Рила
From Wikipedia, the free encyclopedia
Рила — наjвисока планина во Пиринска Македонија, цела Бугарија и на Балканскиот Полуостров.
Рила | |
---|---|
Рилска Планина | |
![]() Поглед на врвот Маљовица | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 2.925 м |
Истакнатост | 2.473 м |
Друго име | Рилска Планина |
Географија | |
Место | Бугарија |
Матичен венец | Рилско-родопски Масив |

Таа се наоѓа во југозападниот дел на земјата, и во северозападниот крај на Рилско-родопскиот Масив. Највисокиот врв на Рила е Мусала, и со своите 2.925 м е и највисокиот на Балканскиот Полуостров.[1] По сртот на Рила поминува главниот бугарски слив, кој се совпаѓа со главниот балкански слив, кој ги дели речните сливови на Црното и Егејското Море. Од планината извираат едни од најголемите и многуводни бугарски реки: Искар, Марица и Места. Просечната надморска височина на Рила е 1.487 м, а вкупната површина е 2.629 км2. Поголемиот дел од високите врвови (2.500 - 2.700 метри надморска височина) имаат алпски изглед. Типичен пример е Маљовица. Остатокот, особено во Источна Рила, претставуваат планински ливади.
Име
Се претпоставува дека името Рила има тракиско потекло. Најпрво планината се викала Донука[2], Дунакс, Доункас[3], а подоцна Роула, преименувано во Рила од Словените во V век, што значи „многуводна планина“.[4] На Рила има над 200 езера и бројни минерални извори (Сапарева Бања, Долна Бања, Костенец, Бања и др.).
Географија, флора, фауна
Огромната купола на Рила се издига над околните планински котлини. Боровечкото Седло (1.305 м) го поврзува главниот Мусаленски дел со ридовите Шипочан и Шумнатица на Ихтиманска Средна Гора. Седлото Јундола (1.375 м) и Аврамово Седло (1.295 м) ја поврзуваат Рила со Родопите. Врската со Пирин е седлото Предел (1.140 м), а со Верила Клисурското Седло (1.025 м). Планината Рила е поделена на четири посебни географски делови:
- Источна Рила
- Централна Рила
- Северозападна Рила
- Југозападна Рила
Галерија
- Рила од вселената.
- Врвот Арамијата со езерото Близнака
- Врвот Мусала од југ
- Искачување на врвот Мусала
- Врвот Маљовица
- Врвот Маљовица
- Планинарскиот дом „Маљовица“
- Искачување на Маљовица
- Пејзаж од Рила
- Езеро на Рила
- Едно до седумте езера
- Пејзаж од Рила
- Седумте Езера на Рила
- Планинарскиот дом „Скакавица“
Панорами
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.