Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Наум Томалевски-Лоенгрин (14 април 1882 - 2 декември 1930) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член на Македонската револуционерна организација и Внатрешната македонска револуционерна организација, Расколот во ВМРО бил приврзаник на протогеровистите.
Томалевски се поистоветувал со витезот Лоенгрин — јунак од средновековните германски легенди, чувар на Светиот грал, кој за него претставувала Македонија.[1]
Томалевски е роден на 14 април 1882 година во Крушево, тогаш во Отоманското Царство. Негов брат е писателот есеист Георги Томалевски. Томалевски во 1901 година е ученик во Битолската егзархиска гимназија таму се приклучил во Македонската револуционерна организација. Прогонуван од властите, бега во Софија, каде што го завршува своето образование. Пишува во весникот „Дело“. Во 1902 година е учител егзархиското педагошко училиште во Скопје.
Во 1903 година учествува во Илинденското востание. Во домот на неговите родители (денес Музеј на Илинденското востание и Крушевската република) во Крушево се прогласува Крушевската република. Станува учител во Крушево во 1904 година, каде што е член на околискиот комитет на МРО и работи за обнова на револуционерната организација. Прогонуван од властите, Томалевски повторно бега во Бугарија каде што учителствувал во Ораховско и Белослатинско.
Завршува филозофија во Женева и Фрибур. Во Првата светска војна завршува школа за резервни офицери во Софија и е назначен за бугарски градоначалник на Крушево за време на бугарската окупација на Македонија во текот на Првата светска војна.
На 3 февруари 1920 година заедно со Тодор Александров, Александар Протогеров, Иван Каранџулов, доктор Никола Стојанов, Георги Баждаров, Михаил Монев, Аргир Манасиев и други учествува на седницата на која се донесува одлука за возобновување на четничката дејност во Вардарска и Егејска Македонија. Бил испратен од ВМРО на специјална мисија во Западна Европа. Наум Томалевски е меѓу членовите основачи на Македонскиот научен институт. Од основањето на ВМРО до 1928 година е член на Задграничното претставништво заедно со Кирил Прличев и Георги Баждаров.
Томалевски пишува во весникот „Народност“ (1918 - 1919), „Вардар“, „Македонија“, „Неделна зора“. Дел е од редакцијата на списанието „Македонија“. Во јануари 1924 година, Александар Протогеров и Наум Томалевски се среќаваат во Лондон со Стјепан Радиќ, за заедничка активности на ВМРО и хрватската опозиција. Заедно со Георги Баждаров и Јордан Ѓурков прават турнеја во Европа во мај 1925 година, во Австрија успешно договараат заеднички дејствија против Југославија со австрискиот министер за одбрана, унгарскиот премиер и со претставници на италијанската влада.
По убиството на Александар Протогеров во 1928 година Томалевски застанува на страната на протогеровистите. Иван Михајлов издава наредба за убиство на Томалевски. На 2 декември 1930 година Томалевски и неговиот телохранител се убиени од Владо Черноземски и Андреј Манов на ул. „Руен“ бр. 23 — домот на Томалевски.
Неговиот син е истакнатиот архитект Богдан Томалевски кој делувал во Бугарија.[2]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.