From Wikipedia, the free encyclopedia
Алексеј Михајлович Романов (руски:Алексей Михайлович) (роден на 19 март 1629 во Москва - починал на 29 јануари 1676 во Москва) бил цар на Русија во средината на 17. век. По неговата смрт во 1676, Руското царство се простирало на површина од околу 8 милиони квадратни километри.
Алексеј I | |
---|---|
Цар на цела Русија | |
На престол | 14 јули 1645 - 29 јануари 1676 |
Претходник | Михаил |
Наследник | Фјодор III |
Жени |
|
Деца | Дмитриј Алексеевич Евдокија Алексеевна Марта Алексеевна Алексеј Алексеевич Ана Алексеевна Софија Алексеевна Екатерина Алексеевна Марија Алексеевна Фјодор III Теодосија Алексеевна Симеон Алексеевич Иван V Евдокија Алексеевна Петар I Наталија АЛексеевна Фјодора Алексеевна |
Татко | Михаил Романов |
Мајка | Евдокија Стрешнева |
Во 1653, патријархот Никон воспоставил низа реформи кои имале за цел да ги усогласат практиките на Руската православна црква со Грчката црква. Најзначајно, црквата почнала да наложува употреба на три прсти наместо два при прекрстување. Ова резултирало со значително несогласување помеѓу верниците. Сепак, Алексеј продолжил да го поддржува Никон до 1658, кога тој ја напуштил функцијата поради лична навреда, оставајќи го местото на патријархот празно.[1]
Во 1666, царот го свикал Големиот московски собор, на кој присуствувале и антиохискиот патријарх Макариј III и александрискиот патријарх Пајсиј, со цел да се решат проблемите предизвикани од Никон. Соборот се согласил официјално да го отповика Никон, а исто така одлучил да ги екскомуницира сите кои се противеле на реформите на црквата; овие противници се отцепиле од официјалната Руска православна црква и го формирале движењето на староверците.[1]
Низ Русија, староверците биле жестоко прогонувани. Еден од нив бил Авакум, „водачот на староверците“. Алексеј „ги закопал живи неговата жена и деца пред него; а тој самиот бил прогонет“.[2]
Првиот брак на Алексеј со Марија Милославскаја бил хармоничен и среќен. Таа му родила тринаесет деца (пет сина и осум ќерки) во дваесет и една година брак, а починала само неколку недели по нејзиното тринаесетто породување. Ја надживеале четири сина (Алексеј, Фјодор, Симеон и Иван), но во рок од шест месеци по нејзината смрт, двајца од нив биле мртви, вклучувајќи го и Алексеј, 15-годишниот престолонаследник. Нивни деца биле:
Алексеј повторно се оженил на 1 февруари 1671 за Наталија Наришкина (1 септември 1651 – 4 февруари 1694). Со неа ги имал следниве деца:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.