Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Илинденски пат бил орган на Народноослободителниот фронт на Македонија, прво месечно централно списание од времето на НОБ. Се печател во Дебрца, с. Ехлоец, Кичевско и Штип од март до август 1944 година.[1] Било покренато од ЦК на КПМ и Главниот штаб на НОВ и ПОМ во Дебрца, кон крајот на 1943 година, но излегувањето било спречено од германската офанзива. Првиот троброј бил отпечатен во Дебрца, бр. 4 и двобројот 5 и 6 (од кој не е зачуван примерок) во с. Ехловец, Кичевско, а двобројот 7 и 8 (јули и август 1944) во печатницата „Илинден“ во Штип. Првите шест броја биле умножени во мал број примероци на циклостилната техника на Главниот штаб на НОВ и ПОМ, а потоа, според потребите, биле препечатувани од техниките на обласните комитети на КПМ.
Редакцијата ја сочинувале Страхил Гигов, Васил Ивановски и Веселинка Малинска, а кратко време и Кочо Рацин. Автори на текстовите биле Бане Андреев-Ронката, Љупчо Арсов, Диме Бојановски-Дизе, Васил Ивановски, Перо Ивановски-Тиквар, Венко Марковски, д-р Кирил Миљовски, Мара Нацева, Лилјана Чаловска, Емануил Чучков и други.[2]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.