Фредериција
From Wikipedia, the free encyclopedia
Фредериција (дански: Fredericia, изг. [fʀɛðəˈʀedɕa]) — значаен град во Данска, поточно во средишниот дел од државата. Градот се наоѓа во рамките на регионот Јужна Данска, каде со околните населени места ја сочинува општината Фредериција. Основан е како тврдина од кралот Фредерик III во 1650 г.
Фредериција Fredericia | ||
Град | ||
Споменикот „Ландсолдатен“ во Фредериција | ||
|
||
Земја | Данска | |
---|---|---|
Регион | Јужна Данска | |
Општина | Фредериција | |
Височина | 15 м | |
Координати | 55°34′N 9°45′E | |
Население | 39.922 (2014) | |
Основан | 1650 | |
- Денешната општина | 1970 | |
Часовен појас | CET (UTC+1) | |
- лете (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | |
Поштенски бр. | 7000 | |
Повикувачки бр. | (+45) 72 | |
Портал: fredericia.dk | ||
Денес самипот град има 39.922 жители (2014)[1], а општината Фредериција брои вкупно 50.324 жители (2014).
Природни услови
Фредериција се наоѓа во средишниот дел на Данска. Од главниот град Копенхаген, Фредериција е оддалечен 210 км на запад.
- Релјеф
Градот Фредериција се наоѓа во источниот дел на данскиот полуостров Јитланд, на местото каде што најмногу се доближува со островот Фин. Ваквото стратегиско и прометно значење придонел на ова место да се формира град. Надрморкста височина на градот се движи од 0 до 25 метри.
- Клима
Климата во Фредериција е умерено-континентална под влијание на Атлантикот и топлата голфска струја.
- Води
Фредериција се формирала на Лилебелт, канал имзеѓу кој се раздвојуваат островот Фин и полуостровот Јитланд. Просечната широчина на каналот изнесува 1,0-1,5 километри. Средишниот дел од градот се наоѓа на местото каде Лилебелт се отвора во море, т.е. во Категат.
Историја
Подрачјето Фредериција било населено уште во времто на праисторијата. Денешната населба била формирана во 1650 година од страна на кралот Фредерик III. Населбата е замислена како тврдина на Данска на Јитланд, за обезбедување на даденото подрачје по Триесетгодишната војна.
Во 1846 година кај градот се доселила карактеристична битка во војната помеѓу Данска и Шлезивиг-Холштајн.
И покрај пет годишната окупација над Данска (1940-1945) од страна на Третиот Рајх, градот и неговото население не претрпеле големи страдања.
Население
Денес Фредериција има 39.797 жители во градските граници и околу 50.000 со околните населени места.
- Етнички состав
Населението на Хернинг до пред неколку децении било типично населено со етнички Данци. И денес етничките Данци се поголемото мнозинство во градот, но мал дел од населението се доселеници.
Познати личности
- Родени
- Хенрик Понтопидан (1857-1943) — писател
- Ерик Холтвед (1899–1981) — етнолог
- Сесил Бедкер (1927- ) — писател и поет
- Јерген Виг Кнудсторп (1968- ) — стопанственик, ген. директор на „Лего“
- Томас Серенсен (1976– ) — фудбалер
- Починати
- Драган Богдановски (1929-1998) — истакнат македонски политички иселеник, дисидент и еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ. Починал во воз во овој град, на пат од Шведска во Германија, а погребан е во Куманово.
Галерија
- Градски музеј
- Црквата „Св. Троица“
- Стара градска куќа
- Железничката станица
Поврзано
- Фредериција (општина)
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.