црква во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Црквата Свети Климент и Пантелејмон се наоѓа во месноста Плаошник во стариот дел на Охрид. Црквата е изградена и осветена во 2002. година. Црквата Свети Климент и Пантелејмон е така наречена во чест на Свети Климент Охридски кој првобитно го изградил храмот на ова место и на Свети Пантелејмон на кого првобитно била посветена.
Свети Климент и Пантелејмон | |
Поглед кон црквата. | |
македонска православна црква | |
Епархија | Дебарско-кичевска |
Архијерејско намесништво | Охридско |
Местоположба | |
---|---|
Место | Плаошник |
Општина | Охрид |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Осветување | 863 |
Ктитор | Климент Охридски |
Водство | Дебарско-кичевста епархија |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | Средновизантиски |
Стил | Византиски стил |
Црквата Свети Климент и Пантелејмон претставува реплика на постарата црква Свети Пантелејмон која ја изградил Свети Климент Охридски во 863. година на истотото место, на темелите од голема петобродна ранохристијанска базилика. Во 916 година, по смртта, Свети Климент бил погребан во подот на црквата во гробница која наводно самиот ја подготвил. Црквата Свети Пантелејмон била неколкупати обновувана сѐ до 15 век, кога конечно била урната од Отоманските Турци и на нејзините темели била изградена џамија позната како Имарет-џамија.
Целиот реон на месноста Плаошник е богат со археолошки наоди. Самата црква Свети Пантелејмон е изградена во 863. година, над темелите на голема петобродна базилика чии остатоци се и денес видливи околу црквата.
Народното предание дека на ова место постои Климентова црква и неговата гробница, било потврдено по првите археолошки ископувања во 1943 година, кога проф. Димче Коцо ги открил темелите на Климентовата црква и во исто време и гробницата на св. Климент Охридски[1]. Врз темелите на ранохристијанската базилика, од која се зачувани остатоци, била изградена црква со триконхална форма (лист на детелина), архитектонски облици какви што биле негувани во IX век во Византија. Црквата била обновена во XII век, а потоа уште еднаш во XIII век. Понатака кон оваа црква биле доградувани капели, а во XIV век припрата и надворешна припрата со камбанарија. Фреските од првобитната Климентова црква од IX век не се зачувани. Фрагментите на пронајдените фрески, во текот на археолошките истражувања, им припаѓаат на три различни периоди на обновувањето и проширувањето на Климентовиот манастир.
За изградбата на црквата по проект на архитектката Тања Паскали Бунташеска, од Охридскиот завод и музеј, во што учествувале околу 200 стручни лица и градители, биле потрошени над 1 милион евра во најголем дел владини средства. Камен-темелникот на возобновената црква бил поставен во 2000. година, а обновувањето било по претпоставен изглед, врз темелите на старата црква, и како пример биле земени црквите од Охрид и неговата околина кои хронолошки припаѓаат на одредени фази на Св. Пантелејмон.[2]
Светиклиментовиот гроб во новиот храм е на старата гробна конструкција, целиот под стакло, а над него има саркофаг од мермер во кој се наоѓа ковчежето со моштите на свети Климент. На јужната страна на гробот се поставени икони на свети Климент и на свети Пантелејмон. Од другата страна во ниша се наоѓа дрвена скулптура на Свети Климент од 13 век пронајдена во црквата Света Богородица Перивлепта. Во, и околу новоизградената црква има стаклени подови за да се гледаат остатоците од стариот храм.
Сочуваните фрески, во долните зони од внатрешноста се специјално претставени, зашто храмот е споменик на културата. Од оригиналите, сочувани се основите на столбовите и една костурница во централниот дел од храмот. На овие места е поставено дебело стакло, за да може посетителите да ја согледаат целата конструкција на црквата.
Со лим се одвоени и старите делови од сочуваната архитектура - во долните зони, веднаш над темелите. На надворешниот, северен дел, оставени се белези од Султан-Мехмедовата (Имарет) џамија, за да останат и белези и од османлискиот период.
Камбаната тежи три тона и е изработена во ливница во Верона, со 400 години традиција. На ѕвоното има излеано детали со религиозни теми од Стариот и Новиот завет како и податоци и ликови на ктиторите.[3]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.