Remove ads
музеј во Крушево From Wikipedia, the free encyclopedia
Музејот на Илинденското востание и Крушевската Република ― музеј кој се наоѓа во Крушево, Македонија. Куќата е заведена како Културно наследство на Македонија под називот Куќа во која е прогласена Крушевската Република, ул. „Таки Бербер“ бр. 44а.[1] Музејот е под јурисдикција на Историскиот музеј - Крушево. Музејот е сместен во староградска куќа која датира од 19 век и припаѓала на браќата Наум Томалевски и Ѓорги Томалевски.[2] Ова била куќата во која во 1903 година била прогласена Крушевската Република.[3][4]
Музејот во 2022 година | |
Грешка во Lua во package.lua, ред 80: module 'Module:Infobox dim' not found | |
Основан | 2 август 1953 година |
---|---|
Место | ул. Таки Бербер бр. 44а Крушево, Македонија |
Тип | Историски музеј |
Томалевска куќа Куќа на Илинденското востание и Крушевската Република | |
---|---|
Куќата во периодот 1903-1908 | |
Општи податоци | |
Стил | Староградска архитектура |
Сопственик | Историски музеј - Крушево (денес) Семејство Томалевски (порано) |
Технички податоци | |
Катови | 2 |
Тука се сместени изворни експонати од оружје, карти, фотографии со што хронолошки се изнесени настаните поврзани со илинденската епопеја.[3]
Музејот бил отворен на 2 август 1953 година по повод 50-годишнината од Илинденското востание и Крушевската Република. Во музејот се изложени оригинални фотографии од членовите на Привремената влада, Советот и востанички чети, карти, предмети со кои се служеле Никола Карев, Питу Гули, макети, текстови, Крушевскиот Манифест,[4] Одзивот на Илинденското востание и Крушевската Република во странскиот печат, циферблатот на црквата „Св. Никола“ опожарена за време на задушувањето на востанието. Тука се и податоците за големите човечки и материјални штети кои му биле нанесени на градот од страна на османлискиот аскер.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.