Сканија
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Сканија (од лат. Scania) или Сконе (швед. ⓘ) — најјужната[2] покраина (landskap) во Шведска. Се состои од полуостров на јужниот крај на Скандинавскиот Полуостров и некои блиски острови. Современата административна единица е истоимениот округ (län) Сконе[3] кој ги опфаќа речиси истите граници како покраината. Најголем град е Малме, кој е административен центар на округот и трет град по големина во Шведска.
Сканија Skåne | |||
---|---|---|---|
Земја | Шведска | ||
Крај | Јеталанд | ||
Округ | Сконе | ||
Површина[1] | |||
• Вкупна | 10,939 км2 (4,224 ми2) | ||
Население (2009) | |||
• Вкупно | 1,228,815 | ||
• Густина | 0,11/км2 (0,29/ми2) | ||
Народ | |||
• Наречје | сканиско | ||
Култура | |||
• Цвет | маргаритка | ||
• Животно | елен | ||
• Птица | црвена луња | ||
• Риба | јагула | ||
Час. појас | CET (UTC+1) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||
Повик. бр. | 040–0418 |
На север Сканија се граничи со покраините Халанд и Смоланд, на североисток со покраината Блекинге, на исток и југ со Балтичкото Море, а на запад со теснецот Ересунд. Теснецот го пресекува автомобилско-железничкиот Ересундски мост[4] и ја поврзува покраината со данскиот остров Зеланд. Ова подрачје е дел од меѓународниот регион Ересунд.[5]
Сканија се протега 130 км во должина (север-југ) и зазема помалку од 3% од површината на Шведска, но има 1.230.000 жители[1], што претставува 13% од населението во земјата. Околу 16% од жителите се родени во странство.[6] Со 111 жит/км2, Сканија е втора покраина во земјата по густина на населеност, веднаш по Седерманланд.
Како и останатите покраини во Шведска, Сканија нема административно-политичка улога како единица, туку претставува исклучиво културно-историска целина.
Од 1719 до 1996 г. покраината била поделена на два округа (län): Кристијанстад и Малмехус. Окрузите имале свој управник и окружен совет и биле поделени на општини и месности.
Во 1997 г. окрузите се споени и така е образуван округот Сконе, кој има речиси исти граници како покраината.
По две години, окружните подрачја се споиле во еден регион (регион Сконе), кој е надлежен за здравството, јавниот превоз, планирањето и културата.
Сканија во пишаните извори се јавува за првпат во IX век. Во средината на X век потпаднала под власта на данскиот крал Харалд Синозабиот. Заедно со Блекинге и Халанд го сочинувала скандинавскиот дел на источна Данска. Поради ваквата местоположба, Сканија со векови претставувала повод за честите данско-шведски војни. Во 1658 г. е склучен Роскилдскиот мировен договор според кој сите дански поседи источно од Ересунд ѝ припаднале на шведската круна. Сканија најпрвин била шведска територија под власта на генерален управник, а потоа влегла во состав на самата Шведска. Последниот обид на Данска да ја поврати покраината е направен во Битката кај Хелсингборг (1710), која завршила со нејзин пораз. Во 1719 г. покраината е поделена на два округа, со тоа сообразувајќи се со административниот систем на останатите делови на земјата. Оттогаш до денес Сканија е наполно дел од Шведска.
Сканија има три национални парка
Преку 90% од населението на Сканија живее во градови. Следниве населени места имаат над 10.000 жители:[7]
Долготрајните трговски врски на Сканија со други крајбрежни места во Европа оставиле значителен белег на локалната култура, која се смета за различна од другите краишта во Шведска. Широките предели и поблагата клима дава поинакво чувство, кое разни дејци го опишале како слично на Прованса во јужна Франција и Зеланд во Холандија.[8] Меѓу нив се вбројуваат Аугуст Стриндберг и Карл Лине.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.