Полски јазик
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Полски јазик (język polski, polszczyzna) — службен и национален јазик на Полска и е најголемиот јазик во групата на западнословенски јазици, а додека според популарноста од сите словенски јазици е на второ место веднаш зад рускиот. Развојот на полскиот јазик е независен и задржал поголем број од одликите на старословенскиот јазик. Јазикот има богата книжевност, преведена на сите светски јазици. Полскиот јазик се пишува со полската азбука, варијанта на латиницата.
Полски јазик | |
---|---|
język polski | |
Изговор | /pɔlski/ |
Застапен во | Полска и полската дијаспора. |
Говорници | 42,708,133 [1] |
Јазично семејство | индоевропски
|
Писмо | полска азбука |
Статус | |
Службен во | Европска Унија Полска Малцински јазик: ЧешкаСловачка Романија Украина |
Регулативен орган | Совет за полски јазик |
Јазични кодови | |
ISO 639-1 | pl |
ISO 639-2 | pol |
ISO 639-3 | pol |
Околу 97% од полските граѓани се изјасниле дека полскиот јазик им е мајчин јазик. Поради Втората светска војна, границите на Полска се промениле но не се пресликало на етничките полски територии. Прогонот и масакрирањето на полјаците за време на Војната го намалил бројот на етничките полјаци и демографската слика на Полска. Полските територии анектирани од страна на СССР после војната не овозможило значителен број на полјаци од тие територии да се отселат и мигрираат. Така, етнички полјаци има во Литванија, Белорусија и Украина.
Полјаци живеат и во: Аргентина, Андора, Австралија, Австрија, Азербејџан, Белорусија, Белгија, Бразил, Бугарија, Канада, Хрватска, Чешка, Данска, Естонија, Фарски Острови, Финска, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Израел, Исланд, Ирска, Италија, Казахстан, Летонија, Либан, Луксембург, Мексико, Холандија, Нов Зеланд, Норвешка, Јужноафриканска Република, Шведска, Перу, Романија, Русија, Србија, Словачка, Шпанија, Украина, Обединетите Арапски Емирати, Обединетото Кралство, Уругвај и САД.
Во САД, бројот на полјаци достигнува повеќе од 11 милиони, од кои повеќето не зборуваат полски многу добро. Според пописот во 2000 година во САД околу 667.414 американци се изјасниле дека дома зборуваат полски јазик и најмногу полјаци има во државите: Илиноис, Њујорк и Њу Џерси.
Полскиот јазик станал похомоген јазик во втората половина на XX век како резултат на миграцијата на полјаците од источниот кон западниот дел од земјата по анектирањто на Креси од страна на СССР во 1939.
Жителите од различните делови на Полска зборуваат стандарден полски јазик, иако помеѓу себе се разликуваат во одредени црти. Полјаците немаат проблеми при разбирањето на овие дијалекти, но тоа не е случај со странците кои го учат јазикот.
Поглавните групи на полските дијалекти се:
Полскиот има шест орални и две носни самогласки. Полскиот систем на согласки е посложен: карактеристично за овој јазик е постоењето на серија африкатни и непчани согласки, како последица на палатизацијата на старословенскиот јазик и како палатизација која се случила само кај полскиот и белорускиот јазик.
Полската азбука потекнува од латиницата, но користи дијакрити. Полскиот јазик развил свој правопис, различен од околните западнословенски јазици.
Голема буква |
HTML код |
Мала буква |
HTML код |
Име на буквата | Стандардна фонеска вредност |
Други фонетски вредности |
---|---|---|---|---|---|---|
A | a | a | [a] | |||
Ą | Ą | ą | ą | ą | [ɔɰ̃] | [ɔ], [ɔm], [ɔn], [ɔŋ], [ɔɲ], [ɔj̃] |
B | b | be | [b] | [p] | ||
C | c | ce | [t͡s] | [d͡z], [t͡ɕ] | ||
Ć | Ć | ć | ć | ci | [t͡ɕ] | [d͡ʑ] |
D | d | de | [d] | [t] | ||
E | e | e | [ɛ] | [e] после и помеѓу палатизирана согласка | ||
Ę | Ę | ę | ę | ę | [ɛɰ̃] | [ɛ], [ɛm], [ɛn], [ɛŋ], [ɛɲ], [ɛj̃] |
F | f | ef | [f] | [v] | ||
G | g | gie | [g] | [k] | ||
H | h | ha | [x] | [ɣ], [ɦ] (Шлеска) | ||
I | i | i | [i] | [i̯], тивка, (ја омекнува претходната) | ||
J | j | jot | [j] | [i] | ||
K | k | ka | [k] | [g] | ||
L | l | el | [l] | |||
Ł | Ł | ł | ł | eł | [w] | [ɫ] во стариот изговор и источните дијалекти |
M | m | em | [m] | |||
N | n | en | [n] | [ŋ], [ɲ] | ||
Ń | Ń | ń | ń | eń | [ɲ] | |
O | o | o | [ɔ] | |||
Ó | Ó | ó | ó | ó kreskowane | [u] | |
P | p | pe | [p] | [b] | ||
R | r | er | [r] | |||
S | s | es | [s] | [z], [ɕ] | ||
Ś | Ś | ś | ś | eś | [ɕ] | [ʑ] |
T | t | te | [t] | [d] | ||
U | u | u or u otwarte | [u] | [u̯] | ||
W | w | wu | [v] | [f] | ||
Y | y | igrek | [ɨ] | |||
Z | z | zet | [z] | [s], [ʑ] | ||
Ź | Ź | ź | ź | ziet | [ʑ] | [ɕ] |
Ż | Ż | ż | ż | żet | [ʐ] | [ʂ] |
Покрај стандардните букви, полскиот јазик користи и неколку диграфи:
Големи | HTML код |
Мали | HTML код |
Стандардна фонетска вредност |
Други фонетски вредности |
---|---|---|---|---|---|
Ch | ch | [x] | [ɣ] | ||
Cz | cz | [t͡ʂ] | [d͡ʐ] | ||
Dz | dz | [d͡z] | [t͡s], [d͡ʑ], [d-z] | ||
Dź | DŹ | dź | dź | [d͡ʑ] | [t͡ɕ], [d-ʑ] |
Dż | DŻ | dż | dż | [d͡ʐ] | [t͡ʂ], [d-ʐ] |
Rz | rz | [ʐ] | [ʂ], [r-z] | ||
Sz | sz | [ʂ] | [ʐ] | ||
Покрај тоа што полскиот јазик ги следи фонетските правила при пишување, некои гласови можат да имаат повеќе од една запишана форма:
Во некои зборови rz исто може да има звучна вредност [r-z]. Таква вредност има на пример во сите форми на глаголот zmarznąć (замрзне) и во некои зборови од странско потекло.
Еднина | Множина |
---|---|
ja – јас | my – ние |
ty – ти | wy – вие |
on – тој ona – таа ono – тоа |
oni – тие (група на мажи, со најмалку еден маж) one – тие (група на жени или група каде не се вклучени личности) |
|
|
Полски јазик | |
Писмо | латиница |
Пример | Прв член од „Декларацијата за човекови права“ |
Текст | Wszyscy ludzie rodzą się wolni i równi pod względem swej godności i swych praw. Są oni obdarzeni rozumem i sumieniem i powinni postępować wobec innych w duchu braterstwa. |
Македонски | Сите човечки суштествa се раѓaaт слободни и еднакви по достоинство и правa. Tиe се обдарени со разум и совест и требa да се однесувaaт еден кон друг во дуxот на општо човечкaтa припaдност. |
Портал: Јазици |
czas | време |
sekunda | секунда |
minuta | минута |
godzina | час |
dzień | ден |
doba | 24 часа |
tydzień | седмица |
dwa tygodnie | две седмици |
miesiąc | месец |
rok | година |
dziesięciolecie / dekada | декада |
wiek / stulecie | век |
tysiąclecie | милениум |
styczeń | јануари |
luty | февруари |
marzec | март |
kwiecień | април |
maj | мај |
czerwiec | јуни |
lipiec | јули |
sierpień | август |
wrzesień | септември |
październik | октомври |
listopad | ноември |
grudzień | декември |
bardzo zimno | многу ладно |
deszczowo | дождливо |
słonecznie | сончево |
mokro | мокро, влажно |
pochmurno | облачно |
wietrznie | ветровито |
sucho | суво |
gorąco | топло |
duszno | запурливо |
żar leje się z nieba | претопло |
wiosna | пролет |
lato | лето |
jesień | есен |
zima | зима |
dom | дом |
lotnisko | аеродром |
dworzec kolejowy | железничка станица |
dworzec autobusowy | автобуска станица |
sklep | продавница |
zamek | замок |
plaża | плажа |
miasto | град |
wieś | село |
kino | кино/ театар |
kościół | црква |
rynek | пазар |
więzienie | затвор |
poczta | пошта |
szkoła | училиште |
cmentarz | гробишта |
ulica | улица |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.