Remove ads
село во Општина Прилеп From Wikipedia, the free encyclopedia
Голем Радобил или Големо Радобил[2] — село во областа Раец, во Општина Прилеп, на патот помеѓу градовите Кавадарци и Прилеп.
Голем Радобил | |
Поглед на селото Голем Радобил | |
Координати 41°22′45″N 21°48′26″E | |
Регион | Пелагониски |
Општина | Прилеп |
Област | Раец |
Население | 96 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 7500 |
Повик. бр. | 048 |
Шифра на КО | 20023 |
Надм. вис. | 620 м |
Голем Радобил на општинската карта Атарот на Голем Радобил во рамките на општината | |
Голем Радобил на Ризницата |
Голем Радобил се наоѓа во североисточниот дел на Општина Прилеп, во горното сливно подрачје на реката Раец, од десната страна на патот Прилеп-Кавадарци. Селото е ридско и се простира на надморска височина од 620 м. Од градот Прилеп е оддалечено 28 км, а од градот Скопје околу 98 км. Неговиот атар зафаќа површина од 25,1 км2.[3]
Во XIX век, селото било дел од Тиквешката каза на Отоманското Царство.
Во 1908 година, селото било опишано како слободно христијанско село со 120 куќи, а било споменато и како едно од најбогатите села во Тиквеш.[4]
Селото има полјоделско-сточарска функција. Во рамки на селскиот атар преовладуваат пасиштата на површина од 2.086,2 ха, обработливото земјиште зафаќа површина од 359,3 ха, а на шуми отпаѓаат 42,9 ха.[3]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Во делото „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Големо Радобил било село во Прилепската каза со 64 домаќинства и 279 жители.[2]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Голем Радобил имало 700 жители.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во селото имало 720 жители.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 450 Македонци.[7]
Селото броело 429 жители во 1961 година, додека во 1994 година во селото живееле 108 жители.
Според пописот од 2002 година, во селото живееле 107 жители, сите Македонци.[8] Од нив 64 биле жани, а 43 жени.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 96 жители, од кои 85 Македонци и 11 лица без податоци.[9]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 700 | 720 | 467 | 441 | 429 | 304 | 196 | 105 | 108 | 107 | 96 |
Селото влегува во рамките на Општина Прилеп од 1962 година. Претходно, во периодот од 1950 до 1952 година, тоа било дел од Прилепската околија; во периодот од 1952 до 1955 година било дел од Општина Тројаци; а во периодот од 1955 до 1962 година, селото влегувало во склоп на Општина Плетвар.
Во селото се наоѓа избирачкото место бр. 1427 кое е сместено во соновното училиште.[14]
Во вториот круг на претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 93 гласачи.[15]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.