Садио Мане

Сенегалски фудбалер From Wikipedia, the free encyclopedia

Садио Мане

Садио Мане (роден на 10 април 1992, во Бамбали, Седиу) — сенегалски фудбалер, крило на Баерн Минхен и на сенегалската репрезентација.

Кратки факти Садио Мане, Лични податоци ...
Садио Мане
Thumb
Лични податоци
Полно име Садио Мане[1]
Роден на 10 април 1992(1992-04-10)(32 г.)[2]
Роден во Бамбали, Седиу, Сенегал
Држава Сенегал
Висина &100000000000001740000001,74 м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Ливерпул Ливерпул
Број 10
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2011–2012 Мец Мец 22 (2)
2012–2014 Салцбург 63 (31)
2014–2016 Саутхемптон Саутхемптон 67 (21)
2016–2022 Ливерпул Ливерпул 196 (90)
2022- Бајерн Минхен 20 (6)
Репрезентација
2012- Сенегал 95 (35)
* Ажурирано на: 6 јануари 2011
** Ажурирано на: 17 ноември 2010
Затвори

Мане ја започнал својата фудбалска кариера во францускиот клуб Мец на 19-годишна возраст, но по само една сезона го напуштил клубот за да му се приклучи на австриски Ред Бул Салцбург во 2012 година за сума од 4 милиони евра, каде што ги освоил првенството и купот во сезоната 2013–2014. Во летото 2014, Мане преминал во редовите на англискиот клуб Саутхемптон за клупски рекорд од 11,8 милиони фунти. Таму, тој поставил нов рекорд во Премиер лигата за најбрзиот хет-трик, постигнат за 176 секунди во победата од 6–1 над Астон Вила во 2015 година.[3]

Во 2016 година, Мане потпишал за Ливерпул, во трансфер вреден 34 милиони фунти каде што работејќи со менаџерот Јирген Клоп неговата кариера ќе биде во постојан успон. Тој му помогнал на Ливерпул да стигне до финалето на УЕФА Лигата на шампионите во 2018 и 2019 година, победувајќи во второто со што клубот станал европски шампион. Потоа, тој исто така помогнал клубот од Анфилд да стави крај на сушата од 30 години без освоена првенствена титула, со освојувањето на Премиер лигата 2019-2020, за која Мане имал придонес со 18 погодоци.

За својата земја, репрезентацијата на Сенегал, Мане досега има 87 настапи и 29 гола, со што моментално е рангиран како најдобар стрелец во историјата на репрезентацијата (изедначен со Анри Камара) и се наоѓа на третото место по бројот на настапи. Тој го претставувал Сенегал на Олимписките игри 2012 и на Светското првенство 2018, во само второто учество на сенегалците на најзначајниот репрезентативен настан. Исто така, тој настапил на четири турнири на Африканскиот куп на нации во 2015, 2017, 2019 и 2021 година, играјќи двапати во финалето во 2019 и 2021 година, со различни резултати, пораз во 2019 и освојување на титулата во 2021 на пенали против Египет. Покрај освојувањето на титулата, Мане бил избран и за најдобар играч на турнирот.

Мане досега четири пати бил избран во КАФ Тимот на годината (2015, 2016, 2018, 2019) и ПФА Тимот на годината (2016-2017, 2018-2019, 2019-2020). Во сезоната 2018-2019, тој бил најдобар стрелец во Премиер лигата со 22 гола, изендачен со Мохамед Салах и Пјер-Емерик Обамејанг, по што сите тројца ја поделиле наградата Златна копачка на Премиер лигата. Во 2019 година, тој завршил на четвртото место во изборот за Златната топка за таа година, потоа ја добил наградата за Onze d'Or - за најдобар фудбалер на годината во Европа - во изборот на француското списание Onze Mondial, бил избран во тимот на годината според Европските спортски медиуми и бил вклучен во Тимот на годината на УЕФА. Конечно, тој ја добил наградата за Африкански фудбалер на годината за 2019 година.[4]

Клупска кариера

Мец

Мане го направил своето професионално деби за Мец на 14 јануари 2012 година, влегувајќи од клупата за резерви на местото на Кевин Дијаз во 75-тата минута при поразот на домашен терен од Бастија во Лига 2 со 0-1.[5] Тој направил 19 настапи во неговата прва сезона, од кој 12 како стартер, и постигнал еден гол во поразот со 2-5 од Генган на Стад Сен Симфориен на 4 мај.[6] По завршувањето на сезоната Мец испаднале во третата лига.

Ред Бул Салцбург

Thumb
Мане играјќи за Ред Бул Салцбург во 2012.

На 31 август 2012 година, Мане се преселил во Австриската Бундеслига откако бил купен од страна на Ред Бул Салцбург за трета најголема трансфер сума која Мец некогаш ја регистрирале.[7][8] Се верува дека трансферот бил вреден 4.000.000 €.[9] Во својата прва сезона во клубот го носел дресот со бројот 40.

Thumb
Мане во јули 2013 во пријателски натпревар против неговиот поранешен клуб, Мец.

Своето деби за Салцбург го направил во 8-мото коло од првенството, влегувајќи во игра како замена на местото на Џонатан Соријано во 66-тата минута од натпреварот против Риед на домашен терен што завршил 1-1. Две недели подоцна ги постигнал својте први два гола за клубот во победата на домашен терен над Штурм со 3-2.[10] Тој го постигнал својот прв хет-трик во кариерата на 31 октомври, во победата нагости кај Калсдорф со 3-1 во третиот круг на австрискиот куп.[11]

Следната сезона играл во двата квалификациски натпревари за Лигата на шампионите против Фенербахче во кои неговиот клуб бил елиминиран (вкупен резултат 2-4), како и во натпреварите од Лига Европа каде во 11 настапи постигнал 5 гола. На 27 октомври 2013 година, тој го постигнал својот прв хет-трик во Австриската Бундеслига, за време на победата на гостувањето против Гредиг со 3-0.[12] Тој постигнал уште една хет-трик на 7 мај 2014 година, кога Салцбург го прегазил второлигашот Хорн со 7-0 во полуфиналето на купот;[13] сезоната ја завршил со освојување на двојната круна со тимот.

Саутхемптон

На 1 септември 2014 година, Мане направил трансфер во Саутхемптон, за сума од 11.800.000 фунти, потпишувајќи четиригодишен договор со англискиот премиерлигаш.[14][15] Своето деби за клубот го направил на 23 септември во победата над Арсенал со 2-1 во Лига купот, заработувајќи пенал за првиот гол на Саутхемптон. Тој го направил својот прв настап во Премиер лигата во уште една победа со 2-1, овојпат над Квинс Парк Ренџерс четири дена подоцна, почнувајќи го натпреварот од почеток и бил асистент за првиот гол во натпреварот.[16]

Тој го постигнал својот прв гол за новиот клуб во победата со 8-0 над Сандерленд на 18 октомври 2014 година,[17] но подоцна голот му бил одземен и запишан како автогол на Патрик ван Анхолт.[18] Сепак, тој не чекал уште многу за да го реализира својот нареден гол, откако истиот дошол веќе во следниот натпревар, победата со 1-0 над Стоук Сити само една недела подоцна.[19] Во периодот декември/јануари Мане успеал да постигне гол во три последователни натпревари, против Кристал Палас (1-3),[20] Челси (1-1) [21] и Арсенал (2-0).[22] На 22 февруари 2015 година, Мане бил изоставен од почетната постава на Саутхемптон во поразот на домашен терен од Ливерпул со 0-2, како казна заради тоа што дошол доцна на стадионот.[23] На 16 мај, за време на последниот домашен натпревар на Саутхемптон за сезоната, Мане постигнал три гола во период од 2 минути и 56 секунди во победата со 6–1 над Астон Вила за да постави нов рекорд во Премиер лигата за најбрз хет-трик. Претходниот рекорд од 1994 година, го држел Роби Фаулер, кој постигнал три гола против Арсенал за 4 минути и 33 секунди.[3] Мане ја завршил сезоната со 10 гола во 32 настапи во сите натпреварувања.

Thumb
Мане (десно) играјќи за Саутхемптон во 2015 година

Мане ја започнал сезоната 2015–2016, со две асистенции во првиот натпревар од третото квалификациско коло за УЕФА Лига Европа на домашен терен против холандскиот клуб Витесе; тој исто така, постигнал и гол во реваншот, помагајќи му на Саутхемптон лесно да мине во следната рунда со вкупни 5–0.[24][25] На 2 декември, на Мане му биле потребни само 39 секунди за да го отвори резултатот против Ливерпул во четвртфиналето на Лига купот, но „Светците“ на крајот загубиле со убедливи 6-1.[26] На 2 јануари 2016 година, тој повторно бил исфрлен од стартната постава од менаџерот Роналд Куман за натпреварот против Норич Сити откако се појавил доцна на состанокот пред натпреварот.[27] На 12 март во завршницата од натпреварот против Стоук Сити тој добил директен црвен картон поради судир со Ерик Питерс,[28] кој брзо потоа бил поништен по поднесување на жалбата.[29][30] Откако не успеал да постигне гол во првенствен натпревар повеќе од четири месеци, Мане постигна два во победата со 3–2 над Ливерпул на 20 март 2016 година[31] по што уследила серија од пет гола во следните пет натпревари, вклучувајќи го и хет-трикот во победата со 4–2 против Манчестер Сити на 1 мај.

Сезоната 2015-2016, Мане ја завршил како најдобар стрелец на Саутхемптон со 15 голови во сите натпреварувања. Вкупно во дресот на Саутхемптон одиграл 75 натпревари и постигнал 25 голови.

Ливерпул

Thumb
Мане играјќи за Ливерпул во 2017 година.

На 28 јуни 2016 година, Мане се приклучил на Ливерпул во трансфер вреден 34 милиони фунти, потпишувајќи петгодишен договор. Овој трансфер го направил најскапиот африкански фудбалер во историјата.[32][33] На 14 август, го направил своето деби во Премиер лигата за црвените, постигнувајќи го притоа четвртиот гол во победата над Арсенал со резултат од 4-3.[34] Откако го пропуштил натпреварот против Барнли поради повреда на рамото, Мане се вратил на терен против Бартон Албион во натпреварот од во Лига купот каде имал две асистенции во победата од 5-0.[35] На 19 декември, тој го постигнал единствениот гол во 227-мото Мерсисајд дерби против градскиот ривал Евертон на Гудусон Парк.[36] На 11 февруари 2017 година, Мане постигнал два гола во период од две минути против Тотенхем на Анфилд, за да му ја донесе првата победа на Ливерпул во 2017 година.[37][38] На 20 април 2017 година, Мане бил избран во ПФА тимот на годината за сезоната 2016–2017 година, откако постигнал 13 првенствени голови во неговата прва сезона во Ливерпул.[39] И покрај тоа што недостасувал во поголемиот втор дел од сезоната поради повреда, на Мане му била доделена наградата за Играч на сезоната на Ливерпул на 9 мај 2017 година.[40]

Во првиот натпревар од новата сезона, на 12 август 2017 година, на гостувањето кај Вотфорд што завршило 3-3, Мане го постигнал првиот гол за Ливерпул во новата сезоната. Тој бил прогласен за Играч на месецот во Премиер лигата, откако постигнал гол на секој од трите натпревари на црвените во август 2017.[41] На 9 септември 2017 година, тој добил директен црвен картон уште во првото полувреме од поразот со 5–0 од Манчестер Сити поради високо подигната нога против голманот Едерсон,[42] што резултирала со суспензија од три натпревари.[43] Мане, заедно со новото засилување Мохамед Салах и бразилците Роберто Фирмино и Филипе Коутињо ја сочинувале плодната напаѓачка четворка на Ливерпул наречена Fab Four или подоцна Fab Three по заминувањето на Коутињо во средината на сезоната.[44] На 14 февруари 2018 година, Мане го постигнал својот прв хет-трик во Лигата на шампионите за Ливерпул во победата со 5–0 на гости против Порто во првиот натпревар од осминафиналето.[45] Притоа, тој станал само вториот играч кој постигнал хет-трик на гостински терен за клубот во натпревар од некое европско натпреварување.[46] Со голот во победата од 3–0 над Борнмут на 14 април, тој го надминал рекордот на Демба Ба од 43 гола и станал сенегалецот со најголем број на постигнати голови во историјата на Премиер лигата.[47]

На 26 мај, за време на финалето од Лигата на шампионите против Реал Мадрид, Мане го постигнал израмнувачкиот гол за Ливерпул во поразот од 3–1.[48] Така, тој станал првиот играч од Сенегал кој постигнал гол во финалето на натпреварувањето. Тој гол, исто така, бил неговиот 10-ти за сезоната во натпреварувањето од Лигата на шампионите со што Ливерпул станал првиот тим во историјата кој имал тројца играчи кои постигнале 10+ голови во една сезона во Лигата на шампионите, откако пред Мане таа бројка ја достигнале и неговите соиграчи од нападот Салах и Фирмино.[49]

Thumb
Мане (бел дрес) играјќи против Манчестер Јунајтед во 2018 година.

На 22 ноември 2018 година, Мане потпишал нов долгорочен договор со Ливерпул.[50] На 10 март 2019 година, Мане постигнал два голови во победата со 4–2 над Барнли, од кои вториот бил неговиот 50-ти гол за Ливерпул сметајќи ги сите натпреварувања.[51][52] Тие негови голови, исто така, го направиле само петтиот играч на Ливерпул кој постигнал гол во шест последователни натпревари на домашен терен во Премиер лигата по Мајкл Овен, Фернандо Торес, Луис Суарес и неговиот партнер во нападот Салах.[53] Три дена подоцна, тој постигнал уште два гола во победата со 3-1 над Бајерн Минхен за да му помогне на Ливерпул да се пласира во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Со тоа, тој станал рекордер на клубот од Анфилд по бројот на постигнати голови на гостински терен во натпреварувањето, со седум гола зад своето име.[54] За време на следниот натпревар на Ливерпул, тој соборил уште еден од рекордите на Демба Ба и станал сенегалски играч со најмногу постигнати голови во една сезона во Премиер лигата, откако го постигнал својот 17-ти гол за сезоната 2018-2019 во победата со 2–1 над Фулам.[55] На 20 април, тој бил еден од шестте играчи номинирани за наградата ПФА Фудбалер на годината заедно со соиграчот Вирџил ван Дајк.[56] Тој, исто така, бил избран во ПФА Тимот на годината заедно со соиграчите од Ливерпул, Трент Александер-Арнолд, Ендрју Робертсон и Ван Дајк.[57] Во последниот ден од домашното првенство, Мане постигнал два гола во победата од 2–0 над Вулверхемптон Вондерерс, но победата не била доволна за клубот да стане шампион на Англија, откако лидерот во пресрет на последното коло, Манчестер Сити, забележал победа и ја одбранил предноста од еден бод пред Ливерпул за да ја освои Премиер лигата. Сепак, со своите два гола Мане дошол до бројката од 22 гола за сезоната во која на крајот ја поделил наградата Златна копачка на Премиер лигата со соиграчот Салах и Пјер-Емерик Обамејанг од Арсенал.[58] На 1 јуни, Мане помогнал Ливерпул да добие ран пенал во финалето на Лигата на шампионите против Тотенхем, само 24 секунди по почетокот на натпреварот, откако било проценето дека неговиот центаршут го погодил во раката Муса Сисоко во казнениот простор на Спарс; последователно, Салах го претворил пеналот во гол за да го отвори резултатот, а Ливерпул на крајот го добил натпреварот со 2-0 и ја освоил титулата.

На 14 август 2019 година, Мане постигнал два гола во Суперкупот на УЕФА 2019 против Челси во натпревар што Ливерпул го добил со 5–4 на пенали, откако по 120 минути резултатот бил нерешен 2–2.[59] Мане бил прогласен за играч на натпреварот.[60] Точно еден месец подоцна, тој постигнал два гола во победата од 3-1 над Њукасл Јунајтед и ја зголеми својата рекордна серија на натпревари без пораз за Ливерпул на Анфилд на 50 натпревари, што е рекорд во лигата од кој било играч на одреден стадион.[61] На неговиот 100-ти настап во Премиер лигата за Ливерпул на 5 октомври, Мане го постигнал својот 50-ти првенствен гол за клубот во победата од 2–1 над Лестер Сити.[62]

Репрезентативна кариера

Мане бил дел од олимписката сенегалска репрезентација на олимпискиот турнир 2012, и го започнал секој натпревар на патот до четвртфиналето каде загубиле со 4-2 по продолженија од подоцнежните шампиони Мексико.

Своето деби за сениорската репрезентација го направил на 25 мај 2012, во пријателски натпревар против Мароко во Маракеш, кој сенегалците го добиле со 1-0. Осум дена подоцна, во својот втор настап за Сенегал, Мане го постигнал првиот гол за репрезентацијата во победата со 3-1 над Либерија во квалификациите за Светското првенство 2014.

Иако бил повикан да настапи за Сенегал на Африканскиот куп на нациите 2015, морал да го пропушти турнирот откако претрпел повреда на листот во победата на неговиот Саутхемптон над Арсенал со 2-0 на 1 јануари 2015 година.[63] Сепак, откако се опоравил подоцна тој се вратил во тимот и ги започнал последните два натпревари од групната фаза против Јужна Африка и Алжир, но неуспеал да го спречи испаѓањето во групната фаза.[64][65]

Две години подоцна, Мане го претставувал Сенегал на Африканскиот куп на нации 2017 во Габон каде постигнал гол во првите два натпревари на Лавовите на Теранга, при победите со 2–0 против Тунис и Зимбабве. Во четвртфиналниот дуел против Камерун кој завршил без голови по 120 минути игра, Мане бил единствениот од десетте изведувачи на пенали од двете екипи кои промашил, момент кој неговиот Сенегал го чинел елиминација од турнирот.[66]

Во мај 2018 година, Мане бил избран во составот од 23 играчи на Сенегал за Светското првенство 2018 во Русија.[67] Тој го постигнал воведниот гол во ремито 2–2 против Јапонија во групна фаза на првенството.[68] Мане ги започнал сите три натпревари од групата за Сенегал, кој иако започнал одлично со четири освоени бодови по првите два натпревари бил елиминиран уште во првата фаза по поразот од Колумбија со 1-0 во последното коло од групата, завршувајќи под второпласираната Јапонија само поради помал број фер-плеј поени.[69]

Своето трето учество на Африканскиот куп на нациите, Мане го имал на турнирот во 2019 година овојпат одржан во Египет.[70] Тој постигнал два гола и промашил пенал во победата од 3-0 против Кенија, помагајќи му на Сенегал да заврши на второто место во групната фаза и да се квалификува за нокаут фазата.[71] Понатаму, Мане го постигнал единствениот гол на натпреварот и промашил уште еден пенал во победата на Сенегал со 1–0 над Уганда во осминафиналето.[72] Тој играл во следните три натпревари на Сенегал придонесувајќи за пласманот во финалето, каде неговата селекција сепак загубила со 1–0 од Алжир во реприза од натпреварот што репрезентациите го одиграле во групата фаза на турнирот.[73] И покрај тоа што на крајот не успеал да го подигне трофејот наменет за победникот, утеха за Мане било тоа што бил избран во Тимот на турнирот.

Откако бил повикан за Африканскиот куп на нации 2021 да настапи за четврти пат во кариерата на најсилното африканско репрезентативно натпреварување, Мане започнал добро постигнувајќи го првиот гол на турнирот за Сенегал од пенал во седмата минута од судиското продолжение во победата со 1-0 над Зимбабве во воведниот натпревар од групната фаза. Во осминафиналето, против Зелен ’Рт, Мане го постигнал првиот гол за Сенегал во победата со 2-0. Со голот против Буркина Фасо во победата со 3-1 во полуфиналето, тој се изедначил со Анри Камара како најдобар стрелец во историјата на сенегалската репрезентација (двајцата имаат по 29 гола). Во финалето против Египет - во кое се соочил со својот соиграч од Ливерпул, Мохамед Салах[74] - тој промашил пенал рано во натпреварот, но подоцна откако натпреварот дошол до изведување пенали се претворил во херој на нацијата откако го реализирал последниот пенал за својата земја со што му ја донел на Сенегал првата титула шампион на континентот.[75] Мане бил избран за најдобар играч на првенството.[76]

Хронологија на репрезентативните настапи

Повеќе информации Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Сенегал, Дата ...
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Сенегал
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
25-5-2012МаракешМароко Мароко0 – 1Сенегал СенегалПријателска-заменет 79'
2-6-2012ДакарСенегал Сенегал3 – 1Либерија ЛиберијаКвал. за СП 20141
9-6-2012КампалаУганда Уганда1 – 1Сенегал СенегалКвал. за СП 2014-заменет 90'
8-9-2012АбиџанБрег на Слоновата Коска Брег на Слоновата Коска4 – 2Сенегал СенегалКвал. за АФКОН 2013-добил жолт картон во 55-тата минута 55' заменет 76'
13-10-2012ДакарСенегал Сенегал0 – 2Брег на Слоновата Коска Брег на Слоновата КоскаКвал. за АФКОН 2013-влегол во игра 53' добил жолт картон во 66-тата минута 66'
14-11-2012НиамејНигер Нигер1 – 1Сенегал СенегалПријателска1
5-2-2013Сен-Ле-ла-ФореСенегал Сенегал1 – 1Гвинеја ГвинејаПријателска-
23-3-2013КонакриСенегал Сенегал1 – 1Ангола АнголаКвал. за СП 2014-добил жолт картон во 64-тата минута 64'
8-6-2013ЛуандаАнгола Ангола1 – 1Сенегал СенегалКвал. за СП 2014-
16-6-2013МонровијаЛиберија Либерија0 – 2Сенегал СенегалКвал. за СП 2014-заменет 90'
14-8-2013Сен-Ле-ла-ФореЗимбабве Зимбабве1 – 1Сенегал СенегалПријателска-влегол во игра 46'
7-9-2013МаракешСенегал Сенегал1 – 0Уганда УгандаКвал. за СП 20141
12-10-2013АбиџанБрег на Слоновата Коска Брег на Слоновата Коска3 – 1Сенегал СенегалКвал. за СП 2014-влегол во игра 46'
16-11-2013КазабланкаСенегал Сенегал1 – 1Брег на Слоновата Коска Брег на Слоновата КоскаКвал. за СП 2014-
5-3-2014Сен-Ле-ла-ФореСенегал Сенегал1 – 1Мали МалиПријателска1влегол во игра 46'
21-5-2014УагадугуБуркина Фасо Буркина Фасо1 – 1Сенегал СенегалПријателска-
25-5-2014КаружСенегал Сенегал3 – 1Косово КосовоПријателска-влегол во игра 68'
5-9-2014ДакарСенегал Сенегал2 – 0Египет ЕгипетКвал. за АФКОН 20151
10-9-2014ГаборонеБоцвана Боцвана0 – 2Сенегал СенегалКвал. за АФКОН 20151
10-10-2014ДакарСенегал Сенегал0 – 0Тунис ТунисКвал. за АФКОН 2015-
15-10-2014МонастирТунис Тунис1 – 0Сенегал СенегалКвал. за АФКОН 2015-
15-11-2014КаироЕгипет Египет0 – 1Сенегал СенегалКвал. за АФКОН 2015-
19-11-2014ДакарСенегал Сенегал3 – 0Боцвана БоцванаКвал. за АФКОН 2015-влегол во игра 77'
23-1-2015МонгомоЈужна Африка Јужна Африка1 – 1Сенегал СенегалАФКОН 2015 - Прва фаза-
27-1-2015МалабоСенегал Сенегал0 – 2Алжир АлжирАФКОН 2015 - Прва фаза-заменет 66'
28-3-2015Ле АврГана Гана1 – 2Сенегал СенегалПријателска-
13-6-2015ДакарСенегал Сенегал3 – 1Бурунди БурундиКвал. за АФКОН 20171
5-9-2015ВиндхукНамибија Намибија0 – 2Сенегал СенегалКвал. за АФКОН 20171
8-9-2015ЈоханесбургЈужна Африка Јужна Африка1 – 0Сенегал СенегалПријателска-
13-10-2015АлжирАлжир Алжир1 – 0Сенегал СенегалПријателска-заменет 90'
13-11-2015АнтананаривоМадагаскар Мадагаскар2 – 2Сенегал СенегалКвал. за СП 20181
17-11-2015ДакарСенегал Сенегал3 – 0Мадагаскар МадагаскарКвал. за СП 2018-
26-3-2016ДакарСенегал Сенегал2 – 0Нигер НигерКвал. за АФКОН 2017-
29-3-2016НиамејНигер Нигер1 – 2Сенегал СенегалКвал. за АФКОН 2017-влегол во игра 60'
28-5-2016КигалиРуанда Руанда0 – 2Сенегал СенегалПријателска-
4-6-2016БуџумбураБурунди Бурунди0 – 2Сенегал СенегалКвал. за АФКОН 20171заменет 90'
3-9-2016ДајарСенегал Сенегал2 – 0Намибија НамибијаКвал. за АФКОН 2017-заменет 68'
8-10-2016ДакарСенегал Сенегал2 – 0Зелен ’Рт Зелен ’РтКвал. за СП 2018-
11-1-2017БразавилКонго Конго0 – 2Сенегал СенегалПријателска-заменет 83'
15-1-2017ФрансвилТунис Тунис0 – 2Сенегал СенегалАФКОН 2017 - Прва фаза1
19-1-2017ФрансвилСенегал Сенегал2 – 0Зимбабве ЗимбабвеАФКОН 2017 - Прва фаза1заменет 90'
29-1-2017ФрансвилСенегал Сенегал0 – 0 прод.
(4 – 5 пен.)
Камерун КамерунАФКОН 2017 - Четвртфинале-
23-3-2017ЛондонНигерија Нигерија1 – 1Сенегал СенегалПријателска-влегол во игра 65'
27-3-2017ПаризБрег на Слоновата Коска Брег на Слоновата Коска1 – 1Сенегал СенегалПријателска1
2-9-2017ДакарСенегал Сенегал0 – 0Буркина Фасо Буркина ФасоКвал. за СП 2018-
5-9-2017УагадугуБуркина Фасо Буркина Фасо2 – 2Сенегал СенегалКвал. за СП 20181
7-10-2017ПрајаЗелен ’Рт Зелен ’Рт0 – 2Сенегал СенегалКвал. за СП 2018-влегол во игра 89'
10-11-2017ПолокванеЈужна Африка Јужна Африка0 – 2Сенегал СенегалКвал. за СП 2018-добил жолт картон во 35-тата минута 35'
27-3-2018Ле АврСенегал Сенегал0 – 0Босна и Херцеговина Босна и ХерцеговинаПријателска-заменет 87'
8-6-2018ОсиекХрватска Хрватска2 – 1Сенегал СенегалПријателска- добил жолт картон во 66-тата минута 66'
11-6-2018ГредигСенегал Сенегал2 – 0Јужна Кореја Јужна КорејаПријателска-заменет 81'
19-6-2018МоскваПолска Полска1 – 2Сенегал СенегалСП 2018 - Прва фаза-
24-6-2018ЕкатеринбургЈапонија Јапонија2 – 2Сенегал СенегалСП 2018 - Прва фаза1
28-6-2018СамараСенегал Сенегал0 – 1Колумбија КолумбијаСП 2018 - Прва фаза-
9-9-2018АнтананаривоМадагаскар Мадагаскар2 – 2Сенегал СенегалКвал. за АФКОН 2019-
13-10-2018ДакарСенегал Сенегал3 – 0Судан СуданКвал. за АФКОН 2019-
17-11-2018БатаЕкваторска Гвинеја Екваторска Гвинеја0 – 1Сенегал СенегалКвал. за АФКОН 2019-
23-3-2019ДакарСенегал Сенегал2 – 0Мадагаскар МадагаскарКвал. за АФКОН 2019-
26-3-2019ДакарСенегал Сенегал2 – 1Мали МалиПријателска1влегол во игра 76'
27-6-2019КаироСенегал Сенегал0 – 1Алжир АлжирАФКОН 2019 - Прва фаза-
1-7-2019КаироКенија Кенија0 – 3Сенегал СенегалАФКОН 2019 - Прва фаза2добил жолт картон во 60-тата минута 60'
5-7-2019КаироУганда Уганда0 – 1Сенегал СенегалАФКОН 2019 - Осминафинале1
10-7-2019КаироСенегал Сенегал1 – 0Бенин БенинАФКОН 2019 - Четвртфинале-добил жолт картон во 90+1-тата минута 90+1'
14-7-2019КаироСенегал Сенегал1 – 0Тунис ТунисАФКОН 2019 - Полуфинале-
19-7-2019КаироСенегал Сенегал0 – 1Алжир АлжирАФКОН 2019 - Финале-
10-10-2019СингапурБразил Бразил1 – 1Сенегал СенегалПријателска-
13-11-2019ТисСенегал Сенегал2 – 0Конго КонгоКвал. за АФКОН 2021-заменет 84'
17-11-2019МанзиниЕсватини Есватини1 – 4Сенегал СенегалКвал. за АФКОН 2021-добил жолт картон во 45+3-тата минута 45+3' заменет 46'
11-11-2020ДакарСенегал Сенегал2 – 0Гвинеја-Бисао Гвинеја-БисаоКвал. за АФКОН 20211
15-11-2020БисаоГвинеја-Бисао Гвинеја-Бисао0 – 1Сенегал СенегалКвал. за АФКОН 20211
26-3-2021БразавилКонго Конго0 – 0Сенегал СенегалКвал. за АФКОН 2021-
30-3-2021ДакарСенегал Сенегал1 – 1Есватини ЕсватиниКвал. за АФКОН 2021-влегол во игра 65'
5-6-2021ДакарСенегал Сенегал3 – 1Замбија ЗамбијаПријателска1
8-6-2021ТисСенегал Сенегал2 – 0Зелен ’Рт Зелен ’РтПријателска1
1-9-2021ТисСенегал Сенегал2 – 0Того ТогоКвал. за СП 20221
7-9-2021БразавилКонго Конго1 – 3Сенегал СенегалКвал. за СП 20221добил жолт картон во 36-тата минута 36'
9-10-2021ТисСенегал Сенегал4 – 1Намибија НамибијаКвал. за СП 20221
12-10-2021ЈоханесбургНамибија Намибија1 – 3Сенегал СенегалКвал. за СП 2022-
11-11-2021ЛомеТого Того1 – 1Сенегал СенегалКвал. за СП 2022-заменет 28'
10-1-2022БафусамСенегал Сенегал1 – 0Зимбабве ЗимбабвеАФКОН 2021 - Прва фаза1
14-1-2022БафусамСенегал Сенегал0 – 0Гвинеја ГвинејаАФКОН 2021 - Прва фаза-
18-1-2022БафусамМалави Малави0 – 0Сенегал СенегалАФКОН 2021 - Прва фаза-
25-1-2022БафусамСенегал Сенегал2 – 0Зелен ’Рт Зелен ’РтАФКОН 2021 - Осминафинале1заменет 70'
30-1-2022ЈаундеСенегал Сенегал3 – 1Екваторска Гвинеја Екваторска ГвинејаАФКОН 2021 - Четвртфинале-
2-2-2022ЈаундеБуркина Фасо Буркина Фасо1 – 3Сенегал СенегалАФКОН 2021 - Полуфинале1
6-2-2022ЈаундеСенегал Сенегал0 – 0 прод.
(4 – 2 пен.)
Египет ЕгипетАФКОН 2021 - Финале-добил жолт картон во 88-мата минута 88'
Вкупно Настапи (4. место) 86 Голови (1. место) 29
Затвори

Статистика и рекорди

Клупска статистика

Статистиката е ажурирана на 3 јануари 2022.

Повеќе информации Сезона, Клуб ...
Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентални купови Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Куп Наст Гол Куп Наст Гол Куп Наст Гол Наст Гол
2011-2012Франција МецЛ2191КФ00------191
Вкупно Мец22210----232
2012-2013Австрија Ред Бул СалцбургБЛ2616КА33ЛШ00---2919
2013-2014БЛ3313КА45ЛШ+ЛЕ2[77]+11[78]0+5[79]---5023
авг. 2014БЛ42КА11ЛШ+ЛЕ3[77]+00---83
Вкупно Салцбург633189165--8745
2014-2015Англија СаутхемптонПЛ3010ФАКуп+ЛК0+20-----3210
2015-2016ПЛ3711ФАКуп+ЛК1+20+3ЛЕ3[77]1[77]---4315
Вкупно Саутхемптон67215331--7525
2016-2017Англија ЛиверпулПЛ2713ФАКуп+ЛК0+20------2913
2017-2018ПЛ2910ФАКуп+ЛК2+00ЛШ13[80]10---4420
2018-2019ПЛ3622ФАКуп+ЛК0+10ЛШ134---5026
2019-2020ПЛ3518ФАКуп+ЛК1+00ЛШ82КШ+СУ+Скп0+1+20+2+04722
2020-2021ПЛ3511ФАКуп+ЛК2+02ЛШ103КШ104816
2021-2022ПЛ208ФАКуп+ЛК00ЛШ62---2610
Вкупо Ливерпул1828282502142244107
Вкупно во кариерата3341362214692742429179
Затвори

Рекорди

  • Го држи рекордот за најбрз постигнат хет-трик во Премиер лигата за само 2 минути и 56 секунди (или 176 секунди).[3]
  • Сенегалец со најмногу постигнати голови во Премиер лигата (103).[47]

Хет-трикови

Во својата кариера Мане постигнал 7 хет-трика. Четири како играч на Ред Бул Салцбург (два во првенството и два во купот на Австрија), два за Саутхемптон и еден за Ливерпул. Интересно е тоа што како играч на Ливерпул никогаш не постигнал хет-трик во Премиер лигата, единствениот за црвените му е во Лигата на шампионите против Порто. Тој има два хет-трика во Премиер лигата во својата кариера, но и двата како играч на Саутхемптон.

Повеќе информации Хет-трикови, Дата ...
Затвори

Титули

Клупски

Австрија Ред Бул Салцбург

  • Австриска Бундеслига 1
2013–2014
  • Куп на Австрија : 1
2013–2014

Англија Ливерпул

2019-2020
2021-2022
2018–2019
2019
2019

Репрезентативни

Сенегал Сенегал
Камерун 2021

Индивидуални

  • КАФ Тим на годината: 4
2015, 2016, 2018, 2019
2016-2017, 2018-2019, 2019-2020
  • Златна копачка на Премиер лигата на Англија: 1
2018-2019 (22 гола, изедначен со Мохамед Салах и Пјер-Емерик Обамејанг)
  • Onze d'Or: 1
2018-2019
  • ЕСМ Тим на годината: 1
2018-2019
2019
  • Африкански фудбалер на годината: 1
2019
  • Најдобар играч на Африканскиот куп на нации: 1
Камерун 2021

Наводи

Надворешни врски

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.