Долна Бања
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Долна Бања (бугарски: Долна баня) — град во Западна Бугарија, административен центар на општината Долна Бања во Софиската Област. Има население околу 4.726 жители (2022).
Долна Бања Долна баня | |
---|---|
град | |
Местоположба на Долна Бања во Бугарија | |
Координати: 42°18′36.78″N 23°51′29.11″E | |
Земја | Бугарија |
Област | Софија |
Општина | Долна Бања |
Управа | |
• Градоначалник | Владимир Џамбазов (ГЕРБ) |
Површина | |
• Вкупна | 66,854 км2 (25,812 ми2) |
Надм. вис. | м | 643
Население (2022) | |
• Вкупно | 4,726 |
• Густина | 71/км2 (180/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Повик. бр. | +359 0712 |
Мреж. место | dolna-banya.egov.bg |
Градот се наоѓа во Долнобанската котлина, на десниот брег на реката Марица. На југ се северните падини на планината Рила, а на север граничи со подножјето на Черни рид — дел од Ихтиманска Средна Гора. Долна Бања се наоѓа на 72 км од главниот град Софија и на 115 км од Пловдив.
Археолошките истражувања даваат докази за живот во земјите што го опкружуваат денешниот град. Според извештаите, околу 5 век п.н.е. по горниот тек на реката Марица живеело тракиското племе Беси, главно ангажирано со ископ на руда за железо и злато.
Во средниот век настанале населбите Венетица, Јурта и Којчовец, кои кога се споиле го формирале селото Бања, а од втората половина на 19 век се преименувало во Долна Бања.
По објавувањето Балканската војна во 1912 година 27 луѓе од селото Долна Бања доброволно се пријавиле во Македонско-одринското ополчение.[1]
Еден од најмоќните топли минерални извори во Рило-Родопскиот регион и Средна Гора се наоѓа во границите на Долнобанската котлина. Околу 1700 година Хаџи Радослав од селото Костенец изградил две згради околу минералните извори во горниот дел на долината. Едната била изградена на римски темели и денес е позната како „Римска бања“, другата е зачувана како женски дел од денешната градска бања. Денес во градот работат три бањски хотели со минерална вода и градската јавна бања.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.