From Wikipedia, the free encyclopedia
Бисао е главниот град на Гвинеја-Бисао. Според податоци од 2004, има околу 355,000 жители. Градот се наоѓа на естуарот на реката Геба, на Атлантскиот Океан. Тој е најголемиот град во земјата, главно пристаниште и административен и воен центар. Главни извозни производи на Бисао се кикириките, дрвата, копарот, палмовото масло и гумата. Градот бил основан во 1687 од страна на Португалија како фортифицирано пристаниште и трговски центар. Во 1942 година, Бисао станал главен град на Португалска Гвинеја, но бил заменет со Мадина до Бое во 1973-74. Бисао се наоѓа на 11°52' СГШ и 15°36' ЗГД.
Градот е познат по својот годишен карневал. Други атракции се бараките Форталеза д'Амура, во кои е сместен мавзолејот на Амиклар Кабрал, потоа споменикот Пиџигуити, подигнат во чест на работниците на пристаништето кои биле убиени во штрајкот на пристаништето на 3 август 1959 година, народниот институт за уметност, новиот стадион во Бисао и локалните плажи. Многу згради во градот се разурнати за време на граѓанската војна во Гвинеја-Бисао, вклучувајќи ја и претседателската палата на Гвинеја-Бисао и францускиот културен центар на Бисао. Градскиот центар сè уште не е развиен.
Аеродромот на Бисао е Меѓународен аеродром „Освалдо Вјеиро“.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.