Раец
село во Општина Кавадарци From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Кавадарци From Wikipedia, the free encyclopedia
Раец или Рајац[2] — село во истоимената област, во Општина Кавадарци, на патот помеѓу градовите Кавадарци и Прилеп.
Раец | |
Поглед на селото Раец | |
Координати 41°25′30″N 21°50′51″E | |
Регион | Вардарски |
Општина | Кавадарци |
Област | Раец |
Население | 58 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 1423 |
Повик. бр. | 043 |
Шифра на КО | 11034 |
Надм. вис. | 300 м |
Раец на општинската карта Атарот на Раец во рамките на општината | |
Раец на Ризницата |
Раец се наоѓа во крајниот северозападен дел на Општина Кавадарци, од десната страна на реката Раец. Селото е ридско и се наоѓа на надморска височина од 300 м. Од градот Кавадарци е оддалечено 17 км, а од градот Скопје околу 98 км. Неговиот атар зафаќа површина од 10,8 км2.[3] Селото има две маала: Горно и Долно Маало.
Селото е основано како чифлик кон крајот на XVIII век.
Во XIX век, Раец било село во Тиквешката каза на Отоманското Царство.
Во Првата балканска војна, од селото имало четворица доброволци кои биле дел од Македонско-одринските доброволни чети.[4]
Селото има мешовита земјоделска функција. Во неговиот атар преовладуваат шумите на површина од 423 ха, на пасишта отпаѓаат 355 ха, а обработливото земјиште зафаќа површина од 255 ха.[3]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Раец живееле 193 жители.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во селото имало 200 жители.[2]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[6]
Селото е мало, населено со македонско население. Тоа, во 1961 година броело 238 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 128 жители.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото Раец живееле 110 жители, од кои 109 Македонци и 1 Србин.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 58 жители, од кои 42 Македонци, 2 Роми и 14 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 193 | 200 | 211 | 245 | 238 | 229 | 205 | 137 | 128 | 110 | 58 |
Раец е македонско село.
Според истражувањата од 1920-тите, Родови во селото се:
Во текот на 1970-тите и 1980-тите години, од селото е забележано иселување кон поголемите градови.
Селото влегува во рамките на Општина Кавадарци од 1955 година. Претходно, во периодот од 1950 до 1952 година, тоа било дел од Тиквешката околија; а во периодот од 1952 до 1955 година било дел од Општина Дреново.
Во селото се наоѓа избирачкото место бр. 696 кое е сместено во основното училиште.[14]
Во вториот круг на претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 70 гласачи.[15]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.