From Wikipedia, the free encyclopedia
Менкаре бил древно египетски фараон, прв или втор[1] владетел на Осмата династија. Менкаре веројатно владеел кратко време на преминот помеѓу Старото кралство и Првиот преоден период, во почетокот на 22 век п.н.е.[2] Брзото наследување и краткото владеење во тоа време укажуваат на времиња на тешкотии, кои можеби се поврзани со широко распространетата аридизација на Блискиот Исток, позната како суша од 22 век п.н.е.. Како фараон на Осмата династија, според Манетон, седиштето на Менкаре би било Мемфис.
Менкаре | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Картуш на Менкаре од кралскиот список од Абидос. | |||||||||||||
Фараон на Египет | |||||||||||||
Владеел | Кратко, околу 2181 г. п.н.е., Осма египетска династија | ||||||||||||
Претходник | Нетјеркаре Сиптах | ||||||||||||
Наследник | Неферкаре II | ||||||||||||
Владетелски звања
|
Единствениот сигурен историски извор за постоењето на Менкаре е кралскиот список од Абидос, список на кралеви запишан за време на владеењето на Сети I за верски цели, и кој денес служи како примарен историски извор за кралевите од првиот Првиот преоден период. Титулата Менкаре се појавува на 41 место на списокот. Друг кралски список кој бил уреден за време на Деветнаесеттата династија, Торинскиот канон, можеби го наведува и Менкаре. За жал, делот од папирусот е уништен на местото каде што името на Менкаре би требало да биде наведено.[3]
Гробот на кралицата Неит во Јужна Сакара има релјеф што ја покажува кралицата пред оштетен кралски картуш.[4] Египтологот Перси Њубери смета дека картушот треба да се прочита Менкаре, што на тој начин ќе биде единствената потврда за овој крал од негово време што преживеала до ден-денес.[5] Ова мислење го дели Гае Календер, кој ги преиспитал плочите на натписот.[6]
Друга можна потврда за постоењето на Менкаре, иако не е од неговото време, е цилиндричен печат направен од стаклен стеатит, кој сега се чува во Британскиот музеј под каталшки број 30557 и на кој го има текстот „Добриот Бог, Господар на двете земји, Менкаре“.[7][8] Печатот датира од 26-та династија, околу 1700 години по смртта на Менкаре. Малку е веројатно овој печат да е посветен на Менкаре, со оглед на тоа што Менкаре е прилично нејасен крал, па некои научници наместо тоа посочиле дека печатот има грешка и всушност се однесува на познатиот фараон Менкауре, градителот на третата пирамида во Гиза.[2]
Во една стара хипотеза, египтологот Флиндерс Петри сугерирал дека Менкаре треба да биде изедначена со кралицата Нитокрис, легендарна личност што се појавува во историјата на Херодот и на Манетон, и за која се верува дека живеела во времето на Менкаре. Петри ја засновал својата хипотеза на фактот дека Манетон ја наведува Нитокрис како заслужна за изградбата на третата пирамида во Гиза. Бидејќи оваа пирамида всушност била изградена од Менкауре, Петри претпоставувал дека Манетон е жртва на традиција која ги меша Менкаре и Менкауре.[9] Слично на тоа, печатот би бил уште една манифестација на ваквата конфузија. Меѓутоа, со модерните анализи на Торинскиот канон, хипотезата на Петри била целосно оспорена, а сега познато е дека Нитокрис потекнува од имињата на вистински владетел, Нетјеркаре Сиптах.[3]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.