From Wikipedia, the free encyclopedia
Пол Сезан (француски: Paul Cézanne; 19 јануари 1839 – 22 октомври 1906) — француски постимпресионистички уметник чие творештво претставуваат фондација на преодот од уметничкиот стил користен во XIX век во радикално поинаквиот стил на XX век. Може да се каже дека Сезан прави мост помеѓу импресионизмот на доцниот XIX век и кубизмот на раниот XX век. Фактот дека и Матис и Пикасо рекле дека Сезан „...ни е татко на сите нас...“ не може лесно да се потцени.
Пол Сезан | ||
Роден | Paul Cézanne 19 јануари 1839 Екс ан Прованс, Франција | |
---|---|---|
Починал | 22 октомври 1906
Екс ан Прованс, Франција од пневмонија | |
Занимање | сликар | |
Сопружник | Ортоос | |
Татко | ||
Родители | Луј-Август Сезан и Ан-Елизабет Онорин Обер |
Творештвото на Сезан демонстрира одлично чувство за дизајн, боја, композиција и цртање. Неговите удари со четка се повторувачки, чувствителни, истражувачки и лесно се препознаваат како негови. Сезан користел рамнини со боја и мали удари за да оформи сложени полиња кои понекогаш биле одраз на сензацијата која што ја добиваме во нашите очи, а друг пат биле одраз на апстрактна верзија од она што го гледаме во природата. Сликите на Сезан покажуваат дека Сезан длабоко ги студирал своите предмети и дека се измачувал со комплексноста на човековото ликовно восприемање.
Сезан е роден на 19 јануари 1839 г. во Екс ан Прованс, еден од најјужните региони во Франција. Прованса е географски разновиден регион и се состои од неколку седиментни висорамнини и планински венци на исток од долината на реката Рона. Климата е жешка и сува во лето, а студена во зима. Регионот има делови со ниска надморска височина па сè до мошне високи планински врвови. Планинските делови се покриени со борови шуми. Овие одлики на природата можат да се видат во делата на Сезан. Низ неговиот живот, Сезан развил силна љубов кон природата на Прованс и таа станала еден од главните предмети во подоцната фаза на неговото сликање.
Од 1859 до 1861 година Сезан студирал право во Екс а истовремено земал часови по сликање. И покрај противењата на татко му, тој се посветил на уметностата и од Екс со неговиот близок пријател Емил Зола се упатил кон Париз во 1861 година. По некое време, татко му се смирил со Сезан и го поддржал неговиот избор за кариера. По смртта на неговиот татко, Сезан добил поголемо наследство кое му овозможило да живее комфортен живот.
„Пол Сезан“ на Ризницата ? |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.