Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Турската војна за независност (турски: İstiklal Harbi, буквално значи "војната за независност" или Kurtuluş Savaşı, буквално значи "Ослободителната војна," 19 мај 1919 - 24 јули 1923 година) претставувала војна која се водела од страна на турските националисти против сојузниците од Првата светска војна кои по крајот на војната и поразот на Османлиското Царство ја окупирале земјата.[1][2][3].
Турското национално движење во Анадолија формирало Големо национално собрание на чело со Мустафа Кемал Ататурк. По завршувањето на турско-ерменската, турско-француската и турско-грчката војна во 1923 година бил потпишан Лозанскиот договор каде на 29 октомври 1923 година била прогласена Република Турција.
Окупацијата на Цариград, заедно со окупацијата на Измир од страна на победничките сили во војната го дал почетокот на Турската војна за независност, која траела од 1919 до 1922 година. На чело на Турското национално движење застанал Мустафа Кемал Паша.[4]
Мустафа Кемал побарал национални избори за да се воспостави нов турски парламент, кој ќе има свое седиште во Анкара. На 12 февруари 1920 последниот отомански парламент се собрал во главниот град. Парламентот се распуштил од страна на британските сили, откако бил прогласен за Misak-i Milli („Национален пакт“). На 10 август 1920 година, Големиот везир Дамат Ферид Паша го потпишал Договорот од Севр. Со тој договор се завршиле плановите за поделба на Отоманското Царство, вклучувајќи го и региони турските родољупци ги сметале за важни делови. Мустафа Кемал инсистирал на целосна независност и заштитата на интересите на мнозинството на Турците на турската почва. Тој го убедил Собранието да ја собе национална армија. Армијата се соочила со окупација на сојузничките сили и се борела на три фронта: француско-турскиот, грчко-турскиот и турско-ерменскиот фронт. По серијата битки за време на грчко-турската војна, грчката армија стигнала до реката Сакарја, само осумдесет километри западно од Собранието. На 5 август 1921 година, Мустафа Кемал бил промовиран како командант на силите од страна на Собранието. Во август 1922, Кемал започнал со силни напади врз грчките војници и турските сили ја повратија контролата на Измир на 9 септември 1922 година. На 10 септември 1922, Мустафа Кемал испратил телеграма до Лигата на народи каде вели Анкара Владата нема да биде одговорна за масакрите извршени за време на војната за независност.
Конференцијата во Лозана започнала на 21 ноември 1922 година. Турски претставник Исмет Инени одбил секаков предлог што би бил компромис за турскиот суверенитет, главните прашања во врска со контролата на турски финансии, Босфорот, правдата и слично. На 24 јули 1923 година бил потпишан Договорот од Лозана. Крајниот исход на војната за независност било прогласувањето на Република Турција на 29 октомври 1923 година. Со ова, офоцијално престанала да постои Османлиското Царство.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.