From Wikipedia, the free encyclopedia
Старогрчкиот поим аристократија значи "власт на најдобрите" и е кованка од зборовите "аристо" (најдобар) и "кратија" (владеење). Бидејќи секој има различна дефиниција за поимот "најдобар", особено во контекст на власта, терминот е прилично негоден за употреба. Историски, аристократиите најчесто се наследни плутократии (видете подолу), каде што чувството на историски гравитас и ноблес оближе ги приморува членовите на таквата класа на високопринципијални дела.
Државни уредувања |
---|
Дел од темата Политика |
|
Портал Политика · уреди |
Други системи на управа:
Терминот ,,Аристократија" првобитно се употребувал за младите атински челници кои воделе војски од првите редови со мечот вперен угоре. Оттогаш во Стара Грција воената храброст почнала да се смета за голема доблест и поимот „најдобри“ станал вообичаениот епитет кога станувало збор за таквата класа. Од Старите Грци, поимот продолжил да се користи во средновековна Европа за слична таква класа на наследни војсководци, наречени „благородници“. Во Стара Грција оваа била робовладетелска класа чија воена улога им дала за право да се сметаат за „најблагородни" или „најдобри". Најголемата разлика меѓу нив е во тоа што средовековнато благородништво се потпирало на црквата за поддршка на нивните ставови дека се „најдобри" во своето општество.
Една од главните каузи на Француската револуција била идејата дека традиционалната аристократија повеќе не ги претставувала „најдобрите" од општеството. Со модернизацијата на војската од страна на кралот Луј XIV, војсководците престанале лично да ги водат војските во поход, туку почнале да ги командуваат битките од безбедно растојание. Така, народот повеќе не сакал да ги признае традиционалните права на аристократите доколку тие не си ги заработиле на традиционален начин. Француската револуција била главно против аристократите кои ја добиле титулата наследно, а не против оние кои ја добиле по заслуга. Таквиот незаработен статус претставувал голема навреда за буржоазијата и новите либерални норми. Така, терминот „аристократија" почнал да се користи за оние кои барат право на незаработени привилегии и луксуз само заради нивното потекло, а не за оние кои го сметале служењето на татковината како наследно право. Во Обединетото Кралство и други европски држави во кои наследни титули сè уште се признаени, поимот "аристократ" сè уште се однесува на потомците на отприлика 7,000 семејства со наследни титули, од кои големиот дел се значително богати, иако тоа не мора да значи.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.