. Веднаш до одредувачот на брзината на затворачот се наоѓа копче за отпуштање на затворачот, односно фотографирање.На десната горна страна на фотоапаратот се наоѓа и бројачот на пози во форма на мало прозорче или екранче со бројки од 1 до 36, како и полугата за напредување на филмот и копче за вклучуваъе на апаратот, доколку има такво.На другата страна, лева горна, се наоѓа одбројувачот на брзината на филмот во форма на бројачник обележен со АСА или ИСО(кај некои постари апарати може да се сретне и ГОСТ илиДИН). Комбинацијата на вредности на одредувачот на брзината е 25-50-100-200-400-800-1600-3200 со можни меѓувредности(64,125,320,...).Од задната страна на фотоапаратот се наоѓа уште визирот каде се гледа сцената и се користи за одредување на композицијата и, најчесто од долната страна на фотоапаратот, се наоѓа делот за батерии.Од долната страна на фотоапаратот се наоѓа и копчето за ослободување на филмот кое мора да се притисне пред да се започне со премотување на филмот. На предната страна на фотоапаратот се наоѓа објективот, а во него е сместена блендата која исто така и затворачот ја регулира количината на светлина што влегува во апаратот.Блендата се регулира со одредувачот на бленда кој се наоѓа на објективот во форма на прстен обележен со комбинација од следниве вредности:1.2-1.4-1.8-2-2.8-4-5.6-8-11-16-22-32. На објективот се наоѓа и прстенот за фокусирање со што се затвора кругот на делови карактеристични за сите аголни фотоапарати.Како што веќе споменавме постојат разлики коишто се воглавно дизајнерски, а поретко и конструкциски како на пример кај фотоапаратите со мануелно фотографирање и оние со автоматско фокусирање.Поради автоматиката кај вториве, одредени функции се автоматизирани(фокусирање, напредување и премотување на филмот), а дел од функциите се исчитуваат на мал електронски екран.
Еден од основните делови на фотоапаратот кој директно влијае врз квалитетот на снимената фотографија е затворачот.Тој се наоѓа на телото на фотоапаратот во форма на мал квадратест отвор покриен со метална или платнена завеса која може да се движи вертикално и хоризонтално. Овој тип затворачи се нарекува завесен затрорач.Кај некои фотоапарати затворачот се наоѓа во објективот и е во форма на ливчиња направени од метал кои се отвораат и затвораат со притискање на копчето за фотографирање.Ваквиот затворач се нарекува централен или уште лист затворач. Без разлика на конструкцијата затворачот ја регулира количината на светлина која влегува во апаратот и тоа преку времетраењето на отворањето и затврањето. Се мери во секунди и делови од секундата, па така вредностите обележани на одредувачот на брзината на затворачот-1,2,4,8,15,30,60,125,250,500,1000,2000,4000- всушност означуваат 1 секунда, половина секунда(2), четвртина секунда (4)....., триесетти дел од секундата(30)....., петстоти дел од секундата(500)....,двеилјадити дел од секундата(2000)....итн. Доколку некој од броевите се повторуваат,а се обележани со друга боја тогаш станува збор за цели секунди.Кај фотоапаратите со автоматски фокус каде вредностите на затворачот се испишани на електронскиот екран секундите може уште да бидат обележани со буквата Й до бројот.(пр.2й,4й,15й). Кога одредувачот на брзината на затворачот е наместен на буквата В, тогаш затворачот останува отворен сè додека се држи копчето за фотографирање,а се затвора по неговото отпуштање.На овој начин се овозможува затворачот да остане отворен подолго време во услови кога тоа е потребно. Од голема важност при одредување на должината на отворањето на затворачот е дека секоја вредност е двојно пократка од претходната и двојно подолга од следната (пр.60 е двојно пократка од 30 а двојно подолга од 125). Важно е да се знае кај фотоапаратите со автоматски опции затворачот се обележува со Тв или С.
Блендата е исто како и затворачот од голема важност за квалитетот на снимената фотографија.Се наоѓа во објективот и е во форма на ирис составен од метални делови кои зависно од подесувањето создаваат поголем или помал кружен отвор. Кај некои фотоапарати се обележува со А или Ав. Зависно од големината на отворот, блендата го регулира интезитетот на светлината која влегува во апаратот. Отворот на блендата се регулира преку одредувачот на отвор на блендата која се наоѓа во форма на прстен на објективот.На скалата на прстенот вообичаени се следниве вредности: 1.4-1.8-2-2.8-4-5.6-8-11-16-22-32 (можни се И меѓувредности посебно кај автоматизирани фотоапарати), каде што помала бројка означува поголем отвор на блендата, а поголема бројка помал отвор, па така најголем отвор И најголем интезитет на светлина се постигнува со подесуваъе на блендата на 1.4, а најмал отвор и најмал интезитет на светлина со подесување на 32.Исто како и кај вредностите на затворачот, секоја вредност е двојно помала или поголема од претходната па така вредност од 4 пропушта двојно помалку светлина од 2.8 а двојно повеќе од 5.6. Кога зборуваме за вредностите на блендата зборуваме за отворање и затворање на истата каде што промена од поголема кон помала вредност (од 8 кон 5.6) зборуваме за отворање(отворот се зголемува) а во обратен правец за затворање(отворот се намалува). Карактеристично кога се говори за бленда е пред вредностите да се стави буквата ф (пр.ф/4, ф/8, ф/2.).
Во последните неколку години дигиталната фотографија е во значителен подем благодарение на подобрувањата во резолуцијата што пак го подобрува квалитетот на фотографиите.Со намалувањето на пазарните цени, нема сомневање дека дигиталната фотографија набрзо ќе ја надмине целосно аналогната.Високата цена на филмот и неговото развивање исто така придонесува многу луѓе да се свртат кон дигиталната фотографија.Аналогната фотографија има посебен шарм и е комплетно различно искуство, но практичните предности на дигиталната фотографија ја прават се попопуларна посебно помеѓу широката популација.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.