Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Сакара (арап. سقارة) е местото на древни гробишта во Египет, каде се наоѓа најстарата скалеста пирамида во светот (29.871264° СГШ; 31.216381° ИГД). Се наоѓа на околу 30 километри јужно од денешен Каиро и зафаќа површина од 7 х 1,5 км.
Додека Мемфис бил главен град на древниот Египет, Сакара била негова некропола. Иако ја засениле кралските гробови во Гиза, а подоцна и во долината на кралевите во Теба, Сакара останала важна комплекс за помали погреби и церемонии на различни култови над 3.000 години, сè до птоломејските и римските времиња.
Скалестата пирамида во Сакара била изградена од Имхотеп за фараонот Џосер (околу 2667-2648 г. п.н.е.). Тоа е најстарата целосно сочувана камена зграда.
Музејотот на Имхотеп неодамна беше отворен на оваа локација (2006 година).
Иако најстарите гробови на благородништвото во Сакара датираат од времето на Првата династија, сепак првите кралеви кои таму биле закопани биле од Втората династија, меѓу кои Хотепсехемви и Нинечер.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.