Борна (германски: Borna) — град во сојузната покраина Саксонија, Германија, административно седиште на округот Лајпциг. Се наоѓа околу 30 километри југоисточно од Лајпциг. Има околу 21.000 жители.
Борна | |
Градското собрание со Старата стражарница во Борна | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Саксонија |
Округ | Лајпциг |
Основни податоци | |
Површина | 62,35 км2 |
Надм. височина | 159 м |
Население | 19.470 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 312 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | L |
Пошт. бр. | 04552 |
Повик. бр. | 0 34 33 |
Портал | www.borna.de |
Местоположба на градот Борна во рамките на округот Лајпциг | |
Координати | 51°7′N 12°30′E |
Борна како град е стар повеќе од 750 години.
Од раниот XIX век, пејзажот околу Борна бил обликуван со отворени јагленокопи, чиј врв достигна во 1980-тите. Во последниве 20 години биле вложени огромни напори да се ревитализира пејзажот; со поплавување на отворените копови и создавање нови езер, како и засадување илјадници дрвја.
Современата историја на Борна била обогатена со префрлањето на црквата од соседниот Хојерсдорф во Борна. На крајот на октомври во 2007, романескната градба на Црквата Емаус во Хојерсдорф од XIV век (12 километри од Борна) била отсечена од земјата и преместена на плоштадот Мартин Лутер во Борна[2].
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.