From Wikipedia, the free encyclopedia
Богдан Хмелницки (украински: Богдан Зиновій Михайлович Хмельницький, руски: Богда́н Хмельни́цкий, полски: Bohdan Zenobi Chmielnicki) — хетман (гетьман) на запорошките Козаци. (роден во 1595 — починал на 6 август 1657).[1] Цел во животот му била да создаде независна Козачка држава. Во 1654 година потпишал договор со Царска Русија. Според договорот, Украина станала дел од Русија.[2]
Богдан Хмлницки Богдан Хмельницький | |
---|---|
Хетман на Украина | |
На должноста 30 јануари 1648 – 6 август 1657 | |
Претходник | Дмитро Гунја |
Наследник | Јуриј Хмелницки |
Лични податоци | |
Роден(а) | 1595 г. Суботов, близу Чигирин, Полското кралство од Корона, Полско-литванска Државна Заедница |
Починал(а) | 6 август 1657 г. (62) Чигирин, Запорошка Република, царство Русија |
Националност | Русин (Украинец) |
Сопружник | Хана Сомковна, Матрјона Чаплинска, Хана Золотаренко |
Вероисповед | Грчко православие |
Потпис |
Во Украина Хмелницки се смета за национален херој, татко на нацијата. Неговиот лик е претставен на банкнотите.
Постои и критичко мислење за историската улога на Хмелницки. По независноста на Украина, голем број луѓе кажуваат дека сојузот со Русија бил голема грешка.[3]
Хмелницки е роден во православно украинско семејство, кое спаѓало во редот на помалите благородници. Како војник учествувал во Битката кај Цецора (1620), каде што бил заробен и испратен на робија во Цариград. Таму останал две години, по што се вратил во родниот крај. Себеси се декларирал како Козак, а бил водач на крвавите протести на Козаците од 1637 и 1638 г. насочени против полската власт.
Бил член на козачката делегација која преговарала со полскиот крал Владислав IV, на средбата одржана во Варшава, 1646 г. Таму било договорено Хмелницки со повеќе козачки чети да ги помага Полјаците во нивните битки против Отоманското Царство. Но наредната 1647 г. кралот Владислав IV го прекршил договорот, напаѓајќи ги воените единици на Хмелницки. Притоа, Богдан бил земен како воен заробеник, но успеал да избега и да ги подготви Козаците за битка против довчерашните сојузници. Во февруари 1648 г. се прогласил за хетман, и со поддршка од Кримскиот канат ги поразил полските армии испратени против него. Таа битка се одиграла во мај 1648, а тој месец починал и полскиот монарх, по што настапила криза во Полско-литванската Државна Заедница.
1648 била година во која Украина доживеала големо сенародно востание, со напади врз големите земјопоседници и феудалци, католичкото свештенсто и еврејската заедница, сите по наредба на Хмелницки. По тие воени дејствија, тој успеал да воспостави организирана воена сила и нова државна администрација. Во септември истата година со успех ја завршил војната против ослабената Полско-литванска Државна Заедница. Влијаел на изборот на Јан II Казимир за нов владетел на Полска, претставувајќи го како водач кој се залага за мир со украинските народи. При крајот на годината, марширал на исток и триумфално влегол во Киев, споредувајќи се себеси со Мојсеј кој дошол да го ослободи народот од полското ропство. Јавно ги искажал неговите намери автократски да владее со сите територии кои се протегале до Лавов на запад.
Поради откажување на вазалството од Полско-литванска Државна Заедница, била отпочната војна со нив, која кулминирала со Битката кај Зборов (1649). По одбивањето од страна на Османлиите, единствените сојузници на Хмелницки останале Татарите. Ја загубил оваа битка, по што бил потпишан мировен договор со победникот Јан II Казимир, кој поставил доста неповолни услови за Козаците. Во јуни 1651 г. следела Битката кај Берестечко, во која Хмелницки одново бил поразен, но нему потешко му паднало предавството на кримските Татари. Почнал да ги зајакнува дипломатските односи со Османлиското Царство, испраќајќи амбасада во Цариград. Се потрудил и да обезбеди поддршка од Руското царство, кое во тоа време бележело голем подем.
Алексеј I Романов бил единствениот избор на ослабениот Хмелницки, кој силно сакал да се одмазди за претрпениот пораз. Во септември 1653 г. бил потпишан Переславскиот договор, во кој Богдан се заколнал на верност кон царот, а со кој украинските козаци биле ставени под руската царска управа. Дел од неговото придружништво не се согласувало со тој пакт. Но, иако ветил дека неговите потези ќе мора да бидат одобрени од рускиот монарх, Хмелницки не ја почитувал докрај до спогодбата. Од Москва почнале да се сомневаат во неговите искрени намери, па така тие во ноември 1656 г. стапиле во сојуз со Јан II Казимир. Хмелницки, одново контра руските желби и интереси, склучил договор со Шведска и Трансилванија насочен против Полско-литванската Државна Заедница. Но не ја дочекал големата инвазија врз Полска, бидејќи починал во август 1657 г. неколку месеци пред големата битка.
Оценките за историското значење и политиките на Хмелницки се различни, бидејќи во одредени интелектуални кругови се смета за голем државник, а во други за крвав бунтовник. Суштината на Переславската спогодба со Русите била предмет на многу дебати и полемики. Во советската историографија се сметала како обединување на Украина со Русија.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.