Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Чеџу (корејски изговор: [tɕe.dʑu.do] Чеџудо; претходно Чеџу-до) е најголемиот остров во близина на брегот на корејскиот полуостров, и главниот остров на провинцијата Чеџу во Јужна Кореја. Островот се наоѓа во Корејскиот теснец, на југот на Јужната провинција Чола. Островот е природно светско наследство на УНЕСКО (види: Вулканскиот остров Чеџу и каналите од лава)[1]. Чеџудо, како инаку се нарекува, има умерена клима. Дури и во зима, температурата ретко паѓа под 0 °C. Чеџу е популарно одредиште за одмор и доста голем дел од економијата се потпира на туризмот и економската активност на неговата цивилно-поморска база.
Познат и како 제주도 Наречен и: Саму-самда-до | |
---|---|
Слика од островот Чеџу | |
Мапа на островот Чеџу | |
Географија | |
Место | Источна Азија |
Архипелаг | Чеџу |
Површина | 1.848 км2 |
Должина | 73 км |
Ширина | 31 км |
Највисоко место | 1,950 м |
Највисока точка | Халасан |
Држава | |
Јужна Кореја | |
Специјална автономна покраина | Специјална автономна покраина Чеџу |
Најголема населба | Чеџу (pop. 408,364) |
Демографија | |
Население | 621,550 (2014) |
Густина | 316 /km2 (818 /sq mi) |
Етнички групи | Корејанци |
Историски гледано, островот се нарекувал со многу различни имиња, вклучувајќи:
Пред Јапонците да го анексираат во 1910 година, островот на Европејците им бил познат како Келпарте. Името очигледно потекнува од првиот европски брод, холандскиот Келпарт, кој пристигнал на островот откако скршнал од својот пат до холандската трговска база во Нагасаки[2], Јапонија, од Тајван (тогашна холандска колонија Формоза).
Според корејската евиденција, флота од седумдесет јапонски пирати (вокоу) го нападнале островот Келпарт и соседните делови на корејскиот полуостров во 1555 година[3]. Кога Кореја била припоена на Јапонија во 1910 година, Чеџу станал познат како Саишу, што е јапонско читање на ханчата за Чеџу.
Пред 2000 година, кога владата на Сеул официјално ја усвоила ревидираната романизација на корејскиот јазик, Чеџудо бил напишан како Чеџу-до. Речиси сите писмени наводи за островот претходно го користеле тој правопис.
Главна статија: Масакрот во Чеџу
Од 3 април 1948 до мај 1949 година, владата на Јужна Кореја спровела антикомунистичка кампања за да се задуши обидот за востание на островот.[4][5] Главната причина за бунтот биле изборите закажани за 10 мај 1948 година[6], дизајнирани од страна на Привремената комисија на Обединетите Нации за Кореја (UNTCOK) за создавање на нова влада за цела Кореја. Изборите биле планирани само за југот на земјата, половината од полуостровот кој бил под контрола на Привремената комисија на ОН. Плашејќи се дека изборите ќе ја засилат понатамошната поделба, герилски борци на Јужнокорејската работничка партија (СКЛП) реагирале насилно, напаѓајќи ја локалната полиција и десничарските младински групи стационирани на островот Чеџу[7].
Злосторства биле извршени од двете страни, но оние од Јужнокорејските владини сили биле најдобро документирани[8]. Во масакрот загинале помеѓу 30,000 до 60.000 луѓе[6], односно, според некои податоци, 10% од вкупното население на островот[8]. Околу 40,000 побегнале во Јапонија за да избегаат од борбите.[4] Децениите по востанието, сеќавањето на настанот се потиснувал од страна на владата со строги казнени мерки.[7] Сепак, во 2006 година, корејската влада се извинила за нејзината улога во убиствата и ветила репарации но до 2010 година, тие не биле исплатени[9].
Во 2008 година, тела на жртвите од масакрот биле пронајдени во масовна гробница во близина на Меѓународниот аеродром Чеџу.[10]
Чеџудо е вулкански остров на кој се издига вулканот Халасан висок 1,950 метри и највисоката планина во Јужна Кореја. Островот попречно изнесува околу 73 километри, од исток кон запад и 41 километри,од север кон југ.
Островот се формирал од вулкански ерупции пред околу 2 милиони години, за време на кенозоикот. Се состои главно од базалт и лава.
Областа која покрива околу 12% (224 квадратни километри или 86 квадратни милји) од Чеџудо е позната како Готџавалска шума. Оваа област останала некултивирана до 21-от век, чија основа на 'A'ā лава била тешка за развивање земјоделство. Затоа оваа шума има посебна екологија. Таа е главниот извор на подземна вода и оттука главен извор на вода за половина милион луѓе на островот, бидејќи површински продира директно низ пукнатините на 'A'ā лавата под шумата. Готџавал од страна на некои истражувачи се смета за меѓународно значајно влажно тло[11] под Рамсарската конвенција, бидејќи е живеалиште на единствени видови на растенија и претставува главен извор на вода за жителите, иако до денес не е прогласен за рамсарска локација[12].
Чеџу има влажна суптропска клима, што го прави потопол од остатокот на Јужна Кореја. Има четири различни сезони на Чеџу. Зимите се студени и суви додека летата се топли, влажни, и понекогаш дождливи.
Во јануари 2016 година, студен бран влијаел на регионот. Поради снегот и студените временски услови биле откажани 1.200 летови на Чеџудо, со околу 90,300 патници[14].
Климатски податоци за Чеџу (град), Чеџудо (1981–2010) | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Месец | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Годишно |
Прос. висока °C (°F) | 8.3 (46.9) |
9.4 (48.9) |
12.8 (55) |
17.5 (63.5) |
21.6 (70.9) |
24.8 (76.6) |
29.0 (84.2) |
29.8 (85.6) |
25.8 (78.4) |
21.3 (70.3) |
16.0 (60.8) |
11.0 (51.8) |
18.9 (66) |
Сред. дневна °C (°F) | 5.7 (42.3) |
6.4 (43.5) |
9.4 (48.9) |
13.8 (56.8) |
17.8 (64) |
21.5 (70.7) |
25.8 (78.4) |
26.8 (80.2) |
23.0 (73.4) |
18.2 (64.8) |
12.8 (55) |
8.1 (46.6) |
15.8 (60.4) |
Прос. ниска °C (°F) | 3.2 (37.8) |
3.6 (38.5) |
6.1 (43) |
10.2 (50.4) |
14.4 (57.9) |
18.7 (65.7) |
23.3 (73.9) |
24.3 (75.7) |
20.4 (68.7) |
15.1 (59.2) |
9.8 (49.6) |
5.3 (41.5) |
12.9 (55.2) |
Прос. врнежи мм (ин) | 65.2 (2.567) |
62.6 (2.465) |
88.6 (3.488) |
89.6 (3.528) |
96.4 (3.795) |
181.4 (7.142) |
239.9 (9.445) |
262.5 (10.335) |
221.6 (8.724) |
80.3 (3.161) |
61.9 (2.437) |
47.7 (1.878) |
1.497,6 (58,961) |
Прос. бр. врнежливи денови (≥ 0.1 mm) | 12.6 | 10.3 | 11.2 | 10.0 | 10.4 | 11.8 | 12.5 | 13.5 | 10.8 | 7.0 | 9.3 | 10.8 | 130.2 |
Прос. релативна влажност (%) | 65.3 | 64.9 | 64.9 | 66.5 | 70.4 | 76.8 | 78.3 | 76.5 | 73.7 | 66.9 | 65.1 | 65.1 | 69.6 |
Сред. бр. сончеви часови месечно | 70.4 | 105.4 | 158.9 | 194.4 | 211.9 | 170.9 | 195.6 | 195.6 | 161.7 | 178.5 | 126.0 | 84.8 | 1.854,1 |
Извор: Корејска метеоролошка управа[15] |
Климатски податоци за Сеогвипо-си, Чеџудо (1981–2010) | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Месец | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Годишно |
Прос. висока °C (°F) | 10.7 (51.3) |
11.6 (52.9) |
14.4 (57.9) |
18.5 (65.3) |
22.0 (71.6) |
24.6 (76.3) |
28.3 (82.9) |
30.1 (86.2) |
27.4 (81.3) |
23.4 (74.1) |
18.2 (64.8) |
13.2 (55.8) |
20.2 (68.4) |
Сред. дневна °C (°F) | 6.8 (44.2) |
7.8 (46) |
10.6 (51.1) |
14.8 (58.6) |
18.6 (65.5) |
21.7 (71.1) |
25.6 (78.1) |
27.1 (80.8) |
23.9 (75) |
19.3 (66.7) |
14.1 (57.4) |
9.3 (48.7) |
16.6 (61.9) |
Прос. ниска °C (°F) | 3.6 (38.5) |
4.4 (39.9) |
7.1 (44.8) |
11.3 (52.3) |
15.3 (59.5) |
19.2 (66.6) |
23.5 (74.3) |
24.6 (76.3) |
21.1 (70) |
15.9 (60.6) |
10.6 (51.1) |
5.9 (42.6) |
13.5 (56.3) |
Прос. врнежи мм (ин) | 61.0 (2.402) |
77.1 (3.035) |
131.2 (5.165) |
174.9 (6.886) |
205.8 (8.102) |
276.9 (10.902) |
309.8 (12.197) |
291.6 (11.48) |
196.6 (7.74) |
81.6 (3.213) |
71.4 (2.811) |
45.1 (1.776) |
1.923 (75,709) |
Прос. бр. врнежливи денови (≥ 0.1 mm) | 10.3 | 9.5 | 11.0 | 10.5 | 10.7 | 12.9 | 14.3 | 14.2 | 10.3 | 6.1 | 7.4 | 8.1 | 125.3 |
Прос. релативна влажност (%) | 62.8 | 62.1 | 62.4 | 64.5 | 69.9 | 78.2 | 84.1 | 79.0 | 72.5 | 63.9 | 63.2 | 62.2 | 68.7 |
Сред. бр. сончеви часови месечно | 152.2 | 152.6 | 174.0 | 190.9 | 199.0 | 144.2 | 142.1 | 184.2 | 176.1 | 207.1 | 170.5 | 161.8 | 2.054,7 |
Извор: Корејска метеоролошка управа[16] |
Климатски податоци за Сеонгсан-еуп, Чеџудо (1981–2010) | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Месец | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Годишно |
Прос. висока °C (°F) | 9.0 (48.2) |
10.2 (50.4) |
13.4 (56.1) |
17.8 (64) |
21.6 (70.9) |
24.2 (75.6) |
27.9 (82.2) |
29.5 (85.1) |
26.5 (79.7) |
22.0 (71.6) |
16.6 (61.9) |
11.4 (52.5) |
19.2 (66.6) |
Сред. дневна °C (°F) | 5.4 (41.7) |
6.2 (43.2) |
9.3 (48.7) |
13.6 (56.5) |
17.5 (63.5) |
20.8 (69.4) |
24.9 (76.8) |
26.3 (79.3) |
23.1 (73.6) |
18.0 (64.4) |
12.5 (54.5) |
7.6 (45.7) |
15.4 (59.7) |
Прос. ниска °C (°F) | 2.0 (35.6) |
2.4 (36.3) |
5.2 (41.4) |
9.2 (48.6) |
13.5 (56.3) |
17.6 (63.7) |
22.4 (72.3) |
23.6 (74.5) |
20.2 (68.4) |
14.2 (57.6) |
8.4 (47.1) |
3.9 (39) |
11.9 (53.4) |
Прос. врнежи мм (ин) | 83.2 (3.276) |
69.7 (2.744) |
142.2 (5.598) |
150.1 (5.909) |
177.7 (6.996) |
223.7 (8.807) |
283.2 (11.15) |
360.6 (14.197) |
228.4 (8.992) |
90.8 (3.575) |
85.1 (3.35) |
72.0 (2.835) |
1.966,8 (77,433) |
Прос. бр. врнежливи денови (≥ 0.1 mm) | 11.1 | 9.1 | 10.9 | 9.1 | 9.4 | 12.4 | 13.0 | 13.6 | 9.8 | 5.8 | 7.7 | 8.9 | 120.8 |
Прос. релативна влажност (%) | 67.5 | 65.1 | 65.0 | 66.7 | 71.4 | 81.1 | 84.4 | 80.6 | 75.3 | 68.4 | 67.8 | 67.6 | 71.7 |
Сред. бр. сончеви часови месечно | 122.5 | 146.9 | 170.1 | 192.9 | 205.3 | 145.6 | 157.4 | 173.4 | 157.2 | 187.8 | 155.5 | 130.3 | 1.944,7 |
Извор: Корејска метеоролошка управа[17] |
Климатски податоци за Госан-ри, Чеџудо (1981–2010) | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Месец | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Годишно |
Прос. висока °C (°F) | 8.6 (47.5) |
9.4 (48.9) |
12.3 (54.1) |
16.5 (61.7) |
20.0 (68) |
23.4 (74.1) |
27.3 (81.1) |
29.1 (84.4) |
26.0 (78.8) |
21.2 (70.2) |
16.2 (61.2) |
11.2 (52.2) |
18.4 (65.1) |
Сред. дневна °C (°F) | 6.2 (43.2) |
6.7 (44.1) |
9.3 (48.7) |
13.3 (55.9) |
16.8 (62.2) |
20.6 (69.1) |
24.7 (76.5) |
26.2 (79.2) |
23.1 (73.6) |
18.3 (64.9) |
13.3 (55.9) |
8.6 (47.5) |
15.6 (60.1) |
Прос. ниска °C (°F) | 3.8 (38.8) |
4.2 (39.6) |
6.5 (43.7) |
10.4 (50.7) |
14.2 (57.6) |
18.3 (64.9) |
22.7 (72.9) |
23.9 (75) |
20.6 (69.1) |
15.7 (60.3) |
10.7 (51.3) |
6.1 (43) |
13.1 (55.6) |
Прос. врнежи мм (ин) | 43.9 (1.728) |
46.9 (1.846) |
75.8 (2.984) |
86.4 (3.402) |
110.2 (4.339) |
148.7 (5.854) |
178.0 (7.008) |
201.8 (7.945) |
116.2 (4.575) |
45.7 (1.799) |
57.4 (2.26) |
31.7 (1.248) |
1.142,8 (44,992) |
Прос. бр. врнежливи денови (≥ 0.1 mm) | 11.4 | 9.1 | 10.9 | 9.3 | 10.1 | 11.8 | 11.9 | 13.4 | 9.3 | 6.1 | 8.0 | 9.7 | 121 |
Прос. релативна влажност (%) | 67.0 | 68.4 | 69.5 | 73.2 | 79.5 | 85.1 | 88.4 | 83.2 | 77.2 | 69.0 | 67.1 | 66.0 | 74.5 |
Сред. бр. сончеви часови месечно | 90.9 | 126.5 | 167.0 | 196.3 | 201.6 | 158.0 | 176.6 | 215.5 | 187.8 | 207.2 | 153.6 | 108.4 | 1.989,2 |
Извор: Корејска метеоролошка управа[18] |
Климатски податоци за Витсе Ореум, Чеџудо (2003–2009, височина 1,672 м) | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Месец | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Годишно |
Прос. висока °C (°F) | −1.6 (29.1) |
0.9 (33.6) |
3.4 (38.1) |
10.0 (50) |
14.9 (58.8) |
18.1 (64.6) |
20.3 (68.5) |
20.6 (69.1) |
18.1 (64.6) |
13.2 (55.8) |
6.8 (44.2) |
0.0 (32) |
10.4 (50.7) |
Сред. дневна °C (°F) | −5.9 (21.4) |
−3.5 (25.7) |
−0.8 (30.6) |
5.2 (41.4) |
10.3 (50.5) |
14.0 (57.2) |
17.4 (63.3) |
17.4 (63.3) |
14.2 (57.6) |
8.2 (46.8) |
2.2 (36) |
−3.5 (25.7) |
6.4 (43.5) |
Прос. ниска °C (°F) | −9.1 (15.6) |
−7.5 (18.5) |
−5.1 (22.8) |
0.7 (33.3) |
5.7 (42.3) |
10.4 (50.7) |
14.7 (58.5) |
14.5 (58.1) |
11.0 (51.8) |
4.3 (39.7) |
−0.9 (30.4) |
−6.6 (20.1) |
2.7 (36.9) |
Прос. врнежи мм (ин) | 46.9 (1.846) |
128.0 (5.039) |
301.2 (11.858) |
426.1 (16.776) |
653.1 (25.713) |
651.9 (25.665) |
742.3 (29.224) |
836.4 (32.929) |
526.7 (20.736) |
126.5 (4.98) |
165.8 (6.528) |
64.6 (2.543) |
4.669,4 (183,835) |
Извор: Чеџуанска регионална метеоролошка управа[19] |
Во 1993 година, Република Кореја (РК) започнала да планира поморска база на островот Чеџудо (Чеџу), а во 2007 година започнала изградбата во селото Ганџонг, со планирано завршување до 2011 година. Базата била планирана да прими 20 воени бродови, три подморници и два 150.000 тонски крстосувачки бродови, како приватно-воен комплекс, слично на оние во Сиднеј и Хаваи. Жителите на Чеџу, еколозите и опозициските партии се спротивставиле на базата, предизвикувајќи одложувања во изградбата.[20] Базата била завршена во 2016 година, а официјалното име е пристаништето Цивилно воен комплекс Чеџу. Активистите се противат на планот. Активистите се противеле на базата[21] тврдејќи дека ќеима лошо влијание врз околината и ќе му наштети на “Островот на мирот” како што властите го опишувале Чеџу.[22]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.