From Wikipedia, the free encyclopedia
Пабло Пикасо, формално Пабло Луис Пикасо (Малага, 25 октомври 1881 — Мужен, 8 април 1973 ) — шпанско-француски сликар, кој се смета за еден од најголемите мајстори на сликарството во XX. век. Заедно со Жорж Брак, тој е најпознат како основач на кубизмот. Посебно место во неговиот уметнички опус заземаат композициите „Госпоѓиците од Авињон“, „Герника“ и големата ѕидна слика во палатата на УНЕСКО во Париз.
Работата на Пикасо често се категоризира во неколку периоди: Син период, Розов период, период под влијание на африканската уметност, аналитичкиот кубизам и периодот на синтетичкиот кубизам. Се тврди дека неговото најпознато дело е описот на бомбардирањето на Герника во Шпанија. Герника ги претставува нехуманоста, бруталноста и безнадежноста на војната. Сликата многу години била изложена во Музејот на современа уметност во Њујорк. Пикасо не дозволувал сликата да се врати во Шпанија сè додека таму повторно не биде воспоставена демократијата. Во 1981 година, сликата „Герника“ била вратена во матичната земја и, од 1992 година, таа е една од главните атракции на Мадридскиот музеј Reina Sofia.
Пикасо умрел во својата вила, во малото место Мужен, на француската ривиера.
Пикасо многу се соживеал со скопската трагедија од земјотресот во 1963 година и со солидарната акција за собирање уметнички дела. Тој меѓу првите се огласил, испраќајќи ја својата позната слика „Глава на жена“, која е изложена во Музејот на современата уметност. Од 19 февруари до 16 март 2016 година, во Младинскиот културен центар во Скопје биле изложени 46 графички дела на Пикасо - факсимили на цртежи, литографии и гравури, создадени од 1932 до 1969 година. На изложбата биле прикажани графики од три мапи: „Двојна флејта“, која содржи 16 литографии од периодот меѓу 1932 и 1955 година; мапата „Фауна и флора од Антиб“, со девет литографии и; мапата „Цртежите на Пикасо“, со 16 факсимили на цртежи од периодот 1942-1946 година.[1]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.