Војвода на Урбино и католички кардинал From Wikipedia, the free encyclopedia
Чезаре Борџија (итал. Cesare Borgia, шпан. César Borja; 13 септември 1475 или април 1476[1] - 12 март 1507) бил војвода од Валентино, италијански кондотиер, благородник, политичар, и кардинал. Тој бил син на папата Александар VI и неговата љубовница Ваноза деј Катанаеј. Тој бил брат на Лукреција Борџија, Џовани Борџија (Хуан), војводата од Гандија, Хофре Борџија, кнез на Сквилаче, како и полубрат на дон Педро Луис де Борџија (1460-1488) и Џиролама де Борџија, деца на непознати мајки.
Чезаре Борџија | |
---|---|
Наводниот портрет на Чезаре Борџија од Алтобело Мелоне. Бергамо, Академија Карара | |
војвода од Валентино | |
Роден(а) | 13 септември 1475 Рим, Папска Држава |
Починал(а) | 12 март 1507 31) Вијана, Кралство Навара | (возр.
Закопан(а) | Црква света Марија во Вијана |
Благородно семејство | Борџија |
Сопружник(ци) | Шарлота од Албре |
Деца
Лујза Борџија, војвотка од Валентино | |
Татко | папа Александар VI |
Мајка | Ваноза Катанеј |
Роден е во Рим во 1475 или 1476. Негов татко бил кардиналот Родриго де Ланзол Борџија, кој наскоро бил устоличен за папа под името Александар VI, а негова мајка била Ваноза, љубовница на Родригоз за која има малку сведоштва. Семејството Борџија потекнувала од Кралството Валенсија и до средината на 15-от век успеале да стекнат моќ во Римокатоличката црква. Чезаре бил потомок на Алонсо Борџија (1378-1458), епископ на Валенсија, кој бил избран за папа под името Каликст III во 1455 година. Александар VI, таткото на Чезаре, бил првиот папа кој отворено признал дека има деца со љубовница.
Стефано Инфасура истакнал дека кардиналот Борџија лажно тврдел дека Чезаре бил син на друг човек - Доменико ди Аригано, номинален сопруг на Ваноза Катанаеј. Папата Сикст IV со папската була од 1 октомври 1480 година го ослободил Чезаре од потребата за докажување на неговото раѓање [2].
Чезаре првично бил подготвуван за кариера во Римокатоличката црква. Бил устоличен за епископ на Памплона на 15 годишна возраст. Се школувал во Перуџа и Пиза каде изучувал право. Кога неговиот татко бил избран за папа, Чезаре бил устоличен за кардинал на 18 годишна возраст [3]. Паралелно со напредувањето на Чезаре во црковната херархија, неговиот брат Џовани Борџија се подготвувал за воена кариера, Александар VI сакал преку издигањето на Џовани да ја засили моќта на семејството Борџија и тој бил поставен за капетан на воените сили на Папската Држава. Меѓутоа во 1497 година Џовани бил убиен во мистериозни околности, според некои извори главен инспиратор на убиството е Чезаре [4], бидејќи со исчезнувањето на Џовани му се отворил патот за посакуваната воена кариера. Според друга верзија, причината за убиството на Џовани е љубомората околу Санча од Арагон, сопруга на помладиот брат на Чезаре - Хофре, таа била љубовница на Чезаре и Џовани [5]. Улогата на Чезаре во убиството на неговиот брат, никогаш јасно не била утврдена.
На 17 август 1498 година, Чезаре станал првиот човек во историјата кој поднел оставка од функцијата кардинал. Истиот ден, францускиот крал Луј XII му ја доделил титулата војвода од Валентино, оваа титула и неговата поранешна позиција, кардинал на Валенсија, го објаснуваат неговиот прекар "Валентино".
Воената дејност на Чезаре била под покровителство на неговиот татко Александар VI, кој склучил сојуз со Франција и го организирал неговиот брак со Шарлота од Албре, сестра на nаварскиот крал Јован III, во текот на Италијанските војни. Луј XII извршил инвазија врз Италија во 1499 година, откако Џан Џакомо Тривулзио го соборил војвода Лудовик Сфорца, во текот на походот, Чезаре го придружувал францускиот крал.
Походот на Луј XII имал позитивен ефект врз кариерата на Чезаре. Неговиот татко, Александар VI решил да ја искористи состојбата за засилување моќта на семејството Борџија, преку создавање на држава во северниот дел на Италија под власт на неговиот син. За таа цел, тој објавил дека сите негови викари во Ромања и Марке се расчинети. Иако во теорија се потчинувале директно на папата, овие владетели биле практично независни или зависни од други држави во текот на генерации. Во очите на поданиците, викарите биле сурови, а тоа било искористено од Чезаре за полесно преземање на овие територии, а по воспоставувањето на власта тој добил широка поддршка жителите. Николо Макијавели истакнува:
Чезаре беше назначен за командант на папската војска составена од голем број на италијански платеници, поддржана од 300 коњаници и 4 000 швајцарски пешаци испратени од страна на кралот на Франција. Со овие сили, Чезаре започнал да ја шири својата власт. Неговата прва жртва била Катерина Сфорца (мајка на кондотиерот Џовани Дале Банде Нере), владетел на Имола и Форли. И покрај тоа што бил лишен од тие два града по нивното освојување, тие биле окуприрани од француската војска, Чезаре се вратил во Рим за да го прослави својот триумф, а неговиот татко му ја доделил титулата гонфалониер на Црквата. Во 1500 година, Чезаре со финансиската поддршка на својот татко успеал да ги придобие на своја страна познатите кондотиери Вителозо Вители, Џијан Паоло Баглиони, Јулио и Паоло Орсини, како и Оливерото Фермо, со кој ја продолжил својата кампања во Ромања. Николо Макијавели истакнува:
Џовани Сфорца, првиот сопруг на Лукреција, сестра на Чезаре, наскоро бил соборен од Пезаро, Пандалфо Малатеста го изгубил Римини, Фаенза се предала, неговиот владетел младиот Асторе III Манфред подоцна бил удавен во реката Тибар по наредба на Чезаре. Во мај 1501 година, Чезаре го создал војводството Ромања. Чезаре ги искористил лошите односи помеѓу Фиренца и Пјомбино, напаѓајќи го споменатиот последен град. Додека неговите кондотиери го опсадувале на Пјомбино (која завршила во 1502 година), Чезаре ги командувал на француските војници во опсадите на Неапол и Капуа, бранети од Просперо и Фабрицио Колона. На 24 јуни 1501 година неговите трупи ја окупирале Капуа и го предизвикале колапсот на арагонската моќ во јужниот дел на Италија. Во јуни 1502 година, преку предавство, успеал да ги освои Урбино и Камерино.
Во овој период, Леонардо да Винчи интензивно се занимавал со геометрија и правeл математички експерименти. Во јуни 1502 г., во својство на архитект и воен инженер, Леонардо тргнал на повеќе патувања низ Средна и Горна Италија, заедно со Чезаре Борџија, при што изработил повеќе географски карти за потребите на неговите походи. Службата кај Чезаре Борџија била многу кратка и Леонардо се вратил во Фиренца на 5 март 1503 г.
Неговиот следен чекор бил опсадата на Болоња, но неговите кондотиери, особено Вителозо Вители и браќата Орсини запонале да коват заговор против Чезаре. Гуидобалто де Монтефелтро и Џовани Марија де Варано се вратиле Урбино и Камерино, а Фосомброне се побунил. Чезаровата популарен меѓу неговите поданици го отежнувале реализирањето на заговорот. Чезаре се сретнал со своите лојални генерали во Имола, каде што чекал да пропадне лабавата алијанса на своите непријатели. Чезаре ги повикал на помирување своите поранешни кондотиери и со измама успеал да ги зароби во Сенигалија каде наредил да ги ликвидираат, овој подвигот од страна на Паоло Гиовио бил оценет како "прекрасно залажување" [6]. Според Макијавели:
Иако Чезаре бил неизмерно способен генерал и државник, имал проблеми околу одржувањето на својот домен без континуираното покровителство на својот татко. Николо Макијавели истакнува дека Чезаре на зависел на добрата волја на папството, кое било контрола на неговиот татко, и дека тоа била главна слабост на неговата власт, тврдејќи дека, ако Чезаре ја добиел наклонетоста на новиот папа, би бил успешен владетел. Чезаре веста за смрта на својот татко ја примил при подготвувањето на планот за освојување на Тоскана во 1503 година. Макијавели истакнува:
Тие денови Чезаре се разболел и бил близу до смртта. Тој и неговите лојални луѓе се затвориле во римскиот замокот Свети Ангел. Неговата болест траела неколку месеци. Но, дури и во оваа состојба, Чезаре бил во можност да влијае врз изборот на новиот папа. Со негова поддршка за папа устоличен Пиј III, кој бил лојален на семејството Борџија. Меѓутоа, новиот папа починал по дваесет и седум дена. Тој бил заменет од страна на Јулиј II, кој бил непријател на Чезаре Борџија и неговиот татко. Додека Чезаре бил болен, неговите непријател започанле да дејствуваат и се обиделе да ги преосвојат Урбино, Камерино и Сенигалај. Фамилиите Колона и Орсини, традиционални меѓусебни непријатели, се обединиле против него. Макијавели истакнува:
Јулиј II, јавно вети дека ќе му ја остави титулата гонфалониер на Црквата, меѓутоа се откажал од тоа кога увидел дека Чезаре по смрта на својот татко повеќе ја нема поддршката на Франција и Шпанија. Новиот папа издал наредба за апсење на Чезаре и негово затворање во Остија. Чезаре со помош на своите луѓе успеал да избега и се засолнил во Неапол кој бил под контрола на Шпанците. Таму сакал да стапи во контакт со својот стар пријател Фернандес де Кордоба. Меѓутоа, Де Кородоба водејќи сметка за интересите на шпанската круна, издал наредба за апсење на Чезаре и негово испраќање во Шпанија.
Чезаре повторно успеал да избега и се засолнил кај братот на својата жена, на наварскиот крал Јован III. Чезаре бил топло пречекан и бил поставен за командант на наварската војска, која бил мала но добро обучена. Од него било побарано да го заземе одметнатиот град Вијана. На 12 март 1507 година на патот Вијана - Мандавиј наишол на заседа и бил убиен. Неговото голо тело било пронајдено на дното на една провалијата.
Чезаре Борџија бил закопан под олтарот на црквата на Света Марија во Вијана. На мермерниот надгробен споменик се врежани зборовите: Тука лежи еден, од кого се плашеле сите, затоа што тој во своите раце ги држел мирот и војната. Но, во 1527 година неговото тело било ископано од гробот. Епископ Калахора го посетил градот и изразил осуда што еден грешник како Борџија бил погребан во црковната крипта. Гробницата била уништена, а Борџија бил закопан на друго место.
Во 1945 година неговите посмртни остатоци биле пренесени во локалното градското собрание. По што локалните власти побарале дозвола од Католичката црква за пристоен погреб. Жителите и градот Вијана и ден денес го негуваат споменот за Чезаре Борџија. На еден од плоштадите во градот е поставена негова биста со натпис „Капетан на навараската војска“. Католичката црква, по речиси петстотини години, решила да се вратат останките на Чезаре на местото на неговото оригинално почивалиште - во олтарот на црквата Света Марија.
Николо Макијавели се сретнал со Чезаре за време на својата дипломатската мисија во улога на секретар на Фирентинската канцеларија. Макијавели бил во дворот на Борџија од 7 октомври 1502 година до 18 јануари 1503 година. Во текот на овој период, Мкајвели одржувал преписка со своите претпоставени во Фиренца, голем дел од неговата преписка преживеала и се обајвени во Собраните дела на Макјавели.
Макијавели го избрал Чезаре Борџија како модел за неговиот Владетел, тој се восхитува на Чезаревата способноста да управува со бесрамни методи ", комбинирајќи ја силата на лавот и итрината на лисицата. Макијавели обрнува внимание на одлики кои го прават идеалниот владетелот.
Како пример го посочува Чезаре [7]. Макијавели смета дека Владетелот мора да предвидува настаните однапред, да не се потпираат на време. Во еден дел, како важни одлики, вели: мудрост, посветеност на уметноста на војната, како и разбирање дека суровоста понекогаш може да биде единствениот начин да се зачува власта. Макјавели истакнува:
На 10 мај 1499 година, Чезаре се оженил со Шарлота од Албре (1480 - 11 март 1514). Таа била сестра на наварскиот крал Јован III. Тие имале една ќерка, Лујза Борџија, војвотката од Валентино (1500-1553), таа била мажена најпрво за францускиот генерал и гувернерот на Бургундија, Луј II де Ла Термоуие, а по неговата смрт за Филип де Бурбон (1499-1557). Чезаре исто така бил татко на најмалку 11 вонбрачни деца, меѓу нив е Џироламо Борџија, кој се оженил со Изабела Контеса ди Карпи, и Лукреција Борџија, кој, по смртта на Чезаре, се преселила во Ферара на дворот на својата тетка, Лукреција Борџија.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.