Јосиф Флавиј
римски историчар и воен водач од еврејска народност (ок. 37 - ок. 100 година) From Wikipedia, the free encyclopedia
Јосиф Флавиј (старогрчки: Ἰώσηπος Φλάβιος, лат: Josephus Flavius;; ок. 37 – ок. 100) ― римо-еврејски историчар и воен водач од првиот век, најпознат по неговото дело Јудејската војна. Роден е во Ерусалим — тогаш дел од Римска Јудеја — од татко со свештеничко потекло и мајка која тврдела дека има кралско потекло.[3]
За време на Првата еврејско-римска војна прво се борел против Римјаните како генерал на еврејската војска во Галилеја,[4] а во 67 г.н.е. по шестнеделната опсада на Јодфат се предал на римската војска предводена од Веспазијан. Јосиф тврдел дека еврејските месијански пророштва претскажуваат дека Веспазијан ќе стане Римски цар.[5][6][7] Поради претскажувањето, Веспазијан решил да го задржи Јосиф Флавиј како роб и веројатно преведувач. Откако Веспазијан, во 69 г.н.е. станал цар, го ослободил Јосиф,[8] и тогаш Јосиф Флавиј го презел семејното име на царот Флавиј.
Флавиј Јосиф целосно преминал на римска страна и добил римско државјанство. Тој станал советник и пријател на синот од Веспазијан, Тит, и бил негов преведувач додека Тит го опсаднал Ерусалим во 70 г.н.е. Опсадата не успеала да го потисне еврејскиот бунт, и набрзо следело ограбување на градот и ограбување и уништувањето на Иродовиот храм (вториот храм).
Јосиф во свое дело го опишал Големото јудејско востание (66-70 н.е.), заедно со опсадата на Масада. Неговите најважни дела биле Јудејската војна ( ок. 75) и Еврејски антиквитети ( ок. 94).[9] Јудејската војна раскажува за еврејскиот бунт против римската окупација. Еврејски антиквитети ја раскажува историјата на светот од еврејска перспектива за грчка и римска публика. Овие дела даваат вреден увид во јудаизмот од првиот век и за раното христијанство. [9] Делата на Јосиф Флавиј, по Библијата, се главен извор за историјата на Древен Израел и обезбедуваат значајни и независни вонбиблиски списи за личности како: Понтиј Пилат, Ирод Велики, Јован Крстител, Јаков Праведниот, а можеби и за Исус од Назарет.
Дела

Делата на Јосиф Флавиј се основен извор за денешното сфаќање на еврејскиот живот и историја во текот на првиот век.[10] Делата ги пишувал на грчки јазик.
- ( ок. 75) Јудејската војна
- ( ок. 94) Еврејски антиквитети
- ( ок. 97) За антиката на еврејскиот народ
- ( ок. 99) Животот на Јосиф Флавиј, или Автобиографија на Флавиј Јосиф (скратено Живот или Вита)
Поврзано
- Јосиф Флавиј за Исус
- Јосифов проблем - математички проблем крстен по Јосиф Флавиј
- Јосипон
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.