македонски кошаркар From Wikipedia, the free encyclopedia
Благоја Георгиевски - Буштур (15 октомври 1950 во Скопје - 29 јануари 2020 во Скопје) — македонски кошаркар и југословенски репрезентативец.
Благоја Георгиевски | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Прекар(и) | Буштур | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Висина | м | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Тежина | кг | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Број | 13 | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Роден | 15 октомври 1950
Скопје, НР Македонија, ФНРЈ | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Починал | 29 јануари 2020 69) Скопје, Македонија | (возр.||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Националност | Македонец | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Проф. кариера | 1967–1984 | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Клубови | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
1967–1984 | Работнички | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Репрезентација | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Освоени медали
|
Во негова чест, Купот на Македонија во кошарка го носи неговото име.[1]
Пред да стане кошаркар, Буштур бил активен играч во пинг понг. Во 1965 година, Благоја одлучил да се појави на еден тренинг на Работнички, но тогаш тој бил избркан поради непочитување на куќниот ред. Следниот ден, Георгиевски повторно дошол на тренинг каде овојпат тренерите му дозволиле да ги покаже своите кошаркарски способности и тогаш го увиделе неговиот потенцијал.[2]
Во 1967 година, Георгиевски бил вклучен во сениорската екипа на Работнички.[3] Првите минути Благоја ги добил кога имал 18 години против Борац од Чачак во Првата југословенска кошаркарска лига. На 29 декември 1969 година, тренерот Лазар Лечиќ го ставил Георгиевски на теренот во продолжението на натпреварот против силниот Олимпија од Љубљана. Во тие последни пет минути од натпреварот, Благоја постигнал девет бода и резултатот завршил 101-96 за Работнички. По овој натпревар, Буштур си обезбедил место во почетната петорка на Работнички.[2]
Со Работнички во сезоната 1975/76, Благоја стигнал до полуфиналето на Купот на победниците на куповите. Во тоа тоа полуфинале, за време на гостувањето кај Чинцано Олимпија Милано, Георгиевски заедно со соиграчот Драган Радосављевиќ добиле труење од храна, резултирајќи со висок пораз на Работнички поради отсуството на Георгиевски - Буштур и слабиот играчки учинок на заболениот Радосављевиќ.[4]
Во прошталниот натпревар во дресот на Работнички, одигран во Градски Парк на 12 мај 1984 година пред околу 2,500 гледачи, самиот Георгиевски организирал и ја довел ветеранската југословенската репрезентација да се натпреварува против скопскиот клуб и Буштур. Репрезентацијата била сочинета од Ќосиќ, Плеќаш, Далипагиќ, Делибашиќ, Вараиќ, Јеловац, Чермак, Андоновски и многу други. На чело на селекцијата бил Јанко Луковски.[5] За Работнички освен Буштур настапиле: Сотировски, Настев, Митев, Серафимовски, Радоњиќ, Стојковиќ, Зрно, Давитков, Јаневски, Шишковски, Самарџиски. На 13 минути и 13 секунди, бидејќи бројот 13 Георгиевски највеќе го носел, имало мал прекин за самиот Буштур да се збогува со пријателите, публиката, ТВ аудиториумот и од активната кошарка. Најефикасни на тој натпревар кај репрезентативците ветерани биле Варајиќ со 31 и Јеловац со 27 бода, додека кај Работнички се истакнале Стојковиќ со 26 бода и Серафимовски со 18 бода. На мечот од професионалното судење се збогувале и судиите Анастасовски и Поповски.[2]
Георгиевски - Буштур бил член на младинската југословенска репрезентација. Со таа репрезентација предводена од Лазар Лечиќ, Благоја ја освоил Балканијадата во Риека во 1970 година. Потоа за време на младинското европско првенство одржано во Атина, Буштур со Југославија го освоил четвртото место на Континентот.[4] Тој бил учесник на Универзитетските игри 1970 во Торино.[3]
На Средоземните игри 1971, Георгиевски заедно со Југословенската кошаркарска репрезентација го освоил златото. На Европското првенство во 1971 година, кое било одржано во Западна Германија, Георгиевски со Југославија освоил сребрен медал. Тој со Југославија учествувал на Олимписките игри во Минхен 1972.[3] Тогаш тој со репрезентацијата го освоил петтото место. На Балканските игри во 1972 (Сараево) и 1974 година (Солун), станал првак со југословенскиот состав.[3] На Средоземните игри 1975, тој повторно станал првак.[2] Георгиевски бил учесник на Летните олимписки игри 1976 кои биле одржани во Монтреал, како член на Југословенската кошаркарска репрезентација, тој освоил сребрен медал.[6][7]
За југословенската репрезентација, Буштур одиграл 124 натпревари и постигнал 388 бода.[2]
Тој бил тренер на МЗТ Аеродром.[6]
Благоја Георгиевски бил селектор на македонската репрезентација.[6][7]
Благоја Георгиевски дипломирал на Правниот Факултет во Скопје во 1980 година.[3]
Како функционер, Георгиевски бил член на Управниот Одбор и на Собранието на МОК, претседател на Олимпискиот Совет при МОК, потпретседател на МОК. Тој бил носител на македонското знаме на Олимписките игри во Атина 2004. Исто така, тој бил претседател на стручниот совет на МКФ.[6][7] Георгиевски бил амбасадор на Специјалните олимписки игри.[8]
На 29 јануари 2020 година и околу 23:00 часот, во населбата Кисела Вода, Благоја Георгиевски починал кога при управување на своето возило, изгубил контрола над возењето и излетал од коловозната лента каде што удрил во бетонска жардињера на булеварот Србија. Тој починал на местото на несреќата.[6][7][9] Поради неговата смрт, Работнички го повлекол бројот 13 од употреба на клупските дресови.[10]
Клупски титули и успесиРаботнички
Репрезентативни титули и успесиМладинска репрезентација на Југославија
Сениорска репрезентација на Југославија
|
Признанија |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.