Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Корејскиот Полуостров (корејски: 조선반도 во С. Кореја; 한반도 во Ј. Кореја) е полуостров во источна Азија. Се протега во правец север-југ во должина од 1.100 км, од континентална Азија до Тихиот Океан, опкружен со Јапонското Море на исток и Жолтото Море на запад. Двете мориња ги дели Корејскиот Проток.
Корејски Полуостров | |
Полуостров | |
Земји | Северна Кореја, Јужна Кореја |
---|---|
Се граничи со | Кина, Јапонско Море, Источнокинеско Море, Жолто Море, Корејски Проток |
Должина | 1.100 км, север-југ |
Површина | 220.847 км2 |
| |
|
Сè до крајот на Втората светска војна, Кореја била една држава чија територија приближно се совпаѓала со самиот полуостров. По завршувањето на Корејската војна во 1953 г.,[1] северниот дел на полуостровот влегол во ДР Кореја, додека пак јужниот ѝ припаднал на Република Кореја.
Како северна граница на Корејскиот Полуостров се смета границата на Северна Кореја со нејзините северни соседи: Кина (1.416 км) и Русија (19 км). Овие граници се впрочем природни, образувани од реките Јалу (Амнок) и Тумен. Според ова, Корејскиот Полуостров (вклучувајќи ги околните острови) зафаќа површина од 220.847 км2.
Во ДР Кореја, полуостровот се нарекува „Чосон Пандо“, додека во Р. Кореја името му е „Хан Бандо“.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.