германски астроном From Wikipedia, the free encyclopedia
Јохан Елерт Боде (германски: Johann Elert Bode; 19 јануари 1747 – 23 ноември 1826 ) — германски астроном познат по неговата улога во Тициус-Бодеовиот закон. Ја открил орбитата на Уран и го предложил нејзиното име.
Јохан Елерт Боде Johann Elert Bode | |
---|---|
Јохан Елерт Боде | |
Роден(а) | 19 јануари 1747 Хамбург, Свето Римско Царство |
Починал(а) | 23 ноември 1826 79) Берлин, Кралство Прусија | (возр.
Националност | Германец |
Полиња | астрономија |
Докторски ментор | Јохан Георг Биш |
Докторанди | Јохан Пфаф |
Познат по | Тициус-Бодеов закон |
Боде е роде нво Хамбург. Како млад имал тешка очна болест која му го оштетила десното око; сиот живот имал проблем со очите.[1]
Неговиот талент за математика бил забележан од Јохан Георг Биш, кој му ја дал својата библиотека на располагање. Кариерата ја започнал со кратко дело за затемнувањето на Сонцето на 5 август 1766 г. По ова во 1768 г. следела основна расправа за астрономијата под наслов „Водич за спознаање на ѕвезденото небо“ (Anleitung zur Kenntniss des gestirnten Himmels). Делото било успешно, и Боде бил поканет во Берлин од Јохан Хајнрих Ламберт[2] во 1772 г. да ги пресмета ефемеридите на усовршен план. Таму во 1774 г. го основал познатиот „Астрономски годишник“ (Astronomisches Jahrbuch) и со време издал 51 број.[3]
Станал директор на Берлинската опсерваторија во 1786 г. и се задржал на тоа место до неговото пензионирање во 1825 г.[3] Таму во 1801 г. ја објавил познатата „Уранографија“ (Uranographia) — небесен атлас со научно прецизни положби на ѕвездите и другите небесни тела, како и уметнички толкувања на соѕвездијата според нивниот изглед. Ова дело се смета за врв на уметничките претстави на соѕвездијата. Во подоцнежните атласи се среќаваат сè помалку ликовно обработени фигури сè додека не престанале да се објавуваат во вакви табели.
Боде објавил уште еден мал ѕвезден атлас предвиден за аматерскиот астроном, наречен „Претстава за ѕвездите“ (Vorstellung der Gestirne). Се смета за откривач на Бодеовата Галаксија (M81). По него се наречени кометата Боде (C/1779 A1), астероидот 998 Бодеја, откриена на 6 август 1923 г. од Карл Рајнмут во Хајделберг (завршната буква „а“ го следи обичајот на астероидите да им се даваат женски имиња).
Познат е и по „законот“ откриен од Јохан Даниел Тициус во 1766 г. Боде за првпат го спомнува во фунсота на „Водич за спознаање на ѕвезденото небо“. Иако официјално се нарекува Тициус-Бодеов закон, чест се нарекува само Бодеов закон. Овој закон ги објаснува далечините на планетите од Сонцето, но претстанува да важи за Нептун кој бил подона откриен во Берлин. Уран бил откриен на местото предвидено од оваа закономерност и затоа наишла на интерес во стручната јавност. Боде забележал дека има празен интервал меѓу Марс и Јупитер и собрал астрономи за да ја бараат таа планета. Преда да започне потерата по оваа планета, во 1801 г. Џузепе Пјаци од Палермо ја открил џуџестата планета Церера (тогаш сметана за астероид) на местото предвидено од Боде.
Подоцна законот бил напуштен кога астрономите увиделе дека Церера е само еден од мал број астероиди, а Нептун не е на положбата предвидена со законот. Во поново време законот е повторно се разгледува со откривањето на планети околу други ѕвезди.
Самиот Боде зел непосредно учество во потрегата по планети, започната по октивањето на Уран во 1781 г. Иако Уран е првата планета откриена со телескоп, таа е видлива со голо око (иако многу слабо). Боде консултирал постари ѕвездени карти и открил дека таму се водат положбите на разни планети под грешна претпоставка дека се ѕвезди. На пример, англискиот астроном Џон Флемстид во неговиот каталог од 1690 г. го води Уран како ѕвезда 34 Бик. Овие претходни набљудувања овозможиал точна пресметка на орбитата на новата планета.
Боде е одговорен за именувањето на Уран. Нејзиниот откривач Вилијам Хершел предложил да биде наречена по кралот Џорџ III, но ова не било прифатено во други земји. Боде се решил за Уран, по логиката дека Сатурн бил татко на Јупитер, па затоа новата планета треба да биде наречена по таткото на Сатурн.[4] [5] Предложени се и други алтернативи, но предлогот на Боде превагнал. Во Британија ова име е официјално признаено дури во 1850 г. кога морепловниот алманах го сменил името Георгиева Ѕвезда (Georgium Sidus) во Уран (Uranus). Во 1789 г. колегата Мартин Клапрот од Кралската академија го зел примерот на Боде за да го нарече новооткриениот елемент „ураниум“.[6]
Од 1787 до 1825 г. Боде бил дирекетор на Институтот за астрономски пресметки при Хајделбершкиот универзитет. Во 1794 г. бил избран за странски член на Кралската академија на науките од Стокјолм. Во април 1789 г. станал член на Кралското друштво од Лондон.[7]
Боде починал во Берлин на 23 ноември 1826 г. на возраст од 79 години.
Неговите дела во голема мера биле одговорни за популаризацијата на астрономијата во Германија.[3]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.