From Wikipedia, the free encyclopedia
Нетјеркаре Сиптах (исто така Неитикерти Сиптах и можеби легендарната фигура Нитокрис) бил антички египетски фараон, седмиот и последен владетел на Шестата династија. Сепак, некои научници го класифицираат како прв крал на Седмата или Осмата династија.[2] Како последен крал на 6-та династија, Нетјеркаре Сиптах според некои египтолози е последниот крал од периодот на Старото кралство.
Netjerkare Siptah | ||||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Неитикерти Сиптах, Нитокрис, Сиптах I, Нетјеркаре | ||||||||||||||||||||||||||||||||||
Картуш на Нетјеркаре во Кралски список од Абидос. | ||||||||||||||||||||||||||||||||||
Фараон на Египет | ||||||||||||||||||||||||||||||||||
Владеел | околу 3 години, 2184–2181 п.н.е.[1], 6-та династија или 8-ма династија | |||||||||||||||||||||||||||||||||
Претходник | Меренре Немтиемсаф II | |||||||||||||||||||||||||||||||||
Наследник | Менкаре (Осма династија) | |||||||||||||||||||||||||||||||||
Владетелски звања
|
Нетјеркаре Сиптах кратко владеел на почетокот на 22 век п.н.е., во време кога моќта на фараонот се распаѓала, а на локалните номарси се зголемувала. Иако бил маж, Нетјеркаре Сиптах е најверојатно иста личност со женскиот владетел Нитокрис споменат од Херодот и Манетон.[3]
Името Нетјеркаре е испишано на 40-тиот влез од Кралскиот список од Абидос, кралски список изработен за време на владеењето на Сети I. Нетјеркаре е веднаш по Меренре Немтиемсаф II на списокот.[2] Нетјеркаре е потврден и на една бакарна алатка со непознато потекло, што сега се чува во Британскиот музеј.[4] Името Неитикерти Сиптах е испишано на Кралскиот список од Торино, во 5-та колона, 7-ми ред (4-та колона, 7-ми ред во реконструкцијата на списокот од страна на Гардинер).
Во своите „Истории“, грчкиот историчар Херодот наведува легенда според која египетската кралица Нитокрис се одмаздила за убиството на нејзиниот брат и сопруг од толпа при немири. Таа го пренасочила Нил за да ги удави сите убијци за време на банкетот каде што биле собрани.[2] Оваа приказна е исто така спомената од египетскиот свештеник Манетон, кој напишал историја на Египет наречена Египтијака во 3 век п.н.е. Манетон пишува за Нитокрис дека таа била „... похрабра од сите мажи на своето време, најубава од сите жени, со светла кожа со црвени образи“. Манетон ѝ ја припишува изградбата на Пирамидата на Менкауре.[5] Иако убиениот крал не е именуван од страна на Херодот, Нитокрис следи веднаш по Меренре Немтиемсаф II кај Манетонн. Бидејќи кралот што го следи Меренре Немтиемсаф II во кралскиот список од Абидос е „Нетјеркаре“, германскиот египтолог Лудвиг Штерн во 1883 година предложил дека Нетјеркаре и Нитокрис се иста личност.[3][6]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.