Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Геодезија — научна дисциплина која се занимава со мерење и прикажување на Земјата, нејзиното гравитациско поле и геодинамичките појави како што се: поместување на половите, плима и осека итн. Личностите кои професионално се занимаваат со геодезија се наречени геодети.
Може да се каже дека геодезијата е научна дисциплина која се занимава со премерувања на Земјината површина, внесување на податоците во катастарот и приказот на тие површини при изработка на карти и планови. Плановите и картите се изработуваат врз основа на податоците соберени на терен со помош на различни геодетски инструменти и различни методи на работа. Тие податоци овозможуваат сите објекти на поврѓината на земјата, испод неа и во воздухот, кои ја права содржината на планот или картата, го задржат својот облик и меѓусебната положба.
Картите и плановите имаат врвно значење за стопанските и општествените развивања на едно општество како и стратегиски развој за воени потреби. Исто така, картите овозможуваат запознавање со нашата, но и со другите земји. Географија не може успешно да се проучува без географска карта. Благодарение на нив се добива и јасна претстава за географската положба на поединчени земји и континенти. Без нив не би било возможно да се оствари организирана комуникација на луѓето и превозните средства. Нивното значење е големо и без нив, би било невозможно да се живее во современ свет.
Во геодезијата најмногу се мера аголните и линеарните величини. Со нивна обработка се доаѓа до различни податоци, како што се правоаголни координати и надморски височини на поединечни точки.
Оваа статија од областа на географијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.