Во договорот се поставени следниве услови:[3][4][5]
данската покраина Сканија веднаш да ѝ се отстапи на Шведска.
данската покраина Блекинге веднаш да ѝ се отстапи на Шведска.
данската покраина Халанд веднаш да ѝ се отстапи на Шведска. Халанд во тој момент бил под шведска окупација, која требала да трае 30 години согласно Договорот од Бремсебру од 1645.
данската покраина Борнхолм веднаш да ѝ се отстапи на Шведска.
норвешката покраина Бохуслен веднаш да ѝ се отстапи на Шведска. Со ова Шведска обезбедила непречена трговија на запад.
норвешкката покраина Тренделаг веднаш да ѝ се отстапи на Шведска (тогаш во нејзин состав биле Нурдмере и Румсдал).
Данска да се откаже од сите протившведски сојузништва.
Данска да го спречи минувањето на непријателски (кон Шведска) воени бродови и нивно навлегување во Балтикот преку протоците.
Враќање на поседите на Војводата од Холштајн-Готорп.[6]
Данска да ги подмири трошоците за шведската окупација.
Данска да учествува со војници во другите воени ангажмани на Карл X Густав.[7]
По склучувањето на договорот, Шведска го прекршила договорот продолжувајќи со походи во преостанатите делови на Данска-Норвешка, но морала да се повлече од данските острови и Тренделаг поради сојузот што Данско-Норвешка го слкучила со Холандија. Со Копенхашкиот мировен договор во 1660, Данска и Норвешка ги повратиле Борнхолм и Тренделаг, но останатите покраини останале во состав на Шведска.