Тен Копмејнерс

From Wikipedia, the free encyclopedia

Тен Копмејнерс

Тен Копмејнерс (роден на 28 февруари 1998 во Кастрикум[3]) — холандски фудбалер, играч од средниот ред на Јувентус и на холандската репрезентација.

Кратки факти Тен Копмејнерс, Лични податоци ...
Тен Копмејнерс
Thumb
Лични податоци
Полно име Тен Копмејнерс[1]
Роден на 28 февруари 1998(1998-02-28)(27 г.)[2]
Роден во Кастрикум, Холандија
Држава Холандија
Висина &100000000000001840000001,84 м[1]
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Јувентус
Број 8
Младинска кариера
АЗ Алкмар АЗ Алкмар
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2016-2018 Јонг АЗ Јонг АЗ 25 (3)
2017-2021 АЗ Алкмар АЗ Алкмар 116 (35)
2021-2024 Аталанта 97 (26)
2024- Јувентус 11 (1)
Репрезентација
2015 Холандија 17 4 (0)
2015-2016 Холандија 18 3 (0)
2016-2017 Холандија 19 13 (0)
2017-2018 Холандија 20 5 (0)
2018-2021 Холандија 21 17 (4)
2020- Холандија 21 (2)
Затвори

Биографија

Тен Копмејнерс е роден во Кастрикум,[3] град кој се наоѓа на половина час возење од Амстердам,[4] како едно од трите деца на неговите родители. Тој има брат и сестра;[4] неговиот брат Пер, кој е две години помлад од него, е исто така фудбалер и во моментов настапува за АЗ Алкмар, клубот во кој и двајцата ја започнале својата кариера.[5][6] Неговиот татко Ремко кој работи како спортски психолог, а некогаш играл бејзбол, го тренирал Тен уште од рана возраст да вежба изведување пенали со левата нога.[7]

Неговиот прекар „Кооп“ е скратеница од презимето, но често е наречен и „Робокооп“ по главниот лик од истоимениот филм од 1987 година.

Технички карактеристики

Тој е комплетен играч од средниот ред, левоног, опремен со одлична техника и вродени способности за организирање на играта. Благодарение на неговата тактичка флексибилност, тој може да ги покрие сите улоги во средниот ред и, доколку е потребно, може да го врати својот опсег на дејствување играјќи како централен дефанзивец (позицијата на која ја започнал својата кариера).[8][9] Иако е играч од средниот ред, тој е многу ефикасен и пред противничкиот гол, а добрата статистика на постигнати голови доаѓа благодарение на добриот удар од далечина кој го поседува како и неговиот квалитет за изведување прекини како слободни удари и пенали.[9][10][11]

Клупска кариера

АЗ Алкмар

Копмејнерс израснал во Северна Холандија, а првите чекори во фудбалот ги направил како младински играч на локалниот клуб, Витесе '22.[12] Во 2009 година, тој се приклучил на младинската академија на АЗ Алкмар на ниво под 12 години.[13] Оттогаш тој напредувал низ ранговите, и како дел од резервниот тим на клубот, Јонг АЗ, тој станал шампион на холандската трета дивизија во сезоната 2016–17, постигнувајќи промоција до Ерсте дивиси.[14]

На 18 август 2017 година, Копмејнерс го направил своето деби во професионалниот фудбал со Јонг АЗ во победата на гости со 31 над Ден Бош.[15] Набргу потоа, тој го направил своето прво деби за првиот тим, влегувајќи како замена за Алиреза Јаханбахш во последните 30 минути од поразот на домашен терен со 4-0 од Фејенорд на 1 октомври.[16] На крајот од сезоната 2017–2018, АЗ завршил на третото место и со тоа се квалификувал за Лига Европа. Во својата прва професионална сезона, тој одиграл 26 првенствени натпревари во кои постигнал еден гол (во победата со 3-0 над Утрехт).[17]

Во следната сезона, тој се етаблирал како еден од поважните играчи на клубот и незаменлив во средниот ред, играјќи во 32 од 34 првенствени натпревари на АЗ Алкмар. Покрај тоа, тој се докажал и со одличната завршница на акциите во офанзивната фаза, толку многу што постигнал дури 8 гола во првенството, завршувајќи како втор најдобар стрелец на клубот зад Гус Тил кој постигнал 12. На 2 август 2018, тој дебитирал во европските натпреварувања во победата со 2-1 над казахстанскиот клуб Кајрат, постигнувајќи го победничкиот погодок за својот тим од пенал во четвртата минута од судиското надополнување.[18]

Неговиот напредок продолжил и во сезоната 2019-2020, во која Копмејнерс одиграл 42 натпревари и постигнал 16 голови во сите натпреварувања.[19] На 1 март 2020, Копмејнерс направил додавање од 70 метри за да го изведе Усама Идриси за вториот гол на АЗ во победата од 2–0 над Ајакс, со што неговата екипа се израмнила со бодови со амстердамскиот клуб на врвот од табелата.[20] Една недела подоцна, тој постигнал два гола во победата на АЗ Алкмар со 4-0 над АДО Ден Хаг.[21] Сепак, набрзо потоа првенството било прекинато поради пандемијата на КОВИД-19 и за разлика од некој други лиги во Европа, никогаш не се доиграло до крај, што значело дека АЗ Алкмар на крајот морал да се задоволи со освојувањето на второто место заостанувајќи само по гол-разликата зад шампионот Ајакс.[22] Копмејнерс играл во сите 25 натпревари на клубот во лигата постигнувајќи 11 гола.

Во неговата четврта и последна сезона со АЗ Алкмар, Компејнерс го постигнал својот прв гол за сезоната во победата со 3-1 над Викторија П’лзењ во квалификациите за Лигата на шампионите, на 26 август 2020.[23] На 13 јануари 2021 година, постигнал два гола, од кој вториот бил посебно убав со удар со пета, за да и помогне на неговата екипа да оствари победа од 3-1 на гости против ПСВ Ајндховен.[24] Откако ја подобрил својата статистика и во оваа сезона забележувајќи 15 гола и 5 асистенции во Ередивиси, тој бил избран за Најдобар играч во првенството за сезоната 2020-2021.[3]

Копмејнерс го напуштил АЗ Алкмар кон крајот на август 2021, после вкупно 154 настапи и 43 гола за клубот.

Аталанта

На 30 август 2021 година, тој бил купен од Аталанта за околу 14 милиони евра плус 10% од идната препродажба.[25][26] Своето деби за клубот од Бергамо го направил на 11 септември во натпреварот на домашен терен против Фјорентина, влегувајќи кон крајот на местото на Матео Песина.[27][28] Својот прв гол во дресот на нероаѕурите и во Серија А го постигнал на 30 ноември, во победата со 4-0 над Венеција.[29] На 28 февруари 2022 година, на неговиот дваесет и четврти роденден, тој постигнал два гола против Сампдорија во натпреварот добиен со 4-0.[30] Првата сезона со Аталанта ја завршил со вкупно 43 настапи и 4 гола.

Следната сезона, на 1 септември 2022 го постигнал првиот хет-трик во кариерата во успехот со 3-1 против Торино,[31] станувајќи третиот Холанѓанец кој постигнал три (или повеќе) гола на еден натпревар во историјата на Серија А по Марко ван Бастен и Вим Кифт (два хет-трика во сезоната 1986-1987) со дресот на Торино.[31][32][33] Подоцна, тој постигнал уште еден во последното коло од првенството во успехот со 5-2 против Монца, затворајќи ја сезоната со двоцифрен број погодоци за првпат по доаѓањето во Серија А.[34]

Во сезоната 2023-2024, тој придонел за освојувањето на Лига Европа од страна на Аталанта, успех кој дошол после победата во финалето над Бајер Леверкузен, што претставува и првиот освоен европски трофеј во историјата на клубот.[35][36] Во првенството, тој повторно достигнал двоцифрена бројка на постигнати голови на 10 март 2024 година, постигнувајќи два гола во ремито 2-2 со Јувентус.[37] Дваесет дена подоцна, тој исто така постигнал гол во победата со 0-3 над Наполи,[38] а потоа го завршил првенството со вкупно 12 постигнати гола (од кои 10 со удари надвор од шеснаесеттникот).[11]

Јувентус

На 28 август 2024 година, тој бил купен од Јувентус,[39][40] за 51,3 милиони евра плус 6 милиони во бонуси.[41] Своето деби за Јувентус го имал на 1 септември, во натпреварот на домашен натпревар против Рома, влегувајќи на почетокот на второто полувреме на местото на Хуан Кабал.[42] Својот прв гол со бјанконерите го постигнал на 7 декември, погодувајќи ја мрежата на Болоња, во ремито 2-2 на домашен терен, во кое го постигнал првиот гол за Јувентус за намалување на негативата на 1-2.[43] Десет дена подоцна, тој исто така, постигнал гол во своето деби со Јувентус во Купот на Италија, со прекрасно изеден слободен удар во победата со 4-0 над Каљари во осминафиналето.[44]

Репрезентативна кариера

Копмејнерс забележал четири настапи за холандската репрезентација под 17 години,[45] како и два настапи за таа под 18 години. Како дел од репрезентацијата под 19 години, тој играл на Европското првенство, каде стигнале до полуфиналето и загубиле од Португалија. По пет настапи за репрезентацијата под 20 години,[45] тој го направил своето деби и за репрезентацијата под 21 година на 22 март 2018 година во поразот со 41 од Белгија во пријателски натпревар.[46]

На 19 август 2020 година, Копмејнерс бил повикан во сениорската репрезентација на Холандија од привремениот селектор Двајт Лодевегес во прелиминарниот тим за натпреварите од УЕФА Лига на нации против Полска и Италија.[47] Истата година во октомври, тој дебитирал за Орање во пријателскиот натпревар против Мексико.[48] Во мај 2021, бил повикан од селекторот Франк де Бур за Европското првенство 2020[49] иако не одиграл ниту минута на најголемиот континентален настан, на кој Холандија била елиминирана во осминафиналето од Чешка.[50]

Својот прв настап за репрезентацијата вон пријателски натпревари го имал во квалификациите за Светското првенство 2022 против Турција на 7 септември 2021 година, придонесувајќи со асистенција во победата од 6–1.[51] Копмејнерс го постигнал својот прв гол за сениорска репрезентација против Велс во Лигата на нации на 8 јуни 2022 година.[52] Во ноември истата година бил повикан во списокот на играчи кој ја претставувале Холандија на Светското првенство 2022 во Катар; на настанот, тој играл во сите натпревари на Орање, вклучително и во четвтфиналниот пораз на пенали од Аргентина. Во натпреварот кој го добил епитетот Битката кај Лусаил, Копмејнерс се појавил од клупата и му асистирал на поранешниот соиграч од АЗ Алкмар, Ваут Вегхорст, за израмнувачкиот погодок за 2-2 во 11-тата минута од судиското надополнување со што натпреварот отишол во продолженија. Откако натпреварот потоа стигнал до изведување пенали, тој го реализирал и својот пенал, но не можел да спречи Холандија да биде елиминирана по ударите од белата точка со резултат 4–3.[53]

На 29 мај 2024 година, Копмејнерс бил избран во тимот на Холандија за Европското првенство 2024.[54] Сепак, тој бил принуден да се повлече откако се здобил со повреда пред пријателскиот натпревар против Исланд на 10 јуни 2024 година.[55]

Хронологија на репрезентативните настапи

Повеќе информации Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Холандија, Дата ...
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Холандија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
7-10-2020АмстердамХоландија Холандија0 – 1Мексико МексикоПријателска-
7-9-2021АмстердамХоландија Холандија6 – 1Турција ТурцијаКвал. за СП 2022-влегол во игра 46'
13-11-2021ПодгорицаЦрна Гора Црна Гора2 – 2Холандија ХоландијаКвал. за СП 2022-влегол во игра 66'
26-3-2022АмстердамХоландија Холандија4 – 2Данска ДанскаПријателска-
29-3-2022АмстердамХоландија Холандија1 – 1Германија ГерманијаПријателска-заменет 46'
3-6-2022БриселБелгија Белгија1 – 4Холандија ХоландијаУЕФА Лига на нации 2022-2023 - Прва фаза-влегол во игра 83'
8-6-2022КардифВелс Велс1 – 2Холандија ХоландијаУЕФА Лига на нации 2022-2023 - Прва фаза1
11-6-2022РотердамХоландија Холандија2 – 2Полска ПолскаУЕФА Лига на нации 2022-2023 - Прва фаза-влегол во игра 65'
14-6-2022РотердамХоландија Холандија3 – 2Велс ВелсУЕФА Лига на нации 2022-2023 - Прва фаза-добил жолт картон во 32-рата минута 32'
22-9-2022ВаршаваПолска Полска0 – 2Холандија ХоландијаУЕФА Лига на нации 2022-2023 - Прва фаза-заменет 6'
21-11-2022ДохаСенегал Сенегал0 – 2Холандија ХоландијаСП 2022 - Прва фаза-влегол во игра 79'дет.
25-11-2022Ал РајанХоландија Холандија1 – 1Еквадор ЕквадорСП 2022 - Прва фаза-заменет 79'дет.
29-11-2022Ал ХорХоландија Холандија2 – 0Катар КатарСП 2022 - Прва фаза-влегол во игра 83'дет.
3-12-2022Ал РајанХоландија Холандија3 – 1САД САДСП 2022 - Осминафинале-влегол во игра 46' добил жолт картон во 60-тата минута 60'дет.
9-12-2022ЛусаилХоландија Холандија2 – 2 прод.
(3 – 4 пен.)
Аргентина АргентинаСП 2022 - Четвртфинале-влегол во игра 46'дет.
14-6-2023РотердамХоландија Холандија2 – 4 прод.Хрватска ХрватскаУЕФА Лига на нации 2022-2023 - Полуфинале-добил жолт картон во 93-тата минута 93'
18-6-2023ЕнсхедеХоландија Холандија2 – 3Италија ИталијаУЕФА Лига на нации 2022-2023 - натп. за 3. место-влегол во игра 63'
10-9-2023ДаблинИрска Ирска1 – 2Холандија ХоландијаКвал. за Евро 2024-влегол во игра 68'
18-11-2023АмстердамХоландија Холандија1 – 0Ирска ИрскаКвал. за Евро 2024-влегол во игра 90'
21-11-2023ФароГибралтар Гибралтар0 – 6Холандија ХоландијаКвал. за Евро 20241
22-3-2024АмстердамХоландија Холандија4 – 0Шкотска ШкотскаПријателска-влегол во игра 82'
16-11-2024АмстердамХоландија Холандија4 – 0Унгарија УнгаријаУЕФА Лига на нации 2024-2025 - Прва фаза1влегол во игра 68'
19-11-2024ЗеницаБосна и Херцеговина Босна и Херцеговина1 – 1Холандија ХоландијаУЕФА Лига на нации 2024-2025 - Прва фаза-
Вкупно Настапи 23 Голови 3
Затвори

Статистика

Клупска статистика

Статистикате е ажурирана на 17 декември 2024.

Повеќе информации Сезона, Клуб ...
Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2016-2017Холандија Јонг АзТД192---------192
2017-2018ЕР61---------61
Вкупно Јонг Аз Алкмар253------253
2017-2018Холандија Аз АлкмарЕ261КХ50------311
2018-2019Е328КХ40ЛЕ1[56]1[56]---379
2019-2020Е2511КХ31ЛЕ14[57]4[58]---4216
2020-2021Е3115КХ10ЛШ+ЛЕ2[56]+61[56]+1---4017
авг. 2021Е20КХ00ЛШ2[56]0---40
Вкупно Аз Алкмар11635131257--15443
авг. 2021-2022Италија АталантаА304КИ20ЛШ+ЛЕ5+60---434
2022-2023А3310КИ20------3510
2023-2024А3412КИ53ЛЕ120---4915
Вкупно Аталанта972693230--12929
2024-2025Италија ЈувентусА121КИ11ЛШ50СИ+Скп00182
Вкупно во кариерата25065235537--32677
Затвори

Репрезентативна статистика

Статистикате е ажурирана на 17 декември 2024.[59]

Повеќе информации Репрезентација, Година ...
РепрезентацијаГодинаНастапиГолови
Холандија Холандија 202010
202120
2022121
202351
202431
Вкупно233
Затвори

Хет-трикови

Повеќе информации Хет-трикови, Дата ...
Затвори

Титули

Клупски

Аталанта

2023-2024

Поединечни

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.