црква во Охрид, Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Пресвета Богородица Привлептос (Пресвета Богородица Севидна) — црква наоѓа во градот Охрид, изградена пред 1295 година. Фресконатписот во нартексот, покрај други личности, ги споменува Прогон Згур и годината на „подигањето“, односно живописот на црквата, 1295.[1]
Света Богородица Перивлепта | |
---|---|
Црквата Пресвета Богородица-Привлептос во Охрид | |
Основни податоци | |
Место | Охрид, Македонија |
Припадност | православие |
Архитектонски опис | |
Архитектонски тип | црква |
Архитектонски стил | византиска архитектура |
Подоцнежните историски податоци зборуваат за големиот углед што го имала црквата во текот на 15 век, особено кога регионот се наоѓал во составот на Османлиското Царство. Деволскиот епископ Григориј ја соѕидал и ја живописал (1364-1365) северната капела (посветена на Григориј Богослов), а потоа била соѕидана јужната капела (посветена на Свети Никола) и отворениот трем околу црквата каде што се насликани портретите на некои ктитори и на други современи историски личности. По уривањето на манастирската црква Свети Пантелејмон, во црквата Богородица Привлептос се пренесени моштите на Свети Климент (па затоа е наречена Климентова црква), а истовремено таа станала и седиште на охридските архиепископи и на „музејот на архиескопијата“ со својот печат (засега најстар на Балканот).
Црквата има основа на византиските куполни цркви со впишан крст во правоаголен простор. Куполата во наосот се потпира врз четири слободни столба, а слепа слепата купола во нартексот на четири пиластри. Ѕидана е од камен, бигор и тули, а со нивна комбинација се подигнати различни декоративни површини (меандер, шаховско поле, рибина коска). Овој начин на ѕидање се заснова врз традицијата пренесена од византиската метропола, но црквата Богородица Привлептос, како и некои други во Македонија, укажуваат и на непосредни врски со градителството од 13 век во Епир.
Извонредните уметнички вредности на фреско-декорацијата и ризницата од икони на оваа црква заземаат истакнато место во науката. Врз основа на откриените потписи се знае дека фреските во 1295 ги извеле сликарите Михаил Астрапа и Евтихиј. Тоа се проминентни личности на ликовното творештво од крајот на 13 век и првите децении на 14 век на Балканот, а нивните дела по уметничкиот квалитет се рамни на современите остварувања во византиската културна метропола.
" ignored (help); Отсутно или празно |title=
(help)CS1-одржување: излишна интерпункција (link)
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.