From Wikipedia, the free encyclopedia
Меренре Немтиемсаф II бил египетски фараон, шести и претпоследен владетел на 6-та династија. Тој владеел 1 година и 1 месец во првата половина на 22 век п.н.е., на самиот крај од периодот на Старото Кралство. Немтиемсаф II најверојатно се искачил на престолот како старец, наследувајќи го неговиот долговечен татко Пепи II Неферкаре во време кога моќта на фараонот се распаѓала.
Меренре Немтиемсаф II | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Ментесуфис (Африкан според Манетон), Антиемсаф | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Картуш на Меренре Немтиемсаф II од Кралски список од Абидос. | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Фараон на Египет | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Владеел | 1 година и 1 месец, 2194 п.н.е.,[1] 2184 п.н.е.,[2][3][4] 2180 п.н.е.,[5] 2152 п.н.е.,[6], 6-та династија | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Претходник | Пепи II Неферкаре | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Наследник | Неитикерти Сиптах | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Владетелски звања
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Татко | Пепи II Неферкаре | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Мајка | Неит, сопруга на Пепи II[7] |
Меренре Немтиемсаф II е потврден на 4-та линија, колона 6 од канонот од Торино, кралски список од раниот период на 19-та династија. Иако неговото име е изгубено во канонот, времетраењето на неговото владеење сè уште може да се прочита како 1 година и 1 месец, по владеењето на Пепи II Неферкаре.[8] Немтиемсаф II е потврден и на 39-от влез на Кралскиот список од Абидос, што датира од времето на владеењето на Сети I и претставува еден од најдобро зачуваните историски записи од крајот на Старото Кралство и почетокот на Првиот среден период. Кралскиот список од Абидос е единствениот документ каде Немтиемсаф II го носи кралското име Меренре. Подоцнежен историски извор, исто така, го содржи името на Немтиемсаф II: тој е спомнат во Египтјака на Манетон, историја на Египет напишани во 3 век пред нашата ера. Манетон му го дава името Ментесуфис на Немтиемсаф II, и му припишува една година владеење.[1]
Само за еден артефакт од негово време се знае со сигурност дека му припаѓа на Немтиемсаф II. Станува збор за оштетена лажна врата испишана со Са-несу семсу Немтиемсаф што значи „Постариот син на кралот Немтиемсаф“, откриена во близина на местото на пирамидата на Неит, полусестра и кралица на Пепи II, и најверојатно мајка на Немтиемсаф II.[7][8] Како што укажува епитетот „постариот син на кралот“, овој натпис е направен пред стапувањето на Немтиемсаф на престолот, кога тој бил наследник, и исто така покажува дека го носел ова име пред да стане фараон. Вториот артефакт можеби му припаѓал на Немтиемсаф II: декрет за заштита на погребните култови на кралиците Анкесенпепи I и Неит, откриен во погребниот храм на кралицата Неит.[9][10] Ако овој декрет навистина бил издаден од Немтиемсаф II, неговото Хорово име ќе беше С [...] тави што значи „Оној што ги предизвикува двете земји...“.
Немтиемсаф II го наследил неговиот татко Пепи II по неговото екстремно долго владеење, за кое се верува дека е од 64 до 94 години. Ништо не е познато за одредени активности на Немтиемсаф, но тој најверојатно морал да се соочи со колапс на кралската моќ и подемот на провинциските номарси. Помалку од 3 години по неговата смрт, завршил периодот на Старото Кралство и започнал хаосот од Првиот среден период. Немтиемсаф II веројатно започнал пирамида за себе и, ако е така, најверојатно би била во Сакара,[8] блиску до онаа на неговиот татко.[11]
Во своите „ Истории“, грчкиот историчар Херодот заведува легенда според која египетската кралица Нитокрис се одмаздила за убиството на нејзиниот брат и сопруг од страна на бунтовничка толпа, наводно Немтиемсаф II, со тоа што ги удавила сите негови убијци за време на банкетот каде таа ги собрала. Сега се знае дека името „Нитокрис“ е резултат на мешање и изобличување на името на вистинскиот машки фараон, Неитикерти Сиптах, кој го наследи Немтиемсаф II.[12]
„Меренре Немтиемсаф II“ на Ризницата ? |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.