Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Маслено сликарство — процес на сликање со помош на пигменти поврзани и измешани со медиум од масло за сушење како врзивно средство[1].
Најчесто се користат суви масла како што се: ленено масло, афионово масло, масло од орев и масло од шафран. Изборот на масло ѝ дава на маслената боја голем број разновидни својства, како на пример времето за пожолтување и сушење. Некои од разликите, во зависност од маслото, се гледаат и во сјајот на боите. Уметникот може да користи неколку различни масла на истата слика во зависност од пигментите и ефектите што ги користи. Самите бои исто така се преобразуваат и развиваат одредена конзистентност во зависност од околината. Маслото може да се вари со смола, како што е боровата смола или темјан, за да се создаде лак кој што има добра покриеност и сјај.
Иако маслената боја за првпат била користена во будистичките слики од индиски и кинески уметници некаде помеѓу петтиот и десеттиот век, но, вистинска масовност и популарност масленото сликарство добива во 15 век. Неговата употреба се раширила во Европа за време на средниот век. Маслена боја станала главната алатка што се користела во создавањето уметнички сликарски дела, а нејзините придобивки станале насекаде познати. Неговата употреба во Европа започнала со ранохоландското сликарство во Северна Европа, а во средината на ренесансната темперарна боја била заменета скоро целосно со маслената во поголемиот дел од Европа[2].
Традиционалните техники на сликање со масло опфаќаат повеќе етапи во изработката на сликата, платното, кое е најчесто исткаено од лен - најпрво се изработува скица која е основната контура на мотивот изведен со цртеж со јаглен или растворена и разредена боја.
Маслената боја обично се меша со ленено масло, или други разредувачи како што е терпентинот за да се овозможи бојата да биде потенка, или за да може побрзо или побавно да се суши. (Бидејќи овие растворувачи го раствораат маслото во бојата, тие можат да се користат и за чистење на четки за боја). Основното правило за сликање масло е „маст на суво“, што значи дека секој дополнителен слој на боја мора да содржи повеќе масло од долниот слој за да може правилно да се исуши. Ако секој дополнителен слој на боја содржи помалку масло, сликата ќе испука со време и ќе се излупи. Ова правило не гарантира и издржливост. Ова зависи од многу добар квалитет и вид на маслена боја, што доведува до издржлив слој. Постојат многу други лекови кои можат да се користат со маслото, вклучувајќи ладен восок, разни смоли и лакови. Овие дополнителни алатки можат да му помогнат на уметникот да ја прилагоди транспарентноста, сјајот, густината на бојата, како и можноста бојата да се залепи за подлогата или да се разреди скоро до акварелна транспарентност.
Маслената боја се нанесува на површината на сликата со помош на четки, но и со шпакли или парчиња текстил. Маслената боја останува свежа подолго време, што му овозможува на уметникот да го промени колоритот, текстурата и обликот... Уметникот исто така може да отстрани цел слој на бојата и да започне повторно. Ова може да се направи со крпа и терпентин додека бојата е свежа. Маслената боја се суши со оксидација, а не со испарување и обично е сува на допир по две недели (некои бои се сушат за неколку дена). Лакирањето на сликата се врши најчесто шест месеци до една година по нејзиното завршување[3].
Темперната боја била пигмент измешан со жолчка од јајце. Таа се користела во цела Европа. Маслената боја според одредени историски податоци била употребена и користена најпрво во Авганистан која најверојатно доаѓа од Исток, Индија и Кина. Во средниот век таа се раширила особено во Западна Европа. Нејзината употреба набрзо станала доминантна поради особините и својствата што ги содржела: трајност, издржливост, поинаков колористички и тонски распон во сликањето, како и можноста за постигнување на одредено прекршување на светлината што им давало повеќеслојност односно длабочина на насликаните мотиви.
Според повеќето извори од ренесансата, а особено од историчарот Васари, употребата и пронаоѓањето на маслените бои на дрвена подлога биле препишувани на северноевропските уметници од 15 век, а особено на Јан ван Ејк. Покрај тоа, Презвитер Теофил, исто така, дал јасни упатства за сликање на масло во неговиот трактат „За различни уметности“, напишан во 1125 година. Во овој период, маслото се користело во вајарството, како и резбарството врз дрвени елементи. Ранохоландското сликарство, преку уметниците како Ван Ејк и Роберт Кампин во 15 век, било првото што го направило масленото сликарство во кое се откриле својствата на неговите богати слоеви и глазури.
Раните маслени слики биле создавани со употреба на дрвена подлога, но на крајот од 15 век платното (платно растегнато на дрвена рамка) станало масовно употребувано затоа што било поевтино, полесно за носење, погодно за поголеми формати и не барало комплексни прелиминарни подлоги како гесо слој - вид малтер. Во овој период, Венеција, која била една од најразвиените средини, меѓу кои и производство на квалитетно платно, ќе придонесе за речиси целосно заменување на дрвената подлога со платнена. Популарноста на маслените бои брзо се проширила и во Италија, токму поради тоа, најпрво во Венеција кон крајот на 15 век. До 1540 година, претходниот метод на сликање со темпера бил целосно заменет со масленото сликарство[4].
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.