From Wikipedia, the free encyclopedia
Хангул (корејски: ⓘ, 한글 Hangeul/Han’gŭl (во Јужна Кореја) или 조선글 Chosŏn’gŭl/Joseongeul (во Северна Кореја)) — азбука што ја користи корејскиот јазик. Азбуката била создадена во средината на 15 век и денес е официјално писмо во Северна Кореја, Јужна Кореја и во Корејската автономна префектура Јанбијан во Кина.
Хангул (한글) или Чосон гул (조선글) | |
---|---|
Тип | |
Творец | Сеџонг |
Период | 1443 до денес |
Правец на пишување | од лево кон десно, vertical right-to-left |
Јазици | корејски |
Сродни писма | |
ISO 15924 | |
ISO 15924 | Hang, 286 , Hangul (Hangŭl, Hangeul) |
Уникод | |
Уникоден назив | Hangul |
Уникоден опсег | U+AC00 to U+D7A3, U+1100 to U+11FF, U+3131 to U+318E, U+FFA1 to U+FFDC |
Хангул е фонемска азбука организирана во слоговни блокови. Секој блок се состои од најмалку две од 24 хангул букви (џамо), со најмалку една од четиринаесетте согласки и десетте самогласки во корејскиот јазик. Овие блокови можат да бидат запишани хоризонтално од лево кон десно или вертикално од горе надолу во колони од десно кон лево. Оригинално, азбуката има неколку додатни букви.
Сè до раниот XX век, хангул бил сметан за вулгарно писмо од страна на литературната елита и тие го користеле традиционалното писмо ханча[2]. Оваа елита хангулот го именувале како:
Овие имиња денес се архаични особено со неупотребата на ханчата во Кореја.
Џамо (자모; 字母) или нацори (낱소리) се единиците или карактерите што го сочинуваат хангул. „Џа“ значи буква или карактер и „мо“ значи мајка.
Во хангул има 51 џамо, од кои 24 се еднакви со латинските букви. Останатите 27 џамоа се кластери на две или понекогаш три од овие карактери. Од основните 24 џамоа, четиринаесет се согласки (џа-еум 자음, 子音 "детски гласови") и десет се самогласки (мо-еум모음, 母音 "мајчини гласови"). Пет од едноставните согласки се дуплираат за да се создадат „временските“ согласки а додека останатите единаесет кластери се формирани со различни согласки. Десетте џамо самогласки може да бидат комбинирани за да се создадат единаесетте дифтонзи.
Четири од едноставните џамо самогласки се создадени со додавање на кратки црти: ㅑ ја, ㅕ јео, ㅛ јо, and ㅠ ју. Овие се сметани за дел од 24 основни џамоа зошто буква ј не постои како сам глас.
Од едноставните согласки, ㅊ чиеут, ㅋ киеук, ㅌ тиеут, и ㅍ пиеуп се аспирати добиени од ㅈ џиеут, ㄱ гијеок, ㄷ дигеут, и ㅂ биеуп.
Двојните букви се: ㄲ санг-гијеок (kk: санг- 쌍 "двоен"), ㄸ санг-дигеут (tt), ㅃ санг-биеуп (pp), ㅆ санг-сиот (ss), и ㅉ санг-џиеут (jj). Двојните џамоа не се сметаат како согласно претставување.
Сите букви на хангул ги следат правилата на кинеската калиграфија. Во табелата се прикажани само знаците што се сметаат за одделни букви, не и дифтонзите или јотизираните.
Џамо | Име на џамо | МФА | Макед. транскрипција |
---|---|---|---|
ㄱ | гијок | g | г |
ㄴ | нион | n | н |
ㄷ | дигот | d | д |
ㄹ | риол | r или l | р или л |
ㅁ | миом | m | м |
ㅂ | биоп | b | б |
ㅅ | сиот | s | с |
ㅇ | ионг | ø или ŋ | ø или нг |
ㅈ (џиеут) | џиот | dʒ | џ |
ㅊ | чиот | tʃ | ч |
ㅋ | киок | k | к |
ㅌ | тиот | t | т |
ㅍ | пиоп | p | п |
ㅎ | хиот | h | х |
ㅏ | а | а | а |
ㅐ | ae | æ | кратко е или како германско ä |
ㅓ | ео | ʌ | меко о или како германско ö |
ㅔ (е) | e | e | e |
ㅗ (о) | o | o | о |
ㅜ (у) | u | u | у |
一 (еу) | eu | ɨ | кратко и или како германско ü |
За јотизираните, кои не се прикажани, само се удвојува стралката.
Освен за некои граматички морфеми, ниту една буква не може да стои сама и да претставува елемент во корејскиот јазик. Наместо тоа, џамоата се групи на слоговни или морфолошки блокови со најмалку две или три:
Кога слогот нема почетна позиција, нултиот почетен знак ㅇ јеунг се користи наместо тоа (иако во современ корејски јазик не се користи овој карактер за почетна позиција). Така, џамо блокот се состои од најмалку два карактера на средна и почетна позиција. Иако, историски, хангул бил организиран во слогови, во современиот правопис се организира во морфени, и како второстепено во слогови во рамките на тие морфими со исклучок кога единечна согласна морфема можеди не може да се напише сама.
Сетот на почетни и крајни согласки не е ист. На пример, ㅇ ng се користи само во почетна позиција, додека двојниот џамо што може да се појави во почетна позиција е лимитиран на само ㅆ ss и ㄲ kk. Вкупно има 11 172 можни хангул блокови.
Вметнувањето на џамо во блокот следи одредени шаблони засновани на формата на средниот дел.
|
|
|
|
|
|
|
|
|
Блоковите секогаш се пишуваат во фонетски редослед, почетен-среден-краен. Така,
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.