Категат

From Wikipedia, the free encyclopedia

Категатmap

Категат (дански: Kattegat, шведски: Kattegatt) — морска површина и мореуз помеѓу полуостровот Јитланд и островското подрачје на Данска на запад и југ и покраините Вестерјетланд, Сканија, Халанд и Бохуслен во Шведска на исток. Во него се слива Балтичкото Море преку протокот Ересунд и данските протоци. Категат е продолжение на Скагерак и може да се смета за залив на Балтичкото или на Северното Море, иако во Скандинавија не се смета за ниедно од наведените.

Thumb
Категат и Скагерак

Географија

Според спогодбата од 1932 потпишана од Данска, Норвешка и Шведска, северната граница помеѓу Категат и Скагерак се наоѓа на најсеверниот дел на ‘ртот Скаген (на Јитланд), а јужната граница кон Ересунд е на врвот на полуостровот Кулен во Сканија.[1]

Во Категат се влева реката Јета (кај Гетеборг), заедно со Лаган, Нисан, Етран и Вискан од покраината Халанд во Шведска и реката Гудено од Јитланд во Данска.

Поважни острови во Категат се Самсе, Лесе и Анхолт.

Околу Категат постојат неколку забележителни крајбрежни подрачја како природниот резерват Кулаберг во Сканија (со ретки видови и значајно карпесто крајбрежје), гратчето Меле (со живописно пристаниште и поглед) и ‘ртот Скаген на северниот крај на Данска.

Граници

Според Меѓународната хидрографска организација, Категат (збирно определено како „Категат, Ересунд и Големиот и Малиот Појас“) ги има следниве граници:[2]

На север. Линија од Скаген и островчето Патерностер (57°54′N 11°27′E), а оттаму на северозапад преку песочните насипи до островот Шерн.

На југ. Границите на Балтичкото Море во појасите (Голем и Мал Појас) и протокот Ересунд:

* Во Малиот Појас. Линија од Фалшефт (54°47′N 9°57.5′E) до Вејснес Неке (54°49′N 10°26′E).

* Во Големиот Појас. Линија од Гулстав (јужниот крај на островот Лагеланд) до Капел Кирке (54°46′N 11°01′E) на островот Лоланд.

* Во Ересунд. Линија од светилникот на Стевнс (55°17′N 12°27′E) до ‘ртот Фалстербу (55°23′N 12°49′E).

Поврзано

Наводи

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.