Пјер Франсоа Андре Мешен (француски: Pierre François André Méchain; 16 август 1744 20 септември 1804 ) — француски астроном и геодет кој заедно со Шарл Месје одиграл важна улога во изучувањето на длабоконебесните тела и кометите.

Кратки факти Пјер Мешен Pierre Méchain, Роден(а) ...
Пјер Мешен
Pierre Méchain
Thumb
Пјер Мешен
Роден(а)16 август 1744(1744-08-16)
Лан
Починал(а)20 септември 1804(1804-09-20) (возр. 60)
Кастељон де ла Плана, Шпанија
НационалностФранцузин
Полињаастрономија
УстановиПариска опсерваторија
Познат подлабоконебесни тела
комети
метар
Затвори

Живот

Мешен е роден во Лан, Пикардија. Татко му се занимавал со уметничко обликување на таваници и украсно малтерисување. Се покажал како надарен во математиката и физиката, но морал да го прекине школувањето поради недостиг на средства. Сепак, неговата склоност кон астрономијата била забележана од Жером Лаланд, со кој се спријателил и кој го ангажирал како коректор на неговото дело „Астрономија“. Му обезбедил работа како помошник-хидрограф во картографскиот завод на морнарицата во Версај, каде ги провел 1770-тите изработувајќи хидрографски карти на морски површини и брегови. Околу 1774 г. се запознал и спријателил со Шарл Месје. Истата година го издал својот прв астрономски труд, обработувајќи го затскривањето на ѕвездата Алдебаран од Месечината во облика на мемоар за академијата на науките.

Во 1777 г. се оженил со Барба-Тереза Маржу и добил два сина: (Жером и Огистен) и една ќерка. Во 1782 г. Станал член на Француската академија на науките и работел како уредник на стручното списание Connaissance des Temps („Познавање на времето“) од 1785 до 1792 г., каде, меѓу другото, за првпат е објавен списокот на Месјеови објекти. Во 1789 г. станал член на британското Кралско друштво.[1]

Учествувал во Англо-францускиот земјомер (1784–1790) кој имал за цел по тригонометриски пат да го одреди точното растеојание помеѓу Париската и Гриничката опсерваторија. Проектот бил иницијатива на Џовани Доменико Касини, кој заедно со Мешен и Адриен Мари Лежандр ги посетил Довер и Лондон за да ги надгледува работите. Тројцата воедно го посетиле и астрономот Вилијам Хершел во Слау.

Со неговите земјомерни способности, Мешен работел на карти на северна Италија и Германија, а од 1791 г. извршил важни геодетски испитувања, утврдувајќи го јужниот дел на меридијанскиот лак на Земјината површина помеѓу Динкерк и Барселона. Овој премер потоа послужил како основа за нова единица за должина — метарот. Проектот наишол на голем број потешкотии поради тековната Француска револуција и новоизбувнатата Пиринејска војна помеѓу Франција и Шпанија. Бил притворен во Барселона под сомнение дека инструментите му се наменети за воени цели, а имотот во Париз му бил одземен од Јакобинската диктатура. Подоцна бил пуштен на слобода во Италија, и во 1795 г. се вратил дома.

Мошне интересно во тој проект е тоа што Мешен не бил уверен во точноста на неговите мерења поради незадоволителниот исход при проверката на географската должина на наоѓање по пат на астрономско набљудување. Мешен, со колегата Жан Батист Жозеф Деламбр имал намера да го определат растојанието од полот до екваторот како десет милиони метри (десет илјади колометри). Ова е потврдено кон крајот на XX век со мерења од сателити, покажувајќи дека растојанието изнесува точно 10.002.290 метри.[2] Малата грешка (отстапка) изнесува вкупно 2.290 метри, или 0,23 милиметри на секој метар[3] — малку повеќе од пречникот на човечкото влакно. Поради посебните залагања во научната работа, Мешеновата грешка не влијаела на конечната вредност на метарот, ниту пак на утврдената должина на меридијанот.[4]

Во 1799 г. бил назначен за директор на Париската опсерваторија.

Во 1804 г. се вратил во Шпанија, сомневајќи се во точноста на неговите мерења на Динкиршко-барселонскиот лак. Таму се разболел од жолта треска и починал во градот Кастељон де ла Плана.

Откритија

Мешен открил 25 или 26 длабоконебесни тела (зависно од тоа дали се брои M102).

      Расеано јато       Збиено јато       Маглина       Планетарна маглина       Остаток од супернова       Галаксија       Друг

Повеќе информации Месјеов бр., NGC/IC-бр. ...
Месјеов бр. NGC/IC-бр. Име Откриен Вид објект Оддалеченост (исг) Соѕвездие Привидна величина
M63 NGC 5055 галаксија Сончоглед 14.6.1779 галаксија, спирална 37.000 Ловечки Кучиња 8,5
M72 NGC 6981   30.8.1780 јато, збиено 53 Водолија 10,0
M74 NGC 628   9.1780 галаксија, спирална 35.000 Риби 10,5
M75 NGC 6864   27.8.1780 јато, збиено 58 Стрелец 9,5
M76 NGC 650, NGC 651 маглина Мал Тег 5.9.1780 маглина, планетарна 3,4 Персеј 10,1
M77 NGC 1068 Кит A 29.10.1780 галаксија, спирална 60.000 Кит 10,5
M78 NGC 2068   1780 маглина, дифузна 1,6 Орион 8,0
M79 NGC 1904   26.10.1780 јато, збиено 40 Зајак 8,5
M85 NGC 4382   4.3.1781 галаксија, леќеста 60.000 Береникина Коса 10,5
M94 NGC 4736   22.3.1781 галаксија, спирална 14.500 Ловечки Кучиња 9,5
M95 NGC 3351   20.3.1781 галаксија, пречкеста спирална 38.000 Лав 11,0
M96 NGC 3368   20.3.1781 галаксија, спирална 38.000 Лав 10,5
M97 NGC 3587 маглина Був 16.2.1781 маглина, планетарна 2,6 Голема Мечка 9,9
M98 NGC 4192   15.3.1781 галаксија, спирална 60.000 Береникина Коса 11,0
M99 NGC 4254   15.3.1781 галаксија, спирална 60.000 Береникина Коса 10,5
M100 NGC 4321   15.3.1781 галаксија, спирална 60.000 Береникина Коса 10,5
M101 NGC 5457 галаксија Вртимушка 27.3.781 галаксија, спирална 27.000 Голема Мечка 7,9
M102 (неутврдено)            
M103 NGC 581   3–4 1781 јато, расеано 8 Касиопеја 7,0
Затвори

Независно открил уште четири, за кои не занел дека веќе се откриени од други астрономи, и ги ставил во Месјеовиот каталог: M71 — откритие на Жан Филип де Шезо во 1740-тите; M80 — откриен од Месје две недели претходно и M81 и M82 — првично откриени од германскиот астроном Јохан Елерт Боде.

Мешен има уште шест други откритија кои се сметаат за „почесни Месјеови објекти“, ставени на списокот во XX век:

Повеќе информации Месјеов бр., NGC/IC-бр. ...
Месјеов бр. NGC/IC-бр. Име Откриен Вид објект Оддалеченост (исг) Соѕвездие Привидна величина
M104 NGC 4594 галаксија Сомбреро 11.5.1781 галаксија, спирална 50.000 Девица 9,5
M105 NGC 3379   24.3.1781 галаксија, елиптична 38.000 Лав 11,0
M106 NGC 4258   7.1781 галаксија, спирална 25.000 Ловечки Кучиња 9,5
M107 NGC 6171   јато, збиено 20 Змијоносец 10,0
M108 NGC 3556   19.2.1781 галаксија, пречкеста спирална 45.000 Голема Мечка 11,0
M109 NGC 3992   12.3.1781 галаксија, пречкеста спирална 55.000 Голема Мечка 11,0
Затвори

Ја открил и NGC 5195 — придружната галаксија која ја сочинува забележителната галаксија M51 (Вител).

Мешен никогаш немал намера да набљудува длабоконебесни тела. Како и Месје, бил заинтересиран само за каталогизација на објекти кои може да се помешаат со комети; со ваквите потфати, станал втор по важност откривач на комети во своето време, по самиот Месје.

Сам открил вкупно осум комети и бил сооткривач на уште три .[5]

Самостојнио откриени:

  • C/1781 M1 (Мешен), 1781 I
  • C/1781 T1 (Мешен), 1781 II
  • C/1785 E1 (Мешен), 1785 II
  • 2P/Encke, откриен во 1786 г.
  • C/1787 G1 (Мешен), 1787 I
  • 8P/Tuttle, откриен во 1790 г.
  • C/1799 P1 (Мешен), 1799 II
  • C/1799 Y1 (Мешен), 1799 III

Како сооткривач:

  • C/1785 A1 (Месје-Мешен), 1785 I
  • C/1792 II Грегори-Мешен, 1792 II
  • C/1801 Pons (Пон-Месје-Мешен-Бувар), 1801 I

Треба да се има на ум дека само две од именуваните се поврзани со периодични комети кои имаат пресметани орбити и во ниеден случај не бил набљувач при нивната пресметка, што значи дека по таа потесна дефиниција (вообичаена од XIX век наваму), Мешен не е откривач на ниедна од тие девет.

Оставнина

На 24 јуни 2002 г. во негова чест наречен е астероидот 21785 Мешен, откриен од чешкиот астроном Милош Тихи во опсерваторијата „Клет“ на 21 септември 1999 г. под привремената назнака 1999 SS2.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.