Remove ads
политичар From Wikipedia, the free encyclopedia
Перо Ивановски - Тиквар (Прилеп, 28 април 1920 - 28 јуни 2018 ) — македонски комунист, учесник во НОВ.[1] Бил учесник на Првото заседание на АСНОМ.
Ивановски е роден 1920 година во Прилеп. Уште како млад кожарски, па потоа и тутунарски работник ја почувствувал експлоатацијата и се вклучил во револуционерните раздвижувања на работништвото во кралска Југославија. Во 1936 година станал член на СКОЈ, а во 1938 година на КПЈ. По 1938 година станал секретар на Месниот комитет на КПЈ за Прилеп. Од септември 1940 до август 1941 година е организациски секретар на ПК КПЈ за Македонија. Во октомври 1940 година бил делегат на Петтата земска конференција на КПЈ. Во 1940 е сменет од ПК од страна на Методија Шаторов - Шарло, но кон крајот на истата година бил вклучен е во работата на МК КПЈ за Скопје, а набргу по расчистувањето со Шарло врши должности и во МК на ПШ на НОВ и ПОЈ за Македонија.
Во април 1942 Ивановски е уапсен од бугарската агентура кај селото Голозинци, Велешко. При апсењето се обидел да се самоубие, но не му успеало. Осуден е на 15 години робија. На 20 јуни 1944 година, заедно со Васил Ивановски, Димитрија Алексовски - Пекар и Никола Димитровски - Грчето, успева да избега од затворот „Идризово“[2] и веднаш се приклучува во Третата македонска (кумановска) бригада. Потоа, до 25 септември 1944 година е политички комесар на 11 бригада,[3] па на 42 бригада завршно со 48 дивизија на НОВ и ПОМ.[4] Пишувал за органот на НОФ за Македонија, „Илинденски пат“.
По Ослободувањето работел во ОЗНА, а потоа раководел крупни стопански организации (директор на ФАС „11 Октомври“ и на Железарницата во Скопје).[5] Од 1967 до 1973 година бил претседател на Извршниот одбор на Комерцијална банка.[6]
На 10 окотомври 2014 година, Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, го одликува Перо Ивановски - Тиквар со „Орден за заслуги за Македонија“, а поради „неговиот исклучителен придонес во остварувањето на вековниот стремеж на македонскиот народ за слобода и зачувување на својот идентитет и создавање на сопствена, самостојна, суверена и демократска држава.“ Архивирано на 28 ноември 2018 г. Претседателот Иванов истакна дека „учесниците на Првото заседание на АСНОМ се основоположниците на македонската државност. Пред 70 години беа шеесетмина, а денес остана само еден. Денес имаме чест да му се заблагодариме на последниот учесник на АСНОМ кој е меѓу нас и еден од основоположниците на Македонија, Петар Иваноски – Тиквар".
Примајќи го високото одликување, Ивановски - Тиквар истакна:
„На утрешниот ден [11 октомври] во 1941 година се сврте македонскиот народ и му викна на окупаторот не ве сакаме. Од тој ден, од тоа не ве сакаме поминаа многу тешки денови, месеци и години дури не се создадоа услови да дојде денот да се свика Собранието на АСНОМ на кое се донесе решение за државност. Сите очекувавме дека Панко Брашнаров сериозно ќе го отоври Собранието и ќе зборува за тешките и мачни одлуки кои треба да се донесат. Но, тој имаше визија за Македонија и ни кажуваше каква ќе биде во иднина. На тој начин помогна полесно да се усвојат решенијата кои беа приготвени за да го добиеме тоа што другите го имаа, а ние го немавме – државноста.“ Архивирано на 28 ноември 2018 г.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.