Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Самсун (турски: Samsun) — град во Црноморскиот регион во Турција и главен град на истоимената провинција. Градот Самсун има население над половина милион луѓе и се наоѓа на северниот брег на Турција. Градот има два универзитета, неколку болници, трговски центри, спортски објекти итн.
Самсун | |
---|---|
Местоположба на Самсун на картата на Турција | |
Координати: 41°17′N 36°20′E | |
Земја | Турција |
Регион | Црноморски регион |
Покраина | Самсун |
Реони | Список
|
Управа | |
• Градоначалник | Јусуф Зија Јилмаз (АКП) |
Површина | |
• Градска | 1,055 км2 (0,407 ми2) |
Надм. вис. | м | 4
Население (2013) | |
• Густина | 573/км2 (1,480/ми2) |
• Градскo | 605,319 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Поштенски код | 55 |
Повик. бр. | (+90) 362 |
Регистарски таблички | 55 |
Клима | Cfa |
Мреж. место | www.samsun.bel.tr |
Мустафа Кемал Ататурк ја започнал Турската војна за независност во 1919 година од овој град.
Денешното име на градот произлегува од старото грчко име за градот, Амисос или Амисон[1]. Грчкиот историчар Хекатеј Милетски пишува дека Амисос порано се викал Енете, место кое е споменато во Илијада на Хомер. Од страна на атинските доселеници градот бил нарекуван Пираиос, додека од римските бил познат како Помпеополис, според римскиот државник Помпеј[2].
Од страна на Џенова, градот бил наречен Симисо додека Османлиите го користиле денешното име.
Најраните слоеви ископани во овој регион датираат од бакарно време[3]. Во областа Текеќој била откриена населба на раната бронзена ера. Самсун или Амисос бил населен во 760-750 п.н.е. од страна на луѓе од Милет, кое воспоставиле трговските односи со античките народи на Анадолија. Идеалната комбинација на плодна почва и плитките води во градот придонела градот да привлече голем број трговци.
Во времето кога градот бил населен од страна на Милетијците во 6 век пр.н.е.[4], се смета дека постоела значајна грчка активност на трговците по должината на брегот на Црно Море.[5] , иако археолошките докази за ова се многу фрагментарни. Единствениот археолошки доказ што постои е од почетокот на 6 век, и тој е фрагмент од дива коза изработена од керамика, која денеска се наоѓа во Лувр[6].
Градот бил освоен од страна на Персијците во 550 п.н.е. и станал дел од Кападокија[2]. Во 5 век п.н.е., градот станал слободна држава и еден од членовите на Делскиот сојуз[7], предводен од страна на Атињаните, додека подоцна бил преименуван во Пираиос[8]. Во 4 век п.н.е. градот паднал под власта на Кралството Понт.
Римјаните го освоиле градот во 71 п.н.е.[9] и Амисос станал дел од Витинија[10]. Околу 46 п.н.е., за време на владеењето на Јулиј Цезар, градот станал главен град на римската провинција Понт. Од периодот на Вториот триумвират до почетокот на владеењето на Нерон, Понт бил управуван од страна на неколку кралеви, како и една кралица, внука на Марко Антониј. Од 62 година градот започнал да биде директно управуван од римските управници, најпознат од кои бил Трајан Плиниј[11].
Се смета дека градот во околу 150 година имал население од 20,000-25,000 луѓе[12], и бил класифициран како релативно голем град за тоа време. Градот функционирал како главен град на покраината Понт, победувајќи го својот соперник Синопе (сега Синоп) поради својата позиција на чело на транс-анадолскиот автопат[7].
Во доцната антика, градот станал дел од Понтика во рамките на Источното Римско Царство, додека подоцна станал дел од тема Ерманија. Замокот во градот бил изграден во 1192 година, но бил разрушен во 1909 година.
Иако корените на градот се хеленистички[10], градот бил еден од центрите каде започнало ширењето на раното христијанство[10]. Неговата функција на трговска метропола во северниот дел на Мала Азија била фактор што придонесела за да се овозможи ширењето на христијанското влијание[13]. Како голем пристаништен град, често раните христијани патувале во Ерусалим[14]. Според Јосиф Флавиј, во Мала Азија живееле голем број на еврејско население[15]. Со оглед на тоа што првите евангелисти биле фокусирани на еврејските заедници во дијаспората, не било чудно што градот Амисус бил привлечен град за работа на раните хртистијани. Во Петровото послание авторот се обратил кон еврејската дијаспора од провинцијата Понт, заедно со уште четири провинции: „Петар, апостол на Исус Христос, до вас кои сте привремени жители на овој свет, распрснати по Понт, Галатија, Кападокија, Азија и Витинија, избрани според она што Бог, Таткото, однапред го знаеше, посветени со духот, за да бидете послушни и попрскани со крвта на Исус Христос[16]. Се смета дека ширењето на христијанството во регионот започнало токму од Амисус. Во 1 век Плиниј Помладиот имал конфликти со христијаните кои биле осудувани поради нивното одбивање да се откажат од својата религија, но во еден документ се вели дека истиот тој имал и толеранција за некои христијански практики. Рани христијани кои делувале вд градот се Григориј Просветител и Свети Василиј Велики.[17].
Христијански епископи од овој период се Антониј, кој учествувал на Четвртиот вселенски собор во 451 година, Еритреј, епископот Флор, Тибериј кој учествувал на Третиот собор во Цариград во 680 година,
Самсун бил дел од Селџучкото Царство, Иконискиот Султанат и Трапезунтското Царство. По распаѓањето на Селџучкото Царство и создавањето на мали бејлици во доцниот 13 век, градот бил управуван од страна на Исфендијар. Кон крајот на 14 век градот бил освоен од страна на Османлиите на чело со Бајазид I, но тие го изгубиле градот по инвазијата на Тимур. Повторното османлиско освојување се случило во 1420 година, период кога се зацврстила Османлиското Царство.
Во подоцнежниот отомански период, регионот главно се занимавал со производство на тутун. Градот со железница бил поврзан во втората половина на 19 век. Во периодот од 1837-1863 година, во градот имало британски конзулат[18]. Градот во тоа време бил дом на повеќе од 5.000 Евменци, кои биле прогонети или убиени во текот на Ерманскиот геноцид од 1915 година за време на Првата светска војна. Според локални очевидци, голем дел од самсунските Ерменци се удавиле во Црното Море[19], додека други биле депортирани и на крајот масакрирани во провинциите на југ. По Ерменскиот геноцид останале единаесет Ерменци кои го прифатиле исламот и двајца ерменски лекари. Ерменските деца кои останале без своите родители, биле дадени на турски семејства.[20].
Мустафа Кемал Ататурк своето национално турско ослободително движење го започнал на 19 мај 1919 година од Самсун, на денот кој традиционално го означува почетокот на Турската војна за независност. Ататурк, назначен од страна на османлиската власт како инспектор на војниците на Деветтата армија, го напуштил Цариград и заминал со брод за Самсун. Наместо почитување на наредбите на османлиската власт, тој и голем број од неговите колеги прогласил почеток на ослободително движење. Подоцна во текот на војната за независност, градот бил бомбардиран од страна на грчката морнарица.
Од 1920 година, населението на Самсун изнесувало околу 36.000 жители.[21]
Населението на градот е 802.011 жители, а на областа - 1.250.076 (2010) со површина од 9.083 км².
Самсун се протега по должината на брегот меѓу две речни делти (Црвена и Зелена Река), кои се влеваат во Црно Море. Градот се наоѓа на крајот на античкиот пат за Кападокија. Градот последните години забележува голем развој. Во текот на овој период биле изградени голем број на станбени и деловни објекти. Индустриските објекти се градат кон источниот дел на градот, кон аеродромот. Реката Кизилирмак или Црвена Река е една од најдолгите реки во Анадолија.
Самсун има типична црноморска клима со високо и рамномерно распределување на врнежите во текот на годината[22]. Летото е топло и влажно, а просечната максимална температура е околу 27 C (81 °F) во август. Зимата е студена и влажна, а најниската просечна минимална температура е околу 3 °C (37 °F) во јануари.
Врнежите се поинтензивни во доцната есен и почетокот на зимата. Снежната покривка е поголема меѓу месеците декември и март, но тоа обично зависи исклучиво од годината, и многу ретко се задржува температура под 0 степени за повеќе од 3-4 дена.
Температурата на водата, како и на остатокот на Црноморското крајбрежје на Турција, се движи помеѓу 8° и 20 °C (68 °F) во текот на целата година.
Климатски податоци за Самсун | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Месец | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Годишно |
Највисока забележана °C (°F) | 24.2 (75.6) |
26.5 (79.7) |
33.6 (92.5) |
37.0 (98.6) |
36.4 (97.5) |
37.4 (99.3) |
37.5 (99.5) |
35.2 (95.4) |
38.3 (100.9) |
38.4 (101.1) |
31.4 (88.5) |
28.9 (84) |
38.4 (101.1) |
Прос. висока °C (°F) | 10.9 (51.6) |
11.1 (52) |
12.0 (53.6) |
15.3 (59.5) |
19.0 (66.2) |
23.7 (74.7) |
26.5 (79.7) |
27.0 (80.6) |
23.9 (75) |
20.1 (68.2) |
16.7 (62.1) |
13.1 (55.6) |
18.27 (64.9) |
Сред. дневна °C (°F) | 7.2 (45) |
7.1 (44.8) |
7.9 (46.2) |
11.4 (52.5) |
15.6 (60.1) |
20.3 (68.5) |
23.3 (73.9) |
23.5 (74.3) |
20.0 (68) |
16.1 (61) |
12.4 (54.3) |
9.3 (48.7) |
14.51 (58.11) |
Прос. ниска °C (°F) | 4.2 (39.6) |
3.9 (39) |
4.7 (40.5) |
8.0 (46.4) |
12.1 (53.8) |
16.2 (61.2) |
19.2 (66.6) |
19.7 (67.5) |
16.5 (61.7) |
12.9 (55.2) |
9.2 (48.6) |
6.4 (43.5) |
11.08 (51.97) |
Најниска забележана °C (°F) | −8.1 (17.4) |
−7.4 (18.7) |
−7.0 (19.4) |
−2.4 (27.7) |
2.7 (36.9) |
9.0 (48.2) |
13.4 (56.1) |
14.0 (57.2) |
7.0 (44.6) |
1.5 (34.7) |
−2.8 (27) |
−4.0 (24.8) |
−8.1 (17.4) |
Прос. врнежи мм (ин) | 68.1 (2.681) |
57.5 (2.264) |
63.3 (2.492) |
57.1 (2.248) |
48.7 (1.917) |
45.9 (1.807) |
32.2 (1.268) |
39.7 (1.563) |
51.4 (2.024) |
80.6 (3.173) |
83.8 (3.299) |
78.0 (3.071) |
706.3 (27.807) |
Прос. бр. дождливи денови (≥ 0.1 mm) | 13.5 | 13.5 | 15.4 | 14.2 | 12.7 | 9.4 | 5.8 | 6.3 | 9.9 | 12.2 | 12.0 | 12.9 | 137.8 |
Прос. релативна влажност (%) | 68 | 72 | 77 | 80 | 82 | 78 | 74 | 74 | 75 | 72 | 71 | 69 | 74.3 |
Сред. бр. сончеви часови месечно | 77.5 | 90.4 | 102.3 | 129.0 | 192.2 | 246.0 | 263.5 | 254.2 | 186.0 | 136.4 | 102.0 | 74.4 | 1.853,9 |
Можен удел на сончевост | 26.3 | 30.3 | 27.7 | 32.3 | 42.8 | 54.2 | 57.2 | 59.4 | 49.7 | 39.6 | 34.5 | 26.1 | 40.01 |
Извор: http://mgm.gov.tr/veridegerlendirme_z16/il-ve-ilceler-istatistik.aspx?m=SAMSUN |
Градот има мешана економија [24] со блага индустриска зона кон аеродромот. Главните произведени производи се медицински апарати и помагала, мебел, тутун (иако одгледувањето на тутун денес е ограничено од владата), хемикалии и резервни делови за автомобили. Во Самсун се наоѓа и најголемото пристаниште на турското крајбрежје на Црното Море[25].
Во градот има два универзитета: Ондокуз Мајс и Џанак Башар универзитет.
Фудбалскиот тим на градот го носи името Самсунспор. Тој е меѓу најпопуларните турски фудбалски тимови.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.